Кога бевме мали, јас брат ми братучедка и нејзина другарка игравме на буква на буква. И брат ми на ред, кажува буква и. Ние сите се мислиме, погодуваме, се изнакажавме. И на крај се откажавме и го прашуваме брат ми што бил зборот и тој вели: Ибулка(Јаболко).
Ај повторно јас...да го споделам со вас најпресниот бисер. Соседите имаат ќеркичка 4 години и си играше надвор. Јас бев да купам сладолед и останав во двор да го јадам. И малата почна да ме задева „Еее ти немаш многу играчки јас си имам“..и јас се направив помала од неа и и’ велам: „Ех, па ти немаш сладолед“. Ми упати еден убиствен поглед и по неколку секунди ми вика: „Ееееее ти немаш вошки јас си имам!!“ Со мајка и’ не можевме да се донасмееме
Хахахахахаха еве како еден саат ја читам претпазливо темава се изгазив од смеење. Алал да ви е на сите. Среќа што нема повеќе комеари ке окапев на форумов цеееел ден. Јас сеуште немам дечиња но можам да издвојам неколку од мене и сестра ми како и од моите внуци, конкретно внука ми е која е прав џамбаз како сите денешни деца. Порано кога бевме со сестра ми дечиња мајка ми држеше бутик за облека и дуќанот ни беше во дворот. Секоја вечер речиси после вечера во 7 саат ке се облечевма како ТЕТКИ со штикли и облека на мајка ми која секако ни висеше по пола метро и ке и оидевме демек муштерии. Ја занимаваме некогап дури и со часови и секогаш на крај извикувавме мамо мааа па ние сме. Таа слатко ке се изнасмееше а ние задоволни не не препознала. ДЕЦА! Друго бисерче да не речам бисерише. Мајка ми си имаше навика да си купи бомбоњера за пред човека да се отсрами и секогаш вешто ја криеше од нас. Тој ден ја видовме дека купи и секако каде ја скри. Неможевме на раат да седиме додека не го изедовме последното чоколадно бомбонче. По мој памет да не забележи мајка ми после готови сме ја натерав сестра ми да ја наполниме бомбоњерата со мали камчиња, да тежи. На наша несреќа попладнете соседката на кафе и мајка ми трчи по бомбоњерата. Кога виде се изнасмејаа а ние две уште во 6 саат ви кревет демек ни се спиело. Од внука ми. Ја носиме со сестра ми минатата година на златно славејче. Она душичка цел месец секој ден прашуваше па како за беља баш ден пред тоа се поднастина. И ај жал ни беше и викаме ке ја однесеме и со такси право дома. И седиме во универзална и јас и сетсра ми се потсеќаме на детските моменти и коментираме колку е мала салата а кога сме биле деца ни изгледала преголема. И почна фестивалов и после неколку песнички ја фатија ТЕА црви во газенцето. И почна ај да си идеме дрн,дрн и ние ја убедуваме ова она и добро. После некое време детево почна на цееел глас да се дере. Многу ми е мала салата сакам дома порано беше поголема. Луѓето зачудувачки гледаа а ние си прибравме стварите и си заминавме. Викаше дека ја боли главчето и ние да фатиме такси таа вика тети јас сакам со автобус поинтелесно ми е! Ја качивме во такси и плачеше десет минути, се додека не му рече на таксистот дека е многу глупав и дека е дебел и што се не му изнакажа, а замислете има само 3 годинки.... Ние умревме од срам!
