Седиме со другарками и малото нејзино нешто се вртка околу нас и ја нешо и зборев за факлутетот и малово ми вика Ти идеш на фалутет? и почна да ме праѓува што е тоа како е зашто и објаснувам и ми вика што ќе бидеш коа ке пораснеш?Јас и одговарам Археолог и малово ми вика а што е Алелолог? со другарками си се изнасмеавме слатко
Баш вчера една школска ми кажуваше за братчето(има 5год) на нејзината другарка што направило. Си седеле дома сите фамилијарно и тој и рекол на мајка му: Мамо мамо, ај баци го тато. И таа му рекла зошто да го бацам. Па така. Ај баци го, па ќе ти кажам зошто. И тие се бакнале, и потоа го прашала ај кажи зошто сега. Мамо а да те прашам зошто ти кога го бацуваш тато мене к*рето ми се крева нагоре.
Па не знаев дали да плачам дали да се смеам на ова, ма да кога го прочитав ми падна смешно ама жалосно е, ќе беше добро и да постираше што му одговориле неговите, како му објасниле, детево ова го има слушнато од некаде, или неговата сестра не внимава што зборува пред него (не знам ни колкава е)или па неговите си земаат поголема слобода па дури и пред децата. Кога го читав си замислував како да читам виц и дека не е вистина.
И мене ми падна смешно кога го слушнав ова, но кој знае што му кажале родителите. За ова не ми кажа. А пошто е мало детето, сестра му цело време го влече нагоре надоле со неа и нејзинте другарки, па валда од таму слушнало нешто.
Братучед ми учи во училиште каде што има и доста Роми, а тој е така побел на тен. И ја прашал дома мајка му, Мамоо, зошто сите други деца на школо се како попечени ?! Јас најбел испаднав од сите деца.
^^^Такви фази во развојот на мало дете се нормални Нема причина да биде жалосно прашањето ... сигурно родителите нашле прикладен начин да му објаснат
Абе такви зборчиња како куле цице и сл. се нормални до некаде, ама волку сликовите прикажување на работи кои не му се јасни, веќе треба да се замислат неговите Тоа не разбира ама памти добро, сега ова утре нешто друго ќе слушне од тој од кој го слушнал претходното, тоа не е добро за воспитувањето на детето а и срамота е да го каже ова пред други. Да му објаснат не можат зашто е многу мало и тоа не знаело што кажало, за тоа зборот ми беше дека треба да се внимава многу пред малите деца, зашто тие ги имитираат постарите.
Една вечер бев излезена со друштво во кино и многу ме болеше главата. Пред да почне филмот додека стоевме во фоајето препрашував кој има апче за глава. Од моиве никој не носеше многу нормално, па морав од вработените да барам. И одам накај една тетка и во моментот го заборавив апчето како се викаше ... Си помислив кое апче беше,како се викаше..?!? После толкуу мислење и мумлање и велам на женава : -Се извинувам дали имате аналдол (ова е моја комбинација на аналгин+ андол) Женава ме гледа зачудено и ме прашува што е тоа ?!?Јас уште па упорна аналдол повторувам, како тоа не знаете па апче за глава е!!! -Првпат слушам за вакво апче но немам девојче. И јас си влегов со главоболка да си го гледам филмот. По некое време кога ми текна што одвалив ... уште па и направив на кутрата жена вакви фаци што не го знае апчето за глава
Ооо, ваквите бисерчиња мејк мај деј. Еднаш, едно малоо девојченце и викаше на мајка и‘ - Мамо, мамо, види растат цвеќиња на дрвото! А едно мало момче со велосипед на помошни - Ќе возам брзо и ќе летам на неботоО! Тоа го кажа со огромен ентузијазам и фалично Л. Душа
Тазе бисер од син ми: - Мамо, нели само женските имаат ци*ки, зошто и на тато му пораснале? Ова беше голем удар на егото на саканиот сопруг кој во последно и претпоследно време малку „порасна“. И уште еден, од вчера: Јас на телефон со мајка ми, а малиот нешто ми бара. Јас забележувам само дека не е многу итно, и го игнорирам. И така после неколку обиди ми подвикнува: Мамо, работи нешто!
