Дојде ноќеска во 2 саат да ме разбуди и ми вика: Мајка ти спие. Викам па легни до неа. Мајка ти спие нема млеко. А мајка ми и неа и е мајка.
Пред некој ден плаче, вришти се бута у мене... И викам: од сега за казна, нема гушкање и бакнување се додека плачеш...ти си голема, треба да си умна и мила, девојче си.. Договорено? Договојенооо Доаѓа татко и од работа и му вика: Татоооо, неможе да ме гушнеш и да ме бациш. Мм збунето гледа и вика зошто? Мама така кажа... Ме гледа мм и ми викам чек сеа и на мајка ми ќе и каже коа ќе дојде. Влага мајка ми и во иста секунда и вика: нано неможеш да ме гушнеш, зошто мама така кажа.. Абре умно послушно дете
Утрово ми вика :" Мамо, јас ногу сакам Јонас(љубовче од градинката)" - Знам душо.А ти му кажа дека го сакаш. -Не он ми кажа "их хаб либ"(мисли на те сакам) Љубовни маки наутро дали да му каже или не
И ја читам црвенкапа Си било едно девојче и се викала Црвенкапа Надја: абе мамо , не така. Си било едно ЧУПЕ, не едно девојче Беше 9 навечер и бараше да одиме до џамбо. Нормално не отидовме а живееме во близина на џамбо. Седиме на балкон и ми вика "мама слушаш кај шо плачи џамбо? Јас: Е за шо плачи џамбо?? Надја: Па плачи по мене, вика дојди Надја дојди
Спремам појадок за сите различно и син ми набројува: -Јас ќе јадам тоа и тоа, тате ќе јаде тоа и тоа, сестра ми ќе јаде тоа и тоа...(за секого кажува по некое јадење) - А мамо, ти што ќе јадеш? - ме прашува. Викам: Што ќе остане. И ќерка ми на тоа вика: Мама ќе остане гладна.
Понекогаш кога го караме му велиме: Ние за се ти одиме по г'зот, а ти пак не слушаш. И седи со дедо му на тераса и му вели: Дедо, ти си многу немирен. Јас тебе за се ти одам по г'зот а ти мене ич не ме слушаш.
Големава се прави паметна: мамо знаеш зошто Неда се глупира? Зошто мама? Па затоа што и дозволуваш да гледа глупости на телефонот
Ова ме потсети на мојата, јадеше и и викам може сега мама да јаде? Да може, и ти ќе бидеш дебела... Викам оо па ти затоа ли неќеш да јадеш? Да, да не бидам дебела.
Викам мами може бебето од вујне да се вика Ведран? Ведран??!!! Извикува гласно,оо не мами Бог да чува! И превртува очи
Малово се научило да ми ги брка гостите. Само што ќе седнат луѓето, одма ги прашува - Кога ќе си одите?
Гледаме детски канал МРТ5 и им кажувам на децата дека мама кога беше дете како нив ги гледаше тие цртани и емисии. И малата ме прашува: А мамо, ние тогаш само татко имавме?
Исто најсмешна беше за роденденот пошто сакаше да отвора поклони и реков додека има гости нема отварање. И на крај тие што останаа отиде и им рече. "Мене некако како да ми се спие, ај ојтеси треба да спијам "
Хахаха Зборевме нешто за бебиња и му објаснувам дека сите биле прво бебиња и јас, и татко му и дедо и баба и тета, а он на тоа вика "леле па кој не чуваше толку многу бебиња"
Бевме на гости со мајка ми кај внук ми и тој секогаш на почетокот се срами, а подоцна се опушта. Бидејќи цело време се криеше од нас го излажавме со мајка ми дека ќе си одиме и се симнавме од тераса, а тој станал и видел дека не нема и го избришал челото од пот и кажал оф фала богу нема никој
Воопшто не сака бацување , гушкање освен кога ќе се удри. И вика мм ела баци ми и таа нервозна " оти шо ти е да те бацам?"