Седиме да јадеме и за ручек компир манџа со пушено месо и ребра. Мм зима ребро да јаде и малава вика: Тато јаде саулус(диносаурус) Незнам како коската и изгледала на диносаурус ама не изнасмеа.
Малото го прашува маж ми - Тато, имаш куре, или ти се скина? После некое време вика - Јас немам куре. Ми се скина.
"мамо, надвор има заби со сонце" (сакаше да кажи сонце со заби) Јас: Надја , заспивај ако дојди татко ти тешко нас ќе биди. Надја: Не мама тешко нас, тешко тебе ќе биди
Сара те молам веќе намести се и спиј, едвај те.држам се ме боли... Се те боли мама??? Да се!! И гбчето и устето? Да, Сара... Сее??
Од внуката (4 години). Негователката во градинка после мочкање: ајде ХХХХ облечи си ги хеланките. -внука ми: а оти тебе шо ти е работа?
Кога викам дека сакам зборлесто дете, мислам на вакво. Буквално да знае и да не се срами да каже тоа што треба. Без влакна на јазик што се вели. Мојава збори така, ама само по дома, ретко кој има можност да ја чуе.
Помалиот внук уште не може чисто да ја каже Р. Поголемиот му вика: "ај бе веќе потруди се да ја речиш Р, бебево побрзо од тебе ќе кажит" На то помалово се налути и вика: "можам бе да речам, еве .......(мала пауза) педер" Го прашувам моево: мама која рака ти е оваа (покажувам на десна) - десна - а оваа (на левата) - друга десна исто има и лева и друга лева ама пак не ги греши, точно знае лева и десна страна, само му е интересно така да вели дека ние му се смејме
Лепиме сликички во Животинско царство албумот и му викам на синко кој е овој број за 233... И вика: Две ТРИови и два
Му викам на синко: Сакаш мама да ви роди уште едно бебе? Вика: сакам да!!! И вика: Ама чекај.... И тоа ке порасне вака како Сара и ке бидеме 3??? Му викам: Да Да. Е не не не не, не сакам тогаш
На големата пред некој ден ѝ правев сутлијаш, и ја гледам си игра со лажичето, бавно јаде, па ѝ велам: -Ххххх, ако не ти е убав сутлијашот, не мораш да го јадеш. - Ама неее, морам да го јадам! - Е зошто мораш да го јадеш? - Па затоа што ми е убав.
Одиме вчера во продавница. Малото бараше сладолед. Јас му викам - Нема сладолед. Он ми вика - Има. Ќе најдам јас. Доаѓа денес инкасаторот за вода. Малото му вика - Што бараш ти овде?
Настината е малце. Кива и вика НОС НОС НОС. Да и ги исчистиме мрсулите накај уста што и идат и трча како испаничена, брза. Другарка беше со малото на гости, ама тоа 3 и пол години, хаос правеа, во плакар се пикаа - и вчера ја гледам се качила на горната полица и се крие, ја прашувам кој те научи тука да се качуваш? - Миа .... Издаица.
Малата (2 год) е така да кажам лакомко дете, мераклика да јаде! И за да не изеде многу и велам ќе чуваме на куклата Лола, не јади се! Првично се согласи, ама откако го испразни своето чинивче посегна по чинивчето на куклата. Ја потсетувам - ова е на Лола, не и го јади! Ми возвраќа - Лола не аде манџа ( Лола не јадела манџа) па и го излапка. Купувме грицки од продавница и и велам едното ќесе на Лола. Ама пак исто - Некааа, неќе Лола моки! ( Нека е, нејќе Лола смоки) Стрвле мамино!
Сабајлево и викам “дојди да те облечам,ладно е” Она бега околу маса и ми вика “мамо не не,бегааа (бегај) пишшшш” Ко мачка да брка бе, бегај пиш ќе ми вика уште сеа
Возејќи се со кола за се нешто прашува, што е ова, а ова што е? Па така јас викам, тоа е бандера, тоа е зграда, а ти што си... Глумица сум јас...