Јас ќе споделам бисерче од брачед ми кој има полни 5 години. Значи се’ знае, за секој одговор има свое прашање и зборува цееело време! Вчера му бев дадилка, дури неговите беа на гости кај пријатели и го гледам, паѓа за спиење! -Ајде му викам, легнувај одма !! (демек да го заплашам) -И тој на тоа сериозно, со полуотворени очи, ми вика: А мори како да легнам, поубо сега да издржам, да ја почекам мама, отколку некој ден во затвор да одам! -Ауу, зошто така бе, му викам. -И тој, а бе ти мислиш ја незнам како се купвет бебиња а? После ќе требит да ја удам со перница, ни Анастасија ќе се видит, ниту ништо (името на неговата замислена сестра, која сеуште не постои! ) И втор бисер, ова му е од пред два месеци. Никако несака да спие во посебна соба, стрикно до мајка му, гушнат за неа! И сега секако, маж и жена, чекале кутрите детево да заспие, да се “фрлат“ на работа, ама овој наслушнал и иде другиот ден дома и затрчан од вратата и вика на мајка ми: “Стрино, ти кога спиеш викаш силно Аххх,ахх?“ И на мајка ми и текна што сака да каже и вика : Нееее, зошто? И овој: Па мама сношти викаше и ваква фацка (го замисли одговорот на мајка ми)
Пред некое време, „пајак“ ми ја собра колата и тоа беше топ-тема цело попладне дома.Додека разговаравме со сопругот за тоа што се случило, малечката ме гледаше со широко отворени очиња и којзнае колку ли си правела филм во главчето, како нешто што е толку ситно како што е пајакот, може да крене толкава кола.А јас потресена од настанот, не се ни сетив да и објаснам за каков пајак станува збор. По два дена одиме да пазаруваме со ќеркичката и ми истече времето за паркинг и и велам: „Сине, ај да побрзаме, да не ни ја однесе пајакот колата повторно“ А таа, душичка, трча меѓу паркираните возила и кога го виде нашиот автомобил почна да вика на цел глас: „Мамоооо, еве ни ги колааааааа, не ни ги однеја комајац“ Спојлер комајац-мисли на комарец, пусто детенце знае дека се работи за некој инсект, ама кој беше ?
Еве еден од братучедтка ми која има 6 години. Учеле на училиште нешто за домови,простории во домовите и не знам баш добро некое дете ли прашало зошто ни е потребен кров,и учителката ајде да видам кој знае ? Сите штама,кога таа диза рака и "како зошто ? па да не падне оџакот "
Слично на ова, мене колата ми ја собра пајак пред неколку години. Ќерка ми тогаш беше многу мала, мислам дека имаше околу 2 години. И јас понесена од настанот земав да и објаснувам за пајак, и покажав како изгледа, без големи очекувања дека ќе запамти нешто. Се возиме во кола, гледа пајак, и вика: „еј мамо, ене го комарот!!!“. И јас пак и трпеливо и објаснив дека е пајак Седиме дома ден-два подоцна, и ми вика „мамо, а тебе зошто колата ти ја зема мувот?“ Барем се уверив дека сфатила дека се работи за инсект во машки род, и знаеше да наброи неколку инсекти
Мене ми текна на едни подамнешни случки со внука ми и на нејзините бисерчиња Разгледував некои фотки од минатата година и ми текна на една вечер кога откривме кој тежок дипломат е, што би рекла другарка ми - медијатор Бевме излезени заедно и со мајка и на сладолед. А јас вечерта договорена за излегување, и си велев - ма нема проблем ќе стигнам на време, имам 4 часа за нив. Аха - важи. Внука ми прво јадеше многу споро од сладоледот, ајде во ред. Ама во ГТЦ кога ги здогледа оние љуљашкине пред Ања не можеше да одолее и тука веќе знаев дека имам проблем Потоа после долга прошетка, одејќи низ плоштад намириса пченка па и тоа и се јадеше и веќе видов дека сигурно ќе доцнам, и презакажав на другарка ми за едно 15 минути подоцна. Јок бе, и така доцнев. И конечно тргнавме со колата, јас со внука ми седев позади и братучетка ми знам ме потпраша. - Ќе стигнеш? - Па веќе