Јас: Ева ајде да му ја испееш happy birthday на вујко ти па ќе дувате свеќи. Ќерка ми: не можам, не сум во форма
Денес му донесе дедо му лубеница (карпуз по наше) Живи радости беше и ме фаќа мене по стомак и вика: Мама, и ти си како карпуз
Правев колач и нормално на секој колач мора свеќи и да пее хепи брдеј и да дува. Ги местам свеќите и и викам ајде вежбај сега за роденденот. Отидов да земам упаљач да ги запалам и ја гледам крева раце горе долу, клекни стани. Па нозе крева, спушта. И викам. Надја шо прајш? И ми одговара " Па мама ти ми рече да повежбам "
Лежевме на спална и си пееше некои нејзини песни и баш на уво ми викаше на цел глас и и реков " немој мама толку гласно ке ми го пукниш тапанчето ". После јас ја задевав нешто и ми вели" немој такаа ке ми чукниш на тапано! "
Правев ручек пред некој ден. Ме гледа и вика што прајш мама? Еве, ручек. По некоја минута седнав во трпезарија, пошо ми е тешко да стојам и ме гледа и вика: Ама ти ручек прајш или си седиш?
Јас сега сум бремена со трето и бев на матичен да ни каже за полот на бебето . Им кажувам на децава дома и реакциите : - Јас : - " Докторот кажа дека ќе имате дадичка " . - Александра : - " Јеееес , ќе имам другаркааа " . - Милош : - " Уште едно женско ? Ааа , ја не можам да го чувам , Александра нека го чува , ја неможам со едно , не па со две женски да излезам на крај " . Значи , умрев .
Кај му текнува бе . Кога ќе размислам , па голем е веќе , нормално е . Среќа нема да има време за третово да го види , почнува на училиште од септември .
Па на мојов кога му текна на 4г дека растеле бебињата... рече дека не сака уште едно Мозочиња се, итри
Ние со комшиките правиме муабет која би се нафатила да роди трето, а мојава стринка мала се врти и ми вика: немој случајно таква глупост да си направила, ние ова ( сестра и) едвај го чуваме
(Фраерот обожава да шета гол по дома) Му викам оди да си облечеш гаќи! Оди до соба и се враќа пак гол и вика: Мами се облеков, ама овие ми се pretend гаќи ( демек божемски)
Внукот ко беше помал некаде 3-4 год дојде кај нас и му викам "Филип сакаш да јадиш нешто?" "Не, јадев дома баба ми даде, зеленчук(краставица), црвенчук(црвена пиперка) и оранчук(морков)"
Играат со татко и со картички со букви. Стигаат до љ, љ какооо? Сара: Љ како поЉубац... Кај го чула не знам.
Се возиме во кола ќе одевме во веро. Ја прашувам " Надја сакаш да дојдиш со нас во веро или ќе не чекаш кај баба? Надја: Пааа...би сакала доколку е возможно да дојдам во веро.
Една постара комшика ме прашува “Бара уште да цица или заборави”? Викам ќути,не го спомнувај зборот на Ц воопшто, не ми прај проблеми. Ќерка ми као демек заиграна, и се врти и гласно и навредено и се извика “Не бееее не цица, цицо има кув” Одиме на доктор заедно, виде што виде и вечерта дома кажува: “Оде мама доко, геде меше, геде бебе. Мама боле меше, нема бебе!” Ја зачудена, како нема и велам, тука е бебето,ми рече едвај чека да излезе да те запознае. “Неее, ти си моја мама, воа мои гачки, мој кевет, мое толче, мој точко” Се чудам како ќе го прифати бебето
Ќе го прифати кога ќе се роди малото . И јас мислев дека синко нема да ја прифати сестра му , ама кога ја виде во болница ја изгушка и бараше да ја држи во раце , а он 2 години и 2 недели стар . За третово малку беше скептичен , особено кога му кажав дека женско ќе биде , преку глава му е од жени ( во потесното семејство сме све жени , едно мм е машко , свекор ми и син ми за сега ) . Он : Го запишавме во прво одделение пред некој ден . Таму не пречека психолог , кој го испрашуваше малку . На поставено прашање колку букви знае , он одговара : Милош : - " Ја знам само една буква , А " . Психолог : - " Добро , ајде Милош кажи ми што е тоа што лета , и првата буква му е А " ? Милош како од топ : - " Хеликоптер " .
Ќе одев до продавница и плачеше да дојди со мене. И викам ајде изброј до 10 додека избројш ќе де вратам Надја: девет, десет!!
Насабајле им правам смуди, овошје со овесни, големава си го пие лежечки, додека гледа цртани. Се закашла и ми вика: мамо ми залетна снегулка. Каква снегулка? - ја прашувам Па Совесна