Правев палачинки денес. Никогаш до сега не сум ја слушнала дали го знае зборот или нешо по нејзино да си поврзе а да се однесува на палачинки. Е, си имала она нејзин збор за нив, ама не дошло ред да го каже. Збори со тетка и на камера и тетка и кажува дека и она праела палачинки, и девојчево мое ко од пушка и вика: “Тето геди, тато ључке П*ЧКА!!!”
Ме прашува големата: мамо ти се погоди ли ова дете? ( За себеси прашува). Викам да, многу ми се погоди. Она: баш вакво сакаше, женско, паметно? Јас: да за тебе сакав женско паметно и ми се погоди, за Неда сакав машко паметно, ама се роди женско смотанко. Она: абе мамо не е битно, битно ова дете ти се погодило ( демек не се секирај)
Јас ја гушкам и гнавам и и викам: -Абе маме колку си слатка , човек уште пет вакви да посака да си има. Она ми вика: -Ааа мама тате сака уште едно не пет
Кратка хорор приказна од пред некој ден. Седиме на тараса С: јас ќе одам по улица и ќе паднам... ќе паднам тука доле на улица и цела ќе се искршам и после вие ќе имате друга сара... Јас: како бе мама така... С: ќе се фрлам Јас:каде ќе се фрлиш С: во ѓубре, во канта ... И така, малце ме исплаши...
Колку страв имам од таа тараса, затоа што за секунда се качува на стол да гледа надолу. Никако без надзор, ама и кога е со некој со страв седам. Пред некој ден ми вика, "види,шубај цвеќина долу ( на 4ти сме). Ај малку ќе скокнам да соберам некое цвеќе и ќе се вратам" И тргнува да се качува на стол.
Ние на 6ти... Никако без надзор ни секунда.. пробала да се качи на стол ама не давам...ни у раце не ја зимам зошто не мирува ми е страв ќе ми се измкне...
Јас пак и стол немам на тераса од тие причини! Толку ми е страв значи! Работам нешто низ дома а малата на тераса па 100 пати ќе ја ѕирнам да не нешто прави. А што кога нема стол, плус оградата е тесна нема шанси да се протне! Ама ете, таков филм си правам! Бисери секој ден си имаме, ама кој да ги памети! Плус ефектот е друг у живо да ја слуша човек како збори! Ама ете... ќе се обидам! Вели - мама е мајка мене и на дада... и на тато! Зошто на тато ? - ја прашувам Тато е маленк ( малечок) , ти си ѓема ( голема) и ти си мајка! Иначе мм е цела глава над мене и 30 кила подебел од мене, ама он е маленк во очите на ќерето, а јас сам голема. Свекор ми седнува на столче и тоа крцнува дека старо! Малата се свртува кон него и прашално со ококорени очиња му вели - Пдш ли деде? ( прдеш ли деде?) Се засрами човекот, а стварно звукот од столот беше! Периодов слуша почесто - има полиција и не одиме надвор! Па ни вели - пичка има? ( полиција дали имало) Бре ама е вулгарна малата моја. А стварно ниту јас ниту ММ пцуеме низ дома, ама од обични зборчиња изведува безобразни зборчиња! Копче за неа е - чоп*е Пушти - пут*и Ќебето веќе е чебе, а до скоро беше Ебе!
Гледа маша и медо ( медо го вика дедо медо). Во епизодата бери медо цвеќина и мојата вика " Аууу, види го дедо медо шо е заљубен, бери цвеќина за баба мецана "
Скока на спална, фрла перници, ќебиња долу, вртам ги собирам, пак ги фрла, и и викам: леле дете бог да чува си! Во истата секунда ми враќа: ти си бог да чува, ееее боже гопсодеее!
Кај мајка ми на поседок ... Татко ми и вика на малава : Алекс , каде е Мако ( мачорот ) ? Александра : Отиде у диско со лепотицата ( на комшиите мачката ) . Мајка ми и купила кукла и ја крстиле Рајна ( беа кај татко ми во дуќан ) . Доаѓаат дома и ја прашувам јас : Александра како ти се вика куклата ? Александра : Лајна . Ќе речеш дете ...
Од тие п*чки и ние отрпнавме веќе. Упорно за палачинка вака вика. И се смеам многу и се срами, па ако ја прашам што е тоа,ми вика “неце каже” - неќам да кажам ама пак ќе се избаци после некое време “*** сака п*чка!” Срам не срам, ќе чекаме да се одвикнат
Му раскажувам за планетите: Јас: - Има 9 планети... и му ги набројувам. Никола: - А зошто се 9 а не 10? Јас: - Не знам мама, дедо Господ толку создал. Никола: - А оти, он само до 9 ли знаел да брои? Едит: уште една ми текна. Никола: - Јас сакам да одам на Венера! Јас: - Ама Венера е многу блиску до сонцето и многу е жешко, ќе изгореш! Никола: - Ако јас ќе се намачкам со крема за сончање.
Надја: Мама, мама знајш шо? Јас: Кажи Надја: Јас пораснав, и сега сум голема. Знајш колку голема?? Јас: Колку мама, многу голема? Надја: Мноооогу голема, таман за тротинет
Еве мои бисерчиња.. Татко ми се вика Васе и како мала сум го викала Васе-прасе.. И кога ме прашале зошто така го викам, сум рекла па видете го колку е дебел како прасе Исто поврзано со тоа.. Многу сум сакала да цртам и татко ми ми рекол ајде нацртај ме мене.. И сум го нацртала со голем круг (стомакот) и сум му рекла ова ти е стомакот за да се знае дека си ти
Менувам канали на тв имаше некоја серија од турските и стара баба некоја кај што плачи. Надја : Леле, мама види бабата како плачи, сигурно никој не и дава пари зато плачи.
Нашите бисери се нешто околу јадењето се вртат! Во едно чинивче ќофтенце за големата а во друга ќофтенце за малата ќерка! Малата одма почна да јаде додека големата да се намести ... и оп, малата го краде ќофтето од дадата! Иии ММ ја прашува - каде е ќофтето на сестра ти? Малата одговара - не нам јас, јас сам менка ( не знам јас, јас сум маленка) Детево секојднево слуша - не можеш тоа мала си, не таму малечка си... и ете навика и стана да се вади од ситуација со тоа маленка сум Вика комшиката од тераса - Мартинаа, ајде да јадеш! ( го вика детето да си оди дома да руча) Мартина - нејќаааам! Си играм! Ќерка ми - јаш шакам јадам! ( јас сакам да јадам ) Ех да можеше манџата на Мартина да и ја смотааа Стрвла број 1 Многу ме изненадува со своите итроштини! Се си мислам големата беше смотле на истата возраст! Или сум заборавила
Си играат со другарката, јас одам да ги проверам: Никола: - Мамо ние си играме, јас сум таткото, а Л*** е мајката. Јас: - Супер сине, а детето кај ви е? Никола: - Сами сме уште, не сме си родиле.
С: Јас кога ќе одам на море ќе си играм со песокот и ќе пливам.. Мм: нема да одиме на море ќе одиме на планина. С: на која? Мм: таму кај што бевме на снег С: тами нема песок ќе купиме итакво ќе купиме за копање и за К големо за мене помало.. Мм: ќе ставиме базен.. С: даа ќе се бањаме.вие ќе стоите до нас вака( и покажува) Мм: а ние може да се бањаме. С: да, ама прво да искочиме ние..