Еј малава моја внука пак истресе нешто пред неодамна, додуше она стално нешто такво кажува што искрено се мислам да и ги запишувам бисерчињава од што ги има многу Бев кај братучетка ми на гости, да го видам и внучето кое е ептен малецко, сега има 4 месеци, и истовремено да се видам со внука ми и братучетка ми. Се погодивме 4 жени на куп и едно мало мажуле кое тетка ми го стави на релаксаторот и конечно заспа. Братучетка ми ни направи нескафе, на внука ми и тутна во рака некое сокче, сме заседнале сите 4 папсани мислиш сите сме мајки со мало бебе, сркаме мрзеливо од кафињата и само го гледаме внучево како спие и релаксаторот како го ниша и му свири музиче. (тоа е онаа глупоста на која ако стиснете копче или се тресе, или ниша, или свири класична музика, или шум од водопад - абе измислица на денешницата ) Тетка ми сосема мрзливо, го гледа релаксаторот и вели - Леле што све нема да измислат, гледај, ништо не му правиш, го ставаш на релаксатор и си заспа. Братучетка ми се надоврзува - Вика абе остај, уште нешто да измислеа и да неморав да мрднам од место арно ќе беше. Таман да имавме еден келнер сега да ни носи јадење и пиење не ќе беше лошо. Јас се надоврзувам. - Е да бе, да можеше келнерот уште и да те спои преку цевчиња со малиот па да не мораше да мрднеш од место него директно од кај што седиш да цица, топ ќе беше. И внука ми да не остане покусо, не гледа со мрзеливо фациче и вика. - Не знам, ама да можевме да имаме даљинско, и кога и да притиснев да го заќутев Г кога плаче, ќе беше уште поТОП. Или исто еднаш ја земав од градинка и бидејќи знаев дека претходниот ден имала тренинг во Борис ја прашувам како си поминала, и ми вели. - Абе требаше на паркинг да вежбаме и да возиме ама не возевме затоа што (мавтајќи со рачињата) има некоја си пивара моментално на паркингот. - Не е пивара срце тоа, Пивофест е тоа, фестивал на пивото. Односно Пиволенд. (јас пак у снага да и ја објаснам разликата) - Пивофест, пиволенд, пивара - исто ти се фаќа, Скопско пишува сегде.
Сега ми текна на едно бисерче од внук ми (на сестра ми малиот). Имаше година и пол кога го виде првиот снег. Излегла сестра ми да го прошета на тазе наврнат снег. Надвор едвај 4-5 сантиметри имало снег. Тргнале накај тревата, нели таму не е разгазен снегот, не се гази таму. И кога згазил малиов на снегот, малку му пропаднале ноџињата во снегот. Видел, направил испреплашена фаца, нешто во овој стил и ја прашал сестра ми со плачлив глас: „Мамо, мамо, кај ми отидоа нозете?“
Имам еден братучед сега прво одделение мислам дека е. Пред некој ден доаѓа во двор и ми покажува еден паричник полн со 10 денарки. Ми вели види види колку пари имам . Му велам а бе ќе ги изгубиш ти некаде. Ми вели неемаа шанси, (го фрла паричникот на земја и прави „ти реков фацка‘‘) никогаш до сега не ме изневерил овој паричник, нема ни сега.
Ова е бисер на ќерка ми од пред пола саат и ќе го напишам на кумановски да биде уште пооригинална визијата. Инаку приказнава е следна, си пржам јас компири и она вика: Мамооооо, ед`н мој длугал (се мисли на другар) донесе д`нска у гладинку цтан филм и се вика Минџа желки Оно мамо може да се вика и Минџа колњача, ама ја си ги викам Минџа желки Па уште ме теши дека она политературно се изразувала, дека КОРЊАЧА било србизам. А за оваа МИНЏА немам коментар
Последниов бисер од внук ми. Се собрале еден куп луѓе да ме пречекаат на аеродром, внук ми прв ме виде и се протна преку оградата ми се фрли во прегратки и не се дели од мене.Следуваат поздрави со сите што беа таму а со либето цензуриран поздрав нели дека моите и неговите присутни беа ама дека не сме се виделе од кога останав бремена се наведна и ми го бакна стомакот.Внук ми ме гледа мене, го гледа него и како некое љубоморно маже го прашува мм зошто ми го бакнал стомакот, овој му одговара па мое е бебето внатре затоа и го бакнав стомакот, внук ми па му вика не е твое бебето наше си е .Мм му вика ако тетка ти e мајка на бебето кој е татко, а внук ми ни две ни три му одговара па тато му е татко (татко му ми е мене брат) Оф леле бруки живи ќе си помисли некој дека детево е растено во хипи комуна или оние религиозни заедници каде што не се знае кој со кого се работи,воопшто не му беа јасни роднинскиве односи, сега знае дека неможе татко му да биде татко на моето бебе и дека нема да му биде брат бебево туку братучед.
