Ова од внука една морам да го пишам Ја шетам, беше 2г и 5,6м ама многу зборуваше, се збореше на таа возраст. И шетаме по улица и гледа шахта.. Она: Што е ова? Јас: Шахта е тоа. Она: а зошто? (На секое ова прашуваше). Јас земав и објаснувам: Дома кога ке пуштиме вода кога какаме и мочкаме, каките доаѓаат тука. Она: Ааааааа КАНАЛИЗАЦИЈА Си се насмеав и си викам, што ти објаснувам јас, кога си знаеш канализација што е на 2г хахахаха
Ме потсети на мојата. Две и пол години и за се прашува е оти,и така во недоглед прашањата. Обично прашува како се виканекој човек, дете и ќе му кажам. Ме прашува е оти.и викам оти така го крстила мајкаму. И така сега пред некој ден ме прашува оти црвенкапа се вика така. И викам оти има црвено капче. И таа " неее, оти така ја крстила мајкаму"
Золва ми кога била мала паднала во шахта . Мм тогаш како поголем брат , ја видел со повредено колено и ја прашал каде паднала . Золва ми као од пушка : Паднав у ШАТКА . Со мојте се смеев вчера . Им купила свекрва ми пакетчиња , и им ги дава . Во знак на благодарност , син ми и вика : - Бабо , бабо те сакам од канализација до небо . Друго . Мајка ми организирала да дојде еден комшија облечен како Дедо Мраз , и дојде детево , се израдуваа се сликаа , со сите салтанети . Замина комшијава , татко ми кажуваше дека некое дете го препознало Дедо Мраз кој е , а син ми слушал . Кога си дојдовме дома ми вика : - Ааа , овој лаџен Дедо Мраз беше а ? - Не бе буци , прав Дедо Мраз беше . - Епа кај му се коњите ? А јас во меѓувреме најдов слика од пријателка на фб , го сликала девојчето во украсна кочија со нормална големина во еден трговски центар , па искористив прилика да го убедам синот дека ги оставил ЕЛЕНИТЕ во трговски , да се одморат а и децата да се сликаат со нив , а тој дошол со обична кола . И ми се посрреќи , баш истата вечер низ градов помина човек со украсена кола . Човекот беше облечен како Дедо Мраз . Инаку , ставаше гориво , па така видов ( и им покажав на децава ) дека Дедо Мраз е со кола и моментално става гориво . Ќерката не разбира многу , полесно се убедува и не обрнува внимание на муабетите што се прават во околина нејзина , освен ако директно нејзе не и се обратиш , па затоа и не пишувам баш за неа . Овој поголемиот опасен е . Ништо не му бега .
Ајде, се да изедеш ако сакаш големо пакетче да добиеш. Таа: Јас мало сакам. Со кого ли пробувам јас да се пазарам....
Го разгледуваме албумот ЖЦ и читаме за животните. Јас: Ова е жаба Голијат. Никола: А зошто се вика Голијат? Оти гола ли се шета?
Бара вода, татко и и дава.. Фала, татооо.. Оффф се истурив па тато и вика а тоа значи...? Не сум умнааааа.
Ја научил татко ми на комшиското куче кога лае да му вика ~ ќути ~ И јас вчера нешто и зборам и досаѓам ја закачам и ми се врти и ми вика: Ќути. Пет збора знае еј и ми ги употребува.
Си игра со татко и.Тој нешто ја бори и и вика:- Ајде пиленце ослободи се.Не те пуштам. Видно измалтретирана и изморена му вика :- Големо пиле , ПУШ-ТИ -МЕ Одиме накај градинката и гледаме куче облечено ме прашува: -Мама , шо е тоа? -Тоа е облека на кучето, да не му е ладно. - Да ,ама на к*уето му е ладно
Ми дава пари од коледето и ми вели " Мама, со овие пари да ми купиш пижами со Олаф" Јас: ,Ако нема пижами со олаф? Надја: (зачудена) Има, како нема. Јас: Ако не најдам пижами со Олаф, шо сакаш. Надја: Ќе најдиш, како нема да најдиш, ти си мајка, мора да најдиш" (Сега помагајте, кажувајте кај да најдам пижами со олаф)
Се што ја учам и кажувам јас, знае стручно да го искористи тоа против мене. Па така кога сака нешто е: дај ми го тоа веднаш!! Направи тоа веднаш!! Соблекла чорапи прееска, па дека мајка ми ја кара зошто оди боса ми вика: сокијам нозете, не види нана.
Баба ми на синко му иде прабаба и денес и вика да седнам бабо кај тебе и таа му вика не бабе, баба е стара и болна неможам да те држам тежок си ми и синко оди собира од овошје ,слатки и од се што најде на маса и и вика еве бабо да јадиш да не бидиш болна
Се јавува на телефон тетка му од мм. Одма скока малиот тој да правел муабет. Му викаме "речи и на баба да дојди на пача" Тој збунет, не знае шо е то и вика: "баба дојди, ќе ти дам..... апче да не те боли ноџето"