Могли вградинка нацртала цртеж и за прв пат го изоставила татко и Ја прашала воспитувачката а татко ти каде е на цртежот Таа и одговорила:Па тој е на работа
Малово нешто бамбореше на негов јазик (иначе убаво зборува, ама некогаш пее и збори нешто неразбирливо), татко му го прашува "на кој јазик збориш?". Детево го вади јазикот надвор и со прстот го покажува и вели "овој".
Поминуваме покрај фризерскиот салон за мажи каде што се шиша син ми, гледа затворено и ми вика: - Мамо шишаров не работи денеска.
Ја учам да игра на музика, сирото, едвај скока... не знае како со рачињата па ми вика: Мама, ас не можам, мала сум..
Mojava mi vika sabajlevo : Ama tatkoto cakam i mene da me zeme na abota co nego , zosto camo Mios go zema i ja cum musko , ne cum zensko . Jas : Ama ne može , tamu ima mnogu lugje , a sve sa muži , što ke praviš ti tamu ? Taa : Obeci me u muško aliste , ke bidem Mios .
Вчера имаше многу ситни како мозолки на ногата и и ги сликав да и ги пратам на докторката. Денес додека ја заспивав ми вели: мама, ме чеша денес рачето ај сликај ми го Пред некое време најде слика од мене и мм зет и невеста. Ја гледа и вели леле тато шубав невест е Таа: мајките и татковците одат на работа, да печалат пари, за да купваме играчки Јас: а децата одат во градинка Таа: неее, децата нејкат да одат во градинка, децата одат кај баба xxx (името на баба и
Нарачуваме вегетаријана пица за дома.малата возбудена ја чека .(обожава пица). Отвара пицата дома и зачудена вика. "Шо се овие глупости, пиперки, домати. Кај е месото? Си бегаме накај дома и ми вика" ајде мама побрзо гладна сум ми се јади, ми крекат жабите во стомакот"
ММ: Никола ти ќе играш ли фудбал кога ќе пораснеш? Никола: Не! ММ: А што ќе играш? Никола: Пинг понг! (од кај го чул пинг понг појма немам, затоа и многу смешно ми дојде)
Ја учам кога ќе згреши нешто и кога треба да каже извини. На пример кога ми бара нешто а не можам да и дадам во моментот викам, не можам сега мама, извини. Епа у маркет прееска, вози типката количка мала за производи, па и викам, може ли да ги ставам овие тука(производите)? Ми вика, има бебе мамо, не може, извини. Се што ја учам, знае стручно да го искористи против мене.
Ќерка ми има една играчка Пепа прасе што игра и свети и едни малечки гумени играчки со Пепа прасе, Џорџ мама и тато прасе. Сабајлево ја зема оваа што свети и ја става на под и ми вели: Јас остајв Пепа долу мама. И ја зема малата, гумена Пепа ја остава и неа на под и ми вели: И оваа Пепа ИСТО ТАКА! Исто така бе
Некни не фати со мм во бакнување ( како дечко и девојка) и вика мама немој да го бацваш тато, ќе ти се слоши и ќе повраќаш
Никола сака да гледа песнички и го убедува мм да му пушти и таман зема тој да му пушти, се вмешувам јас дека доволно гледал денес и ми вика: - А ти што си, поРпаролка ли? (како сум се смеела, после го испрашував од каде му е зборчето, излезе учителката во градинка така велела ) ********************* Малото некогаш од милост го викам дунде, па и Никола знае да и рече мала дундичко. Е вечера се бркаме низ дома, јас ја држам малата и го бркаме бато и тој и вели - Фати ме мала дундичко! па се обраќа на мене - И ти голема дундо, фати ме! Морам под итно тој збор да го исфрлам од употреба оти ќе ме нарече во јавност ќе треба во земја да пропаднам.
Хахахахајаххаха @Lolipop23 се пукнав од смеење Ми става малава кармин (ме шлака на уста околу уста ) и доаѓа синчето не гледа и вика: Дај мама и јас да те КАРМИНАМ
Јас: каде ја изгуби сега играчката бе Сара? Само ги губиш. Таа: еве ти ја мамо, не плачи. Ете така, поштено ме врти.
Некогаш наутро барам нешто во плакарот и да не палам светло пуштам блиц на мобилен. Пред некој ден ја гледам малaта го зема мојот мобилен и оди накај плакарот, го отвара. И викам " шо прајш? И таа " Еве мама да ги сликам алиштата како ти шо ги сликаш"
Им велам на моиве : Бебиња ( не дека се бебиња , ама од милост ми останало уште од мали така да ги викам ) сакате да шетаме некаде ? Милош :Јееееессс , ајде да пиеме кафе со **** таму во големиот парк , кога бевте кај тато ! ( мислеше на кафиќ во близина на Градски парк во Ск ) . Александра : Јеес , ќе пиеме кафе у Цетое ( си искажа желба каде и се оди ) . А јас само сакав да прошетаме сами ние тројцата во маало