Ова не е бисерче, ова е бисер , што нема да слушнеш од маливе. Блиски роднини имаат 2 дечиња. Едното девојче околу 7 години, а малечкото е момче од 3 или 4 годинки. Пред извесен период го одвикнувале повеќе да не носи памперс и да кажува кога ќе му се оди во WC. Го научиле да кажува и на малечково интересно му било да си се фаќа долу. Еден ден заминал кај мајка му и и рекол: -Мамо, ти имаш ку*е. Таа го погледнала и му одговорила ,не. Заминал кај сестричката и на неа и го поставил истово прашање. И таа му рекла, не. Кутриот се натажил, застанал до неа и и рекол (а таа заиграна со некоја кукла): -Даде немој да се нервираш, уште си мала, ќе ти порасне (и ја гушнал) .
Керкичката е 4.5 години и е во фаза на осознавање како функционираат работите. При туширање ме прашуваше од каде доаѓа водата, на што и одговорив дека преку цевки доаѓа од езеро. Летово на одмор во Грција немаше ни 4 годинки, ја туширам после плажа и ме прашува од каде доаѓа водата, на што и одговорив дека преку цевки доаѓа од морето. Прашањето беше: -А како ја вадат солта ? Сопругот се пошегува дека со пинцета ги вадат зрнцата едно по едно После убаво и објаснив...
Иделе братучетка ми,внука ми и внукот со такси.Малиот секако седел напред бидејќи крајната дестинација била блиску.Одеднаш се завртел позади на кај братучетка ми и му рекол: - Мамо, зошто ми се тјесе *ујето? Братучетка ми само се поцрвенила пред таксистот и ништо не му одговорила.
На час, едно девојченце упорно свртено назад си шара по ранецот. Јас одам до неа и и викам: ''Зошто шараш по ранецот, па ваште родители за тоа пари трошат, а вие да го уништите без потреба?'' А другарчето до неа, мудро одговара наместо таа: ''Eee, наставничке нека го шара, па и така нејзините не и го купија, и се падна на смоки'' Наравоучение: Ако сакате нешто што побрзо да излезе на виделина, кажете му го на дете, тоа ќе се погрижи постапката да биде изведена во најкус можен рок
Поминуваме со ќерка ми покрај споменикот на Браќата Кирил и Методиј, а ќерка ми ме прашува кои се тие. Јас и објаснувам браќата Кирил и Методиј,нашите просветители ,ја создале азбуката........А ќерка ми после кратко молчење ме прашува ..... А КОЈ Е КИРИЛ,А КОЈ МЕТОДИЈ ????????
Најновиот од син ми.Одиме на забар ,и зборуваме за протези.Доаѓа дома детето и вика. -,,Тато изгледа ќе носам протеза,мама вика мобилна,ама јас сакам есенска протеза. -Молам??? Детето чуло,не дочуло.Фиксна си рабрало есенска.Не е битно,се изнасмеавме.
Денеска се изнасмеав од сестра ми. Вчера била на роденден кај некое другарче, кое живее малку погоре од нашето маало. Сакале да одат сами со другарка и, и мајка ми, малку скептик била да ја пушти. И се карале, одам сама, не одам, вака така, мајка ми попуштила, добро, ајде, оди сама. Арно ама, шубе и било да ја пушти, па го пратила татко и да ја следи. Сирот човек, се криел по ќошиња и зад бандери, да не го видат. На крај, сестра ми враќање дома и уште од врата - МАМООООООО, кога одевме на роденден, нас не следеше еден човек со мустаќи. Заборавив да допишам, уствари никој нема мустаќи, ама детска работа. Не само што приметиле дека некој иде по нив, ами и си преувеличиле дека има мустаќи.
