Мали, малечки ама одма знаат што е убаво А за темава брат ми мал, не ми текнува колку години имаше ама малечок и сите на летен одмор и доаѓа од надвор и вика сакам сладолед од рушка и моиве каков сладолед сакаш и им вика од рушка, го прашуваат каде го видел и кажува во слаткарата од фрижидер на топчиња со корнет. И сите се чудиме каков е тој сладолед од рушка и ај ќе одиме да му купиме кога испадна сладолед од крушка бил Исто како мал не знаеше да каже чисто р и еден пријател кога идеше на гости му викаше ај кажи ја сакам Рајна и ќе ти дадам чоколадо и брат ми како од пушка Ја сакам Лајна
На малиот почнаа да му се менуваат запчињата , и сега прво се плашеше да го носам на стоматолог . И ајде тука се убедуваме , не боли - боли , за мој инает го нишал запчето со јазик и му паднало , згора на тоа го голтнал по грешка ( веројатно така му дошло од навика што ги голта гумените бонбони секогаш без да ги јаде/џвака ) . Го приметив јас , ама веќе го имаше голтнато запчето . И ајде сега се учиме за второто кога ќе падне , да го извади , или на стоматолог да му го извадат ако му е страв сам , му објаснувам јас едно два часа дека неговите заби немаат корени и нема воопшто да го боли а и ќе и кажеме на докторката да внимава бидејќи ни е прв пат . По една недела ми вели : - Син ми : " Мамо , мамо , јас го извадив и другото запче " . - Јас : " Како го извади , па не ти се нишаше запчето .. а и требаше на стоматолог да го вадиме нели .. " - Синко : " Каков стоматолог , какви бакрачи , јас сум сам на себе стоматолог . " И така сега , на едно запче сме штрбави , другото ни порасна до половина . Ја слушнал мајка ми кога кажувала како моето прво запче го фрлила на кутре во лепче , па инсистираше и тој да го направел ритуалот , ама сам да го фрлел , не јас . Така и бидна , најдовме кутре , и му го фрли лепчето со се запчето внатре . Малава ја посматра цела ситуација , па и таа почна да вика како и се нишало запчето и кога ќе и падне ќе го фрлела на кутрето во лепче . Јас и викам има време за тебе малечка си уште , таа не , види ми се ниша запчето и мене . Како близнаци се , кај едниот таму и другиот што прави едниот , тоа и другиот . А не се близнаци . Бевме кај мајка ми на гости , и играа нешто таму со мечиња , и има една количка за кукли , малата ја зема количката , оди кај мајка ми во кујна и и вика : - Ќерка ми : " Бабо Мае , Бабо Мае ај седни да те пошетам у коичкава " . - Мајка ми : " Ама неможе баба , ја сум голема , не ме собира таму , ќе ја искршам " . - Ќерка ми : " Епа смаи се , ќе те пошетам и пак ќе поаснеш гоема " . Му се јавуваат на татко ми на телефон , и го прашуваат кога ќе дојде дома . Уште не им одговорил , почнаа со барањата да им купел балон и киндер јајце , и смоки и чоколадо големо колку нив .
Вчера ми беше роденден, па свеки ми даде подарок за 8ми, а и плик за роденден кој го ставив во ќесата со подарокот. Ќерка ми: може да го видам подарокот? Да, еве види. Она: а мама, а што друго имаш таму Бидејќи и неа и даде подарок.. Денес ја прашуваме, чиј празник е денес? Она: На децата!! Ептен е стручна да се извади, како неа и одговара.
И викам не скокај, неможам да трчам по трбе ме боли кичмата. надја: А оти те боли мама? Јас: (на шала и викам) оти сум стара Надја: Неее, ти не си стара, ти си Мајка. Бабите се стари
Ја соблакам денес од градинка. Мамо види имам флека на блузата. Па ќе имаш викам кога не сакаш 3 дена да ја смениш... Неее, не од тоа, од што ја исфлекав во гадинка ми ....
Мислам дека вечерва го достигна врвот. Уште се смеам. Во последно не сака да спие и имам една приказна која е успешна и велам дека доаѓа еден чичко и гледа кое дете спие кое не. На тоа дете што не спие, ги зема играчките во вреќа и ги фрла. Па така и вечерва истото и го зборувам , и велам " Еве го чичкото на врата слуша дали си заспана, ќе ти ги земи играчките" и таа ми вели " Мене нека ми ги земи играчките, тебе ќе ти ги земи парите. И ти не спиеш" Кај и текна парите бе..
Јаде милка со лешници. Одеднаш се мршти , ја исплука и вика:Иии има семка!!!! Дај ми милка без семка (за лешниците,семки биле).
Се спремаат за спиење со мм, а јас се врткам во спална да подсредам и го слушам мсли ми вика Женче (мм знае вака да ми каже понекогаш). Му објаснуване дека тато ме вика така, а он треба да ме вика мамичка. Утредента го прашуваме, како и рече ти вчера на мама, а он одговара - татичко и вика на мама Женче, јас викам мамичка
Се качува долу од кај баба му и дедо му и ми кажува: - Мамо дедо утре ќе одел на црква! Јас: - Е многу убаво! Никола: - Кажав му јас, ако оде на црква ќе го стават во карантин!
Стана сабајле во 6 часот викајки : Сакам манџа со магдоноооосс! Ајде мама напрај ми немам ништо во стомачето. И правев манџа во 6 сабајле.
Средувам јас прееска , и двајцата позади мене застанале и ми викаат : Милош : " - Јас сум полицаец , а ти мамо си недепилиран граѓанин . Сега ќе одиш во затвор " ! Јас : " - Милошее како недепилиран , недисциплиниран се вели . А ти Александра , што си " ? Александра : " - Јас сум затворот " .
Си легнавме тројцата на спална и она задрема а јас и мм си правевме муабет уште, и едно време вели: стоп, доста правите муабет ме болат очите од муабет!
Сара у расправија со татко и.. Ајде да смениш пелена! Не, не сакам. Добро, јас не ти зборувам дур не решиш.. У меѓу време гледа тв и видеото се кочи. Татоо што е ова.. Он ќутии.. Се пушта видеото и му вика. Тато што кажува ова? Кажува да не сменам пелена?
Јас: Надја, шо бараше в соба кај вујкоти, работи тој, оти му сметаш? Надја: Не бе мамо не му сметам, си се дружам. Другари најдобри сме ние.
Малиот збори со свекрва ми на телефон и и вика: -Бабо, ти си како снегот. Не престануваш (да збориш) Ми доаѓа пред некој ден и ми вика: -Мамицее, сакам да си глецкам цртан
И ја читам убавицата и ѕверот. Кога читаме приказни цело време е и таа вклучена, односно јас ја прашувам, аа таа одговара и ја продолжува приказната. На крај и кажувам и така си живее среќно до крајот на животот затоа што вистинската љубов не е во изгледот туку во...и ја прашувам Каде?? Не очекував дека ќе ми одговори, или ќе кажи нешто друго, а таа како од пушка " Еве овде мама во срцето, тука е љубовта"