Мојот татко ќе бил кога ќе пораснел. Тоа му е желба уште од кога имаше две години и уште не се предомислил.
Моево е мало уште не сме стасале до бисери. Знае за куче - аф И за маче - Мау. За роденден доби панда за јавање играчка/клацкалка и мисли дека е куче и праи аф - аф на пандата. Од мерак за темава и јас да пишам нешто.
Бевме на сладолед и се запна за зелен ( од минт ). И дадов да проба и зачудена дека досега само од чоколадо и ванила јадеше, вели мама купи садолед од паста за запчиња. Ова од денес, излезени бевме купував поклон за роденден и не можев да одолеам купив едни патики и за неа ( на мм не ни планирав да му кажам дека стално купувам ми се смее ). Само што отвори вратата кога си дојде од работа одма истрча ги извади од кутијата и му вели татоо мама купи нови shoes. Ја прашувам едно сабајле што сака за доручек. Велам сакаш ли јајце? - Не. Сакаш ли житарки? - Не. И после она сама си вели: Сакаш лии чаколадо ? Сакаааш!
Одиме во маркет да пазариме и ја седнав во количката во тоа за деца. И одиме така гледам што треба да земам и ја гледам како одиме покрај рафтовите се што и е на дофат си става. И викам -Тато што правиш? Не ни треба тоа, ајде да ги вратиме - Аххх бе татитко татитко. Ти помагам тамо. - Како? - Па мола од те да купиме, мама да не врака пак ако несто заболавиме Тега тватиии?
Лежи налутена дека не и давам мобилен пред спиење.и викам која приказна сакаш да ти ја читам за маша или за црвенката. Налутено ми одговара "за како било" (за кој било)
Има тт и бара сладолед и да оди на лулашки И викам имаш тт не може, да помине па тогаш А она ми одговара- немам
Ми вика мама ме боли увото! Јас станувам испаничено, ја допирам за уво и викам каде бе мама? И таа како од пушка, во спалната
Јас: Надја кај ќе спиеш на спална или во креветчето? Надја: На перница Песната јако јако од Влатко ја пее: Гушни ме јако јако, скрши ме како слагалица
И раскажувам моја верзија на приказната за трите прасиња и и велам ,"дојде зима почна да паѓа снег, и на прасето шо напрај куќа од слама почна да му студи. И таа ме прекинува и ми вика" мама, мама, а оти не си клај врата на куќата, ќе ја затвори и нема да му студи"
Го земам од градинка.. Мамо,у п..матер е срамотно нели? Да,немој така да зборуваш,не е убаво. ...После неколку дена.. Мамо,а WTF е срамотно????(Влијание од гејмерските игри со брат му.)
Шетаме низ џамбо да купиме бебе. Одбира едно малечко. И викам "Земи некое поголемко бебе" и таа ми вели " Големите бебиња се скапи мама, ова малецкото го сакам:
Бевме во еден ресторан и келнерот беше ќелав. При крај, пред да си одиме син ми го забележал тој детал и се развика на цел глас (нормално, пред келнерот и пред сите други): -„Мамо ма, па овој е ќелав! После тоа му објаснив дека така не е убаво да се кажува гласно и дека ако сака да ми каже нешто за некого треба потивко, а најдобро да ми шепне. Помина недела дена, седиме дома сами и на телевизија гледа еден ќелав и дојде на увце да ми шепне: -„Мамо, еве го овој ќелавиот“. Оттогаш секогаш шепоти, ама само кога се работи за ќелави, за сѐ друго пак си кажува на цел глас
Седнале двајцата и си играат ресторан. Големата: Повелете, што сакате за јадење? Мали: Јас сакам еден човек Големата: А за пиење? Мали: Сок. Големата: Да не сакате пиво? Мали: Ау не бљак, тоа гадно, сакам сок Големата доаѓа и мене да ме услужи и вика: Сакате телешка или пилешка риба?
Син ми : - Алекцандло , ти шега више немаш пампелс ? Ќерка ми : - Немам пампец пуц . Син ми : - А сакаш да ти купиме ? Ќерка ми ( видно нервозна ) : - НЕ ЦАКАМ ГОЕМА ЦУМ ВИЧЕ ЈА ПОАЦНАВ ! У НОКЧИЛ КАКАМ !
Доаѓа во вц: мама шо паиш? Јас: пушам цигара. Она: не какаш? Јас: не! Се дере на цел глас: не кака мама.
Јас: ајде Надја одиме во градинка Надја: Нејкам во оваа градинка мама, сакам во мојата градинка Јас: Па оваа е твоја градинка Надја: Не, не е оваа моја градинка. Сакам во мојата градинка Јас: Е која е твојата градинка? Надја: Кафаната кај шо пиеме кафе