Им велам на децава : Јас : - Ајде на спиење , касно е веќе . Синко : - Ја ќе ѕемем мече . Многу мечиња . Две за мене и две за Алецтанда ( ја ќе земем мече . Многу мечиња . Две за мене и две за Александра ) . Јас : - Па земи две само , едно за тебе едно за дада . Нема да ве бере со по две . Синко : - Е да бе , немауо да не беуе , па не цмо мие дебеуи како тебе и тато ! ( е да бе , немало да не бере , па не смо ние дебели како тебе и тато ) . Ме насмеа
Опасни се и двајцата . Ова малово па , кај е ко пајаче , само зборува . Исти се со брат и . Кај едното таму другото зошто да ти недостасува , сигурно можеш да си зборуваш тетовски по дома па дури и да не живееш во Мк . Ајдес ќе си помуабетиме во темата " да зборуваме на дијалект " или слично на ова беше
Ги учиме страните на светот, ги научи што ги научи и сега и објаснувам на исток- изгрева сонцето ,на запад-заоѓа,на југ е најтопло ,на север е ладно.такааааааа ми вика да и викам кажи ми каде е најтопло ? па на сонце бе мама! хаххахахахах уште се смеам на овој логичен одговор. иначе има 2 години и 7 месеци.
1. Му кажав на син ми дека цвеќето што го набра се вика вртипоп. И по некое време во кола ми вика -Мамо каде ми е спининдог? Додека сфатив што ме прашува... 2. Земал син ми еден градник од мене и оди по малата и и вика: Hey baby, this looks perfect for you. И пробува да и го облече одназад на грбот. (Ова поодамна беше).
Мм ми подари обетки а на ќерка и го дадов, кутивчето И нели има сунѓерче на кое стојат обетките. И таа го вади и вели:Тато и купил на мама тоа црно што се мијат садови
Учат со татко и што е овошје а што зеленчук. Значи што е краставицата??? Зеленчук. Даааа А што е патлиџанот Црвенчук Хахаххаа
Се шетаме со комшика и нашиве дечиња и двајцата некој месец до 3 години. И малиот на комшиката падна од точачето на синчево мое и се удри на стомачето и комшикава зема го соблака за да види да не има нешто на стомачето, а носеше гаќи + боди и мораше и надоле да му ги спушти тренерките. А тука стојат блиску девојчиња и други деца и малово не не не вика (се срамел кажува на мајка му), ама сепак го соблече и се врти мојов и му вика: Абе ајде чисти ти се гаќите Ова му е дека јас кога го учев за мочкање му викав ако моча ке му се смеат другите
Хаххааха ова ме потсети и на малава моја... Пред некој ден играме со топка во дворот и кога и ја подадов топката и викам: Ајде, тебе ти е ред. И сега таа ми ја подава мене и ми вика: А тебе ти е јелоу. И во право беше, топката беше стварно жолта
Каде е дугото роботче на блатот на сестла му )) У ствари сакаше да праша каде е другата иста таква играчка што ја има во друга боја Морам да и ги запишувам бисериве, има еден куп ама не можам да се сетам
Sonceto more sekoj den me smee.Sabajle dodeka gotvev,ja slusam nesto zboruva ja tel. Ja prasuvam:Mani so kogo zboruvas,a taa ladno: So bekala(bekjara,decko na kuman) I velam kako se vika,I taa pa ne nam,zabravi da ga prasam I ona so tvrdo r,cirkusi
јас не се кажува јас ти помогнувам ,туку јас ти помагам , керка ми неможам мама мала ми е устата затоа така ти кажувам . јас мајко света хахахаххахаха
Ќерка кака на нокшир. Станува. Вика напрајв лајно, сукало, торта, слатко . Тулумба и велам и таа по мене Тулумба . Кај и текна сите да ги нареди.
Имам едно огледалце мало со ликот од Тоше Проески позади. Кога ќе ја прашам малата што е тоа ми вели огледало (ако е свртено од страната на огледалото), а ако е свртено наопаку било "дедо ми да влезе" Да знаеше што е тоа дедо можеби немаше толку да се зачудам, вака ми е тотална мистерија што ли може да има на другата страна од огледалцето.
1. Брат и и вика: кажи ми некој број, она : некој бој; он пак: не така број некој кажи, она: некој бој, абе не така кажи некој број 1,2,3.... она му вика: 1, 2, 3; почнува големиов да се нервира и и вика не така ти да кажеш некој број од 1 до 10, она одговара: бато ај не ми нелвилај 2. Мама ти се плавиш љута кога ние ногу влескаме дете ако не ти ја залепи нема кој
Мојов на англиски кога брои... Уан Ту Три Фор Фајв Секс Упорно Сикс му викам, он пак Секс кога брои вика
Божиќни бисери од син ми: Паричето се паднало во куќичката, кај него и кај сестра му (додека кршевме им вметнав да се радуваат), а немале парички мама, тате и Господинот (Господ). По некое време Господинот стана Гостинот. Го гледа Мистер Бин со двоглед и ме прашува: -Мамо каде ми е моето двогледало?
Внуката на мм за минатиот велигден ни беше на гости. Дента кога ги фарбав јајцата, ги фарбав со седефна боја -Она: како ги праиш јајцава? -Јас: седефни -она: седеше и ги праеше?