Беше период после развод, и со ќерката седевме и и објаснувам дека сега мама нема да живее со неа, ќе има маќеа... И таа вика -Ако биде оса ќе тулнам во пецката (ако биде лоша ќе ја турнам во печката) И ние се смееме, и она се врти накај маќеата и вика -Не те тмеј, ствално тулнав во пецката (не се смеј, стварно ќе те турнам во печката) Сме се изнасмеале. Сега мора да пази, зашо ќе лета во печката
И викам на малава дека ми недостига брат и дека сакам и него да го гушкам а не само неа, се буни плаче па заборави. После некое време доаѓа и ми вика "мама да ти шепнам несто, и ми шепка на увце-, ти се заљуби во бато??" Преска играат нешто со брат и демек скришно од нас, и и викам што глупост планираш да направиш "ама мама нема да кажувам ништо образно на бато" Морам да и ги запишувам да не ги заборавам
Додека бевме дечко и девојка со мм, доаѓав за викенд кај него. И едно утро доаѓа свекрва ми и ми вика комшивчево(4-5г.имаше) е тука, ќе те праша дали спиеше тука, кажи и не... И океј слегувам долу со измиена коса собрана во крпа и ми вика : Ааа Игрит ти тука си? Тука спиеше... И ѝ одговарам: не ма, сабајлево дојдов .... И ми враќа : Е ако си дошла сабајле од дома ти, зш дома ти не си ја изми косата, туку овде им трошиш вода?! Свекрва ми и мм се згазија од смеење. Закон е, сега веќе е тинејџерка, ама уште е, што на ум - то на друм..
Малата ме прашува: - Мамо кои животни имаат пердуви? Одговарам: - Птиците. И големиот ме дополнува: - И перниците!
Му викам на мали мамичка кога ќе одиш во градинка што ќе правиш со децата? -ќе гледаме цртани и ќе пиеме вода.
Ми вели синко..тато пред тебе се родил,поголем е..ти после него..значи машкото треба да р поголемо..го слушам внимателно, зошто осеќам ќе има главна мисла на увертирава..и задуман целиот: значи ива од градинка нема да си најде маж оти е најголема во групата, само да ја видиш колку е висока ... Е ќе прснев од смеа
Прееска на улица гледа на билборд типка во купачи на плажа на некои како камења мислам беше и вика, ова тетата какана.. Не разбрав што и значи, ок си беше типката
Син ми за чај од камилица - Цакам цај од КАРАМИЛИЦА Јас пред некој ден : - Милош јас ќе се пијам кафе па ќе се купам , те молам ќе ја припазиш сестра ти малку , да не чепка оштри предмети ? Брза ќе бидам ветувам . Син ми : - Ако мамо . Ако цепка це те викнам . На се ова по нецели 5 минути ќерка ми се јавува : - А ти зосто пусис цигае , иди купај се смудиш . А јас само сакав да се освежам , дека на спратов има 90 степени .
Јас: Никола ќе одиме ли утре да се сликаме за пасош? Тој: Неее! Јас: Ама нема да можеш да одиш на море, ти истече пасошот. Тој: А имаше ли вода во него?
Малата испи наеднаш две чаши вода и мм и вика: "Доста Надја како жаба си", а таа му одговара " Надија не е жаба, Надија е чупе"
Ја истура кофичката со бонбони по подот. Јас: Никола што правиш бе мама! Тој: Арно те! (ова по нашки, со значење Добро еве!)
Доаѓа сабајле малата кај на во кревет и не буди. Адеее тануваајј надвор сонте има. Аде татооо кафе павиш за Сара (маќеата). Аде павиш кафе, и додеш будиш Сара. Она теба спиее и бебетоо. Она гоооем стомак, немозе кафе пави. И ме одвчека во кујна и она ќе помагала
И викам на малата викни го таткоти да играте, татко е или шо е, треба да си играте. И таа ми одговара "татко ти (така вика место таткоми) не е шо е, чоек е
Лиже прееска сладолед, она го вика сајед. Татко сакаше да ја забрише зошто почна да се топи, па му рече, не пипај...моје е...
Дека е топло чувам прозорци на кип , и поминува доле камион со арматура . Ќерка ми го слуша звукот на арматурата која се влече по улица и вика : " Господе Боже Александраа , што беше ова " . Ја и синко
Сами дома со ќерка не оставија да се чуваме. Она се заигра, јас средував нешто, не приметив каде е. Се појавува пред мене цела со кармин, цело лице, и тоа црвен Нашла во спална жена кога се шминкала не кренала и ете цела лом. Кај она па и белите чаршафи црвени. Ми вика како испаничено ,,тато треба цистис,, Тешко мене сега
На психолог : Каде ти е носето? Покажува.. Каде ти е устето? Покажува Каде ти е очето? Покажува во двете и вика..Две очиња имам јас Ја прашува како се вика? И кажува Надија. И кажува психологот браво и ќерками и вика " ајде сега треба петка да ми напишиш тука" Црта петка и ќерка ми и вика ама петката треба со ѕвездичка да е"
Јас: - Никола што ќе бидеш кога ќе пораснеш? Никола: - Дедо! ----------------------- Јас: (лутна оти не сака да јаде) Никола: - Мамо јас кога ќе пораснам тогаш сè ќе јадам и супа и салата и мевце... Јас: - Кога ќе биде тоа??? Никола: - Кога ќе имам 5 години. Јас: - А сега? Никола: - Сега имам 2 ипол!