Ја вика една комшика Јана дојди да ти дадам банана ,мојата и вика не фала имам дома.Ама ако и јас сакам да ти дадам една зошто си многу умна.И ајде се согласи ок може.Ги слушам од тараса и викам на ќерками што треба да кажеш .Може уште една за братми?Умрев од срам
Ја мачкам со крема против комарци. Надја: Шо е ова? Јас: крема за да не идат да те касат комарци. Надја: па нормално нема да идат, види ме СМРДАМ КОРНАМ од кремата
Се им текнува. На таа возраст се што слушаат и тоа што не треба и логички ги поврзуваат работите. И од мојов понекогаш со мм остануваме со зината уста од кај му текнува
Затоа почнавме на англиски да зборуваме кога не сакаме да не разбери. Ама за скоро и тоа нема да можеме