доцнам по втор пат ама што да правам. Внука ми се убацува во муабетот. - Што ти е? Нервозна си? Јас и велам. - Да, нервозна сум. Со тие големите љубопитни очиња мислиш мачорот од Шрек се појавил пред мене. - А зошто? Кој те нервира? И го штипнувам носето и и велам демек сум и лута - Како кој, па ти! Цело време се нешто сакаш, де сладолед, де пченка, де љуљашки, де да си играш со дечињата, па да се шеташ, ќе ми се лути другарка ми затоа што и доцнам. Молчи, молчи некое време, ме гледа во очи и ми вели. - Еј Пирамидче, знаеш ли што ќе си купам кога ќе имам мноооогу пари? Си велам - бре, менување нагло тема и ја прашувам, што? - Леле да имам мнооооогу пари како би си купила една Пирамида, ау не знаеш најубава си е! И иди после лути и се, прснавме од смеење а што е најсмешно умилкувањето продолжи. Братучетка ми ме прашува дали да ме остави таму кај што стигнавме, и јас и велам - не, малку понатака се чекаме, после трговскиот остави ме, и внука ми тука колку што може да мрдне од седиштето, ми се фрла во прегратка и се тутка кон мене, ми ја зграпчува раката и вели - Леле фала Богу што не се чекате тука, уште некоја минутка ќе бидеме сепак заедно! Ах, да и грицнам од тоа обравчињата шармантни.
Мојот мали е во некоја фаза ,,Како мали Ѓокица замишља свет,, Еден ден одам во Вц и се враќам и тој ми вели - Мамо ти имаш женско паче и јас - да имам, и јас мочкам како тебе од таму. И следна фаза кога те засрамува пред гости и вели - мама има женско паче Друг ден, дај ми паричка да си купам братче (сигурно слушнал како некој собира пари да си купи бебе) и јас - неее ке си купиш сестричка, и тој - па не сакам кукла сакам братче да возиме мотор. Син на мајка уште од мало женските ги вика ,,кукли,, Трет ден, ме гушка, ме дави, ме бакнува, се беси на мене како мајмунче и му викам - добро мали што сакаш - 2 автомобила, 1 мотор, 2 спајдермен и 2 бетмена. И му викам, па имаш, веќе незнаеш што имаш од играчки па само измислуваш и тој на мене - па сите направија судар, ги искршија автата и моторите, дојде полиција и ги однесе во затвор. А тој, што си ги крши играчките си ги крши туку сега и ги скрил во неговата соба за да издејствува за нови
Имам внук од 2 год, ама е интелегентен +100 значи зборува све, памти се и сешто што ќе слушне, поврзува реченици а за компјутер и моб.да не расправам тата-мата прави. Пред некој ден го однесов кај дечко ми дома(него го сака најмногу)и му вика: ,,- Мозе да те пашам несто?,, и дечко ми:,,Може кажи,, ,,ја сакас тета ми?,, и дечкоми ,, да да секако,а зошто ме прашуваш?,, И внук ми молчи, молчи и му одговара: ,, Така, за инает,, офф топик + обожава да зборува и кога нема со кој сам си зборува и кога ќе го прашаме што прави тој само ни вели НИСТО СИ ТЕСАМ ГЛУПОСТИ
Ми текна една глупост од малечка кога бев. Многу се радував кога на телевизија ќе кажеа „Поздрав до сите оние што не гледаат пред малите екрани“. Секогаш се чудев од кај знаеа дека ги гледам па да ме позрават. Спојлер лудача
Неодамна Пепи на градинка. Пепи: наставничке вас кој ви го дал името? Наставничката : кумот. Пепи: а како се вика? наставничката: Митко. Пепи : а каде е ? наставничката : починат е. Пепи : Бог да го прости .. така се вика на умрени
Ова е од сестра ми кога беше мала. Ги носеа од школо во посета на џамија и сега на сестра ми зборот џамија и се видел најверојатно тежок за паметење, и и текнало дека зборчето џамија е слично на зборчето џамлија,ама за секој случај да не не и текне случајно на џамлија и текнало дека џамлијата (поради формата) личи на грашок И се врака дома и сите ја прашуваме-кај ве носеа од школо? И ни врака ко од пушка-ВО ЦРКВАТА ГРАШОК! Леле,колку смеење имаше за ова, до ден денес ја зезаме за тоа