И мење мајка ми пелена Мамаа, топла вода има? Има, сакаш да се избањаш Аха... Ова аха и е хит деновиве... заедно со мхм. Ме стана од фотеља, она ќе седела. После некое време стана, па седна мајка ми. Ииии ми го фати местото. Сара имаш тт? Аха, имам.. Сакаш сируп Не, на доктор сакам.
Се спремаме за спиење И ме удри го главата несакајќи ама мене ме заболе и офнав и се преправам дека плачам, на тоа го слушам него: "Тате, мама паче" и го влече татко му да види што ми е.
Го прашуваме денес малиот: Имавте денес во градинка претстава? - Да. И, што имаше во претставата? - Било што имаше
Чистев со правосмукалката и иде ми вели : доста мама чистиш имам тапанче на главата! Дека јас и реков еднаш тапан ми ја направи главата тропаше на тенџериња. Зела ранецо и вели чао мама одам Walmart. Ок велам, што ке купиш за мама? - КВАСЕЦ и ашкавалче.
Внука ми (2,5г.) незнае како да каже чадор и денес и покажувам и и велам што е нина ова? И таа ми вели: дожд.
Мм пред да си легне земал од џеб извадил се и оставил на маса. Сабајлето да фати ќерка ми и да земе сите пари да си ги стави во касичката, а таа, пустата не се отвара, треба со она за конзерви да се сече. И ми се јавува мм сабајлето- вика, добро бе можеше без денар да ме остаиш. Јас цела ????? викам јас пари не ти земав. Абе имав на маса скоро 5000 оставено, сега ги нема. А големава се јавува: аааа татЕ јас ги земав да ти ги штедам . Ене ги уште се во касата, заштедени Неда сака да се мие ама сама во купатило качена на шољата. И за да ме избрка ми вика мама иш иш. Викам јас: не сум кокошка па иш да ми викаш. А она: мама ко ко Големава ми вика: ко ќе имам деца ќе ги оставам ти да ги чуваш, а јас ќе си одам во кафана. А мм ја прашува: а тој волот дома што ќе прави. Она лута му се врти и му вика: немој ти на маж ми да му викаш волК Во градинка: татЕ зема голема плата и ме однесе да ми купи чизми, а мама му вика, ти не си нормален, јас за тие пари за мене 5 пара ќе си купев. ( Ова учителките ми го кажуваат дека им раскажувала)
Никола: Мамо знаеш ли како викат учителките по Анастасија од градинка? Јас: Како? Никола: Таске! Јас: Ааа тоа не е убаво, колку убаво име има Анастасија, не треба да ја викаат така. А по тебе како викаат? Никола: Не викаат по мене, јас си седам мирен.
Ги средував веѓите во купатило, иде малиов, ме гледа што правам, ми вика, "немој мама да се штипеш, ќе те боли". ------------ Го прашувам малото, "Јован, ќе дојдеш пак кај мама на работа да ти ги прегледам запчињата?" Ми вика, "да, ќе дојдам, а ти тетка Кармен ќе бидеш?" (Дека матичен педијатар му е Кармен Цекиќ, си ја вика тетка Кармен). ----------------- Листаше книги во дневната, ама му пречеше телевизорот и сакаше да го изгасне. Ама не можеше да го најде далечинското, и викна "кај е онаквото за онадење на телевизорот?"
@Annath ме потсети. Ја карам големава да јаде инаку ќе треба да ја носам на лекар да и стават инекција. А она мене: ај не лажи, Златка (докторката наша) не боцка, Златка само диши
Се гушкавме сношти и ми вели: I love you so much! Јас: I love you too much! Таа : I love you ONE much! Како и текна се пресмеав. Сабајле слушнав дека се разбуди, јас кафе пиев во дневната. Татко и спиеше уште до неа на спална, ја слушам си зборува : тато yes, кревет yes, врата yes, мама no, кај е мама, чекај видам јас . И стана дојде да ме бара. Уште едно заборавив. Со татко и на кафе, кафичот се вика Бубамара. Вработена таму ја прашала : колку години имаш ти лепотице? И одговорила: Бубамара!
Зборувам со сестра ми на телефон, а Никола седи до мене и занесен гледа песнички на лаптопот. И велам на сестра ми дека сакам да дојдам за Скопје да си купам некои работи, а потоа и шепотам ептен тивко - Ама сакам без децата да дојдам за да можам на раат да пазарувам. Никола се врти и налутен ми вели - Јас пак тогаш со баба ќе идам за Скопје, а тебе не те водиме НИЕДНАШ! ____________________________________________________ Му велам: Никола за шишање си станат, треба да те шишаме. Никола: А јас ќе плачам најсилно и никој нема да може да ме смири!
Срцка бее Мојов 2,3 некаде беше и не смееше ништо млечно, конзервирано, бонбони и сл... И му објаснив дома дека не смее, а мислев не сфати. И шетаме во Веро и трча накај касите кај што стојат чоколадца, бонбони, и јас не не Тео, неможе мама, не смееш.. Тео: Ама не зимам, само да ги пипнам И така си ги допре киндер јајцата, skittles бонбоните, други чоколадца тука што беа ставени... Нема да го заборавам тоа, зашто си се расплакав на каса..
Денес на врата ѕвонеше еден господин и нудеше календарчиња. Јас земав едно и му викам на малото - Дај ги парите. А тоа му вика - На пари и друг пат да не си дошол.