Си играа со татко и и таа постојано на глава му се качува и му скока.Мм преморен и кажува дека му се спие и да не му се качува веќе да си игра друго.Секундарно заспива мм и малата почнува да рука ама многу жално демек повредена.Ја прашувам што и е, а таа вика :-Сакам да се гушкам со тате. Јас: -Дојди пиленце со мама се гушкај. М: Не, не сакам.Сакам со тате тој е многу зус(сладок) .Се расплакува посилно. Ј: Добро пили , а мама нели е зус? М:-Не ,само тато е зус Таа рика , а јас едвај престанав да се смеам .Ситуацијата беше само за снимање.А мм не се ни разбуди
Играа нешто во соба , и нешто им беше за да влезеш ти треба шифра . Го прашувам Милош : - Јас : - " Милош , а која е шифрата ? " Милош : - " Тата велики стомак " .
Јас: Надја помогними да ги собериме играчките. Надја: Неможам сега, помогниси сама. Надја: Мама имам една идеја Јас: Е ајде да слушнам шо идеја. Надја: Вака, ти ќе бидиш мајка јас ќерка. Ќе се дотераме и ќе излезиме да шетаме како мајка и ќерка, ќе одиме до една продавница и ти како мајка ќе ми купиш киндер јајце.
Го чувам внук ми и ми заѕвони телефонот, идам на тераса тој дошол по мене и ме влече за маица и прашува што вика Десетина пати дури разговарав ме праша што вика, многу е радознал. И кога завршив со разговорот: Внук ми:кој беше? Јас:еден дечко Внук ми:тој дечко има кола? Јас:не Внук ми:леле ужассс
Син ми не ги остава тетките да се омажат . Има 2 блиски тетки ( сестра ми и золва ми ) и 8 далечни тетки ( 4 братучетки од моја страна и 4 од мм страна ) . Е сега , братучеткиве го прашуваат син ми дали може да излегуваат со дечковците , и тој беше ок со тоа . Го прашува сестра ми : - Милош , а може ли и јас да одам кај Нено ? ( Сестра ми има 28 г . ) Милош : - Не може ! Ако го видам тој ќе го носам кај полицаецот ! Сестра ми : - А другата тетка ( за золва ми ) смее ли да оди кај дечкото ? Милош : - Не , и него ќе го носам кај Нено ! Тој заклучил дека , кога ќе се омажат , дечковците ќе му ги украдат тетките и ќе немал тетка повеќе .
Сестра ми нонстоп го задева , особено ако зборува со дечко и на телефон , море го убедуваат ќе те шетаме ваму , таму , не никако не прифаќа . Пусто жал за тетка . Немал он тетка за давање .
Ја спремам за спиење и земам да ја покривам и гледам колку е слаба.Па и велам: -Душо, не знам јас веќе што ќе правам со твојто нејадење , мама почнува да се плаши , ќе те носам на доктор , види колку си слаба. Таа: -Јас не сакам да бидам дебела. Сега пробувам да видам дали знае што значи тој збор , па ја прашувам: - Добро душо, а кај имаш ти видено дебел човек.Па нема дебели луѓе . -Јас не сакам да бидам дебела како тате, он има големо меше Зарем ние жените проблеми со дебелината мачиме од 4 години
Епа тука некаде се , мојава во април наполни 4 , два-три месеци се разлика онваа мојава веќе и во штикли влезе не и треба да има ни 10 , камо ли 17 години . А да се чудиш , ми преживеаа штиклите не се искривени , не се искршени , само на штиклата една ми го извадила тоа како капаче и сега чудно чука друго се е на место .
Стига нотификација дека Филипче е во прес,а претходно го имавме гледано на вести и знае дека е Венко Филипче. И телефон во неа јас во Др соба и целата возбудена дотрча и вели: мамо Венко Филипче ти пишува
Ќивам и ми вели: Наздравје мама. Ќивам уште еднаш и вели: Наздравје бе, и полека малку не мора толку силно да ќиваш Јас: ко ќе се роди батето, мама ќе е во болница неколку дена со него. С: во болница? Не давам, не може. Ќе ми го боцкаат таму батето
@simonka93 .ме потсети, ко бев во болница породена со Неда големава плачела за мене. И рекле не може мама да излезе не го пуштаат бебето оти е мало. А она: е ако де, мама е голема, нека ја пуштат, бебето ко ќе порасне нека не викнат ќе си го земеме. До ден денешен не може да се помири со фактот дека има сестра, многу и е тешко
Мојата уште од сега ми вели (иако абер немам за второ дете, ама да си каже таа) " Мама немој да си родила друго дете. Јас сакам само моја мајка да си. Не на други деца"
Мојот засега многу сака и секој ден прашува кога ќе се роди. Па што ќе му правел и давал. Се надевам и ко ќе се роди ќе ги има истиве чувства
Инаку колку слушаат и кога мислиме дека не слушаат. Малата си игра тука во дневната, а јас Зборувам со другарка на телефон, и кажувам дека откако не преспива малата супер е си легнува најкасно до 9, додуша преку ден турбо бидејќи од кога ќе се разбуди не застанва ни 15 минути, па некогаш накај 18 кога ќе ја фати криза, се малтретираме пошто ништо не и се погодва кемкава е. Помина тоа некаде по еден час доаѓа ме гушка и ми вика " Мама извини што те малтретирам" Прво се зачудив зошто ми вели така , и велам никогаш не ме малтретираш, па после ми текна за разговорот на телефон.