Јас немам деца ама пред 2години се шетав со една другарка и пред нас мајка и керкичка и сега малото: мама ми капна водичка мајката: од каде мама не врни сонце има малото: од носетоо
Јас: Надја пак се изводена? Надја: Не, мамо не сум изводената Јас: како не си, шо е ова на блузето? Надја: голема капка вода
Треба да ни дојдат гости, и им велам сега ќе дојде тета Маца и го прашувам син ми кој ќе дојде: Тете Мјау Маца со мачка си поврзал хахахаха
Не е бисерче ама ми е толку смешно,со денови со мм се потсеќаме и смееме. Пред некоја вечер, ја заспав и негде после полноќ “си легнавме” со мм После еден саат она од нигде никаде во сон почна гласно да се смее и да вика “татееее,татоооо,татеееее гуди гуди мама” демек ме скокоткал татко и и мисли се смеам јас Абеее ѕверка ни една, ушите 24/7 начулени и се
Внука ми: -Тета каде е главчето на бебето во мешето? Jас:Со главчето е надолу(покажувам на долниот дел од стомакот) Внука ми:Еjjjjjj сврти го нагоре к'е поврати!!!
Јас: Никола ќе јадеш ли калинка? Никола: Не фала мама, јас постам! (ова му е од баба и дедо, тие стално постат и го одбиваат вака кога им нуди нешто од неговите слаткиши) _________________________________________ На Бадник дента му кажувам за кој ќе делиме паричка: За дедо Господ, за Богородичка, дома за сите.... Вечерта мм го дели лепчето и заборава да подели на Богородица и Никола му вика - Абе тато за Бабарогичка кам лепче??
Се гушкаме со зверка и пробува и синко некако да дојде до мене да се гушнеме, нормално го бутка не му дава да ме допре. И од нигде никаде слушам: "бато ќе ти ја дадам мама ако ми дадеш пари, ама немаш ти толку пари" , и викам за колку пари ме даваш мама, вика "за илјада денари"
За Бадник кога кршевме лепчето и кажав дека паричката се падна кај дедо Боже, и цела вечер прашуваше кај е "чичко Боше". Си редеше коцки и зедов една и јас да и наместам и ми вели " no mama, don't catch! " Ми бараше чоколатце и и велам ок, ама само едно, може? Вика " може, и уште едно, и уште едно, и уште four и уште five и толкуууу " и набројува со прстите.
Минуваме низ козметички салон во подрум направен, овде излепено слики од нашминкани жени и ќерка ми (5 години) вели - Ова е гаража за мајки! Ја асоцираше на гаража а сликите од жени на мајки па си стигна до заклучок дека е гаража за мајки! Влегува сестра ми кај нас и малата (2 год) истрчува до неа и возбудено и кажува - тато ебе мама! А сакаше да каже - тато е покриен со ќебето на мама! На ќебе вика - Ебе На стоп вика - Чоп
На гости Девојчето 7 години. Има кревет на спрат со скалички фиоки од страна. Мајката и кажа да не се качуваат зошто мојава е мала. После некое време ја слушам мојава... А ти тука горе спиеш? Не.. Не спиеш тука? Не со мама спијам... Со мама, не тука? Не, во другата соба. Не спиеш тука? Целта и беше да се качи ама не и успеа...
Пред некој ден јас правев ручек, си играше сама и иде демек плаче ми вели : " Јас сум тажноо, ми се гушка. " И стално ако види нр и обраќам внимание малце одма вели ми се гушкаа. Јадеше макарони и сакаше јас да ја ранам. И и велам ајде сама јади си голема си и и ја ставив чинијата на маса. И одма се налути вели мамичка ни ми дава да си каснам макаронкиии.
Мајка ми ми кажува бисерче од ќерка ми Пред спиење мајка ми и рекла Ајде баба одиме на спиење Бабо а ти мене дадеш млеко Ќе ти дадам нели пиеме пред спиење Мама не дава млеко вика дамјана гоемо деојце даде додичка. Ова е за ноќните барања млеко кога конечно ја одвикнав да бара и и давам вода. Сега млеко само пред спиење..
Никола ги гаси светлата секаде и седиме во темно. Јас: Никола де бе мама запали светлата! Никола: Ама нема струја мамо, дојдоа струјајчарите и ја исклучија! __________________ Ова второто не е за смешка, не знам воопшто од каде ги слуша тие изрази, дома сигурно не ги употребуваме. Јас: Никола ајде гаси песничките. Никола: Какво гасење?! Нема гасење! Да се помочам на тоа гасење!
Омилена игра и е таа се крие, а татко и е волк и ја бара. Вчера скриена и доаѓа мм и му викам " Бегај волку ја нема Надја." И одма после мене таа од под јорган " Седи волку ја има Надја, под јорган е побарај ја"