Што си имам јас едно внуче ,многу интелигентно дете е ,веднаш меморира се што ќе слушне. Арно ама ,детево 2 години има и е во фаза на прозборување ,сеуште не ги изговара зборовите чисто ,туку како што може. И само мумла нешто. Еден ден седиме со него и ова турна нешто од масата.Инаку ,го учат да не брави бељи и ако згреши му викаат Тепам! (демек ,ќе те тепам). И ова откако го турна тоа нештото се фати со двете рачиња за лиценцето и онака нажалено и безволно почна да се тепа и вика -Ебам ебам -и продолжува да се мава по фацето Истиве луѓе имаат куче Тимон и баткава не може да го каже Тимон ,му вика Тибам Подвижна комедија е ,стално е насмеано и само мудрува нешто
Имам малечка брачеда ( 6 годинки).... беше дојдена кај мене и сакаше да седне на компјутер демек ке барала нешто на википедија и бидејки мајка и и таткои не и дозволувале по гости на фб да се уклучува таа рече ке барам нешто на википедија и ја и викам дорбо Мајка и и татко и често седат на компјутер па кога се на работа таа го користи нивниот па од 5 годинки знае се: за гугл, за фб, за википедија.... и седи девојчево, и мајка и оди и ја гледа на фб и и вика КАКО ТИ РЕКОВ? НЕСМЕЕШ ДА СЕДИШ НА ФБ БИДИ КУЛТИРНА СЕДНИ КАЈ НАС НЕ НА КОМПЈУТЕР НА ГОСТИ СМЕ БРЕ! (ми падна жал што и се раздра) а она паметна шо и вика: мамо бе па цел живот користиш компјутер и интернет И НЕЗНЕШ ДЕКА ВИКИПЕДИЈА Е НА ФБ??????? ( со ваква фаца ) се пресмеавме се снајде девојчето
Јас имам малечка братучетка од 3 год. Поради тоа што блиску живееме секој ден одиме една кај друга. Еден ден доаѓа кај мене во моментот кога мајка ми месеше леб,дете како дете се сака да знае па ја прашува мајка ми: Нино (стрино) што правиш? мајка ми и одговара-еве месам лепче за да јадеме после. А малата повторно: Е зошто? мајка ми повторно и одговара-па да имаме што да јадеме,сега ќе го замесам,ќе го оставам да скисне и после ќе јадеме тазе леб. Замислете малата се мисли минутка и прашува: Нино а непечено ќе го јадеме? После ова прашање јас и мајка ми се изнасмеавме,се уште се смеам кога ќе ми текне дека примети дека мајка ми во ниеден момент не кажа дека ќе го испече лебот. Јас не приметив
Ова е најново од внука ми. Има неполни 2 години, и моментално е во фаза кога од време на време кажува дека и се мочка или кака. Не често, ама веќе го има осетот. Седиме денес на ручек сите на маса, она нешто си се вртка по соба, и ќути-нешто што не е типично за неа, само дрнда нешто. И гледаме дека се чешка позади на газето преку Памперсот. И ја прашуваме „Злато, да не имаш кака?“ „Не, нема кака“. „А што правиш позади, те чешка? Сигурно немаш кака?“ И малово мртва ладна застана не гледа и вика со многу значаен тон „Немам кака, имам чешка“ Сакаше само да каже ја чешкало газето назад под пелената
Внук ми е ептен откачено дете, онака во позитивна смисла Денес дека прекрасно време бевме на прошетка со син ми до кај татко ми, кога стигнав трешти цеца,меца(смајлиштосипукавоглава)а снаа ми се расчистила низ дома со музикава .Обично кога ќе дојдам кај нив внук ми ме пречекува уште во двор а сега никаде го немаше, се качив на горниот спрат да го побарам и тоа што го видов ме направи ептен горда. Имам пишувано некаде по темиве дека детево е заљубен во хип-хоп, не е баш соодветно за толку мало дете ама во секој случај е подобро од тоа што му сервира мајка му, и си седи така внук ми во соба со чепови во уши, кога го видов паднав на земја од смеење и го прашувам зошто ги ставил чеповите во уши, ми вика дека од музиката на мајка му го болеле ушите Внук ми е цар he`ll take hip-hop over turbofolk anytime of the day