Хехехх ама си го брани идното и момче Внук ми прво оделение и беше настинат со снаа ми го однесовме на др и треба кс да му направат таа што му вадеше крв ќеркичката учеше со внук ми и го прашува како е ќерка ми ја слуша учителката? Внук ми ааа неее многу е лоша бесна е трча вика ич не ја слуша учителката. Она запрепастена ние запрепастени што така зборува обично глас не му се слушаше меѓу непознати сега ко од пушка кажа се,надвор снаа ми го прашува стварно толку е бесна о он вика не беее ама не ќе ја фалам пред сите па подобра од мене да биде. Кај му текна со снаа ми се пресмеавме.
Пеглам во ходник, а они играат во собата кај играчките... И слушам што дрндаат: Ја учи англиски да зборува: Ватер (water) е вода, како ДОДА Да и објасни и на нејзин јазик плус дека она водата ја вика дода Сега и вода ја вика почесто, ама му останало на синко дода дека долго така ја викаше
Малата се бања, а јас да искористам време за мене и решив да си ставам маска на лице. М.Мама, а тоа маска ? Ј. Да душо. М. А во што маскираш ти?
Татко и ја прашува: татичко ќе се грижиш ти за мене и мама кога ќе остареме. Зверка му враќа: ааа па ќе треба деца да чувам, и за вас ли да се грижам Умрев од смеење
Се скаравме вчера пред спиење и нормално го бара таткои. "Те нејќам тебе, кај ми е татичко? Јас: На работа е. Надја (налутена и низ солзи) Е доста само тој печали, сакам да одиш ти да почниш да печалиш, а мене таткоми да ме заспива "
Во продавница пред некој ден на влез не може да се размине со еден човек, она ке тргне надесно и тој, тој ке тргне налево и она. И дури ко налутена викна "Екскјуз мииииии! "
Син ми смислил една игра со шепкање на уво и иде вака -ти си слатка ко бонбона И јас му враќам ти си сладок ко сладолед И така во недоглед ги набројавме сите слатки нешта што постојат,и веќе немаше што да ми каже и ми вика - ти си слатка ко компир манџа
И се лигавам на ќерка ми: Ј: Ти си љубов на мама! Ти си живот на мама! Ти си сонце мое! Ти си најубавото цвеќе мое! Ти си најубавото дете на свет! Ќути и ќути и вика: А:Мамо *** (името) ека мама! Ј:Што си? Елка на мама? А:Даааа мама *** ека
Сабајле ме убедува да ја земеле баба и дедо пред спиење. И и го давам тел и и викам, на јави се на баба, прво ќе кажеш добро утро бабо, како си, дедо како е, па после ќе бараш да те земат пред спиење. Она: ало бабо, да ме земеш пред спиење? Баба: важи Ева ќе те земам Она на мене: е вака бе мамо а не глупи муабети ќе правиме сега....
^^ ме потсети ова на син ми. Разговаравме нешто за животните и ме прашува - Зошто кучето има четири нозе? Јас: (што да му одговорам...?) - Затоа што е куче. Никола: - Каков ти е тој одговор? Јас се смеам, а тој сам на себе си зборува - Затоа што е куче, каков е тој одговор!?
Мама, ќе одам во куна, напаам учек... Ако оди.. Трга и се враќа зошто е темно па вика. Мама, дојди со мене, не можам сама ќе ми дојде волкот.
За прочка ја учам да и вели на бабаи и дедо и "Простете" И одиме во веро застанува пред вратата "Прости ми Веро" " Прости ми Џамбо"
Со малото влегуваме во влез и ми вика: -Мамо, сакам да одиме во пештерата (покажува накај подрумот). Пред малку седнавме да ручаме. Ни се врти на мене и маж ми и ни вика: -Кога се зборува, не се јаде
Свекрва ми му вика на син ми "синче сакаш јаболко?" Тој се врти и и вика "овај (покажува на мм) ти е синче, не сум јас".
Н:Мама ај да си напрајме мрзлива куќа. Јас: Е каква е таа мрзлива? Н: па таква како мрзливитр прасињата шо му ја дувна волкот
Има близу нас како пензионерски дом нешто, и она љубопитна само ме прашува нешто нон стоп, вели мама кој живее тука? Велам само стари луѓе. Се подзамисли и ми вика нејќам јас стари луѓе, само УБАВИ.