Моча во ВЦ. Никола: Мамо а ти како мочаш кога немаш куре? Јас: Па седејќи. Никола: Ама од дека мочаш, од газот ли?
Внук ми кога имаше 3 год. Тето молим те соблечи ми ја јакната ладно ми е место топло ми е,топло е, викаше ладно ми е или ладно е
Во неделата преку ден ја успивам и беснееше и ајде ќе мижам да се преправам. И ми го фаќа капакот од окото, ми го отвара и вика: ЕТЕ ГОООО.
Ќерка ми (година и пол е) до пред еден месец незнаеше да рече ладно ми е, и викаше “жеже”. Одиме на планина на снег,многу ладно беше и она вика “мамо жежеееее” а кутрата премрзната. Си поседовме во кола и назад дома.
Прави беља, и јас како по обичај. Немој таму ќе паднеш, не скокај, и така едно пола сат. Изнервирана и вика , " Е добро прај шо сакаш, ако се удриш не ми е гајле" И таа мртва ладна. " Како не ти е гајле, треба гајле да ти е"
- Како се викаш? - Јован. - А како се презиваш? - Не се презивам. -------- Го скарав нешто, и ми вели, "не те сакам веќе". Јас ќутам, доаѓа мм, го прашува "Што и рече на мајка ти?" Крева раменици и вика "ништо не и речов". --------- -Леле тато, ме боцкаш, имаш брада! - Да, имам брада, а ти имаш? - Не, се бричев! (Често го гледа мм кај што се бричи)
Ја вади татко и од кола.. Пак си ја извадила раката.. нели рековме дека во кола мора да сме врзани. Она му одговорила - Другата не ја извадив... Јас не сум убава.. Зошто мама збориш така?? Убава си, сите деца се убави. Така, не сум убава.
зема една слика од некоја свадба ми ја носи и ми вика ај Мама да си играме игра. Јас ќе бидам невеста, а ти вештер ( сакаше да кажи зет)
Гледавме еднаш српска серија и актерите спомнаа пиче. А нели на српски тоа е пијалок. И малово се научи да вика пиче. На сите гости што ќе дојдеа им викаше - Пиче, пиче. Со едно детенце беа надвор и мочкаа на страна. Моево му вика на детето - Ти имаш мало куле, а јас имам големо куле.
- Мамо врзи си ја косата ќе фатиш вошки! (ова во градинка вака им велеле учителките на девојчињата) ________________________ Седиме во двор и му објаснувам за листопадни и зимзелени дрвја. Јас: - Праската, црешата, вишната се листопадни, гледаш лисјата им опаѓале. Елката, борот и смреката се зимзелени дрвја, листовите им се зелени и во зима. Никола: (го гледа во бавча спанаќот и вели) - Мамо и спанаќот е зимзелено дрво и тој е зелен во зима! Детска логика.
Си зела неколку кики бомбони и си ги ставила во шкафче во нејзината кујна, на исто место кај што ги кријам јас во кујната, и и велам може да си земам едно? Вика не, прво да јадиш ручече, после дадам едно. Имам магдонос во една саксија, ја кренала, ми ја дава и вели I love you mom. Имавме едно дрво пред куќа и вчера не знам зошто дојдоа да го сечат. Цело време стоеше на прозорец викаше да не го сечи чичкото дрвото. Вика ке дојде сега веверичка ке биде тажна, ке каже кај ми е дрвото. Готова беше да заплаче. И денес пак и текнува оди на прозор и вели кај ми е дрвото. Излегоа со татко и пред некој ден на кафе и си седела, расположена, и наеднаш и текнало почнала да вика кај ми е мамичка, да си одиме.
Стоиме пред Ваикики и се убедуваме да влеземе,дека ич несака по бутици да шета.Му викам ајде сине ќе одиме да купиме тренерки да бидеш убав за во градинка.А он на тоа се врти и ми вика Мамо јас ја сакам Исидора Хахахљх готово детето ми се заљубило,а рака на срце и добар вкус има.Снашката е преслатка
Плачи за млеко, меѓутоа заради стомачниот вирус не смеам да и давам. Мм и го дава шишето за млеко, а во него чај. Во полузаспана состојба го зема ,се напива малку и го остава шишето. " Шо е ова, не е млеко не сум глупа, оди тури ми млеко битолско"
Специјално за тета @fana и тета @Bubce38 . Овие најнови од вечерва пошто додека заспие пола сат муабет си прајме. Н: Мама кај е киндер јајцето? Јас: Тука е во кујната Н: А оздравев јас? Јас: уште малку и ќе оздравиш Н: добро тогаш дај ми го само да си го гушкам не го јадам Н: сакам сите бебиња од џамбо да ги купиме. Јас: добро, Надја спиј сега утре ќе ги купиме , спијат сега и џамбо и бебињата. Н: ама ај сега да одиме мама, оти не спие џамбо за грев е ме чека ( ова за грев му е од греота е ) Н: Мама како се викаше она продавницата кај шо купвавме денес со пари? Јас: Сегде Надја купваме со пари Н: Не, со картичка купваме сегде а денес со пари купвавме (На пазар бевме на тезги денес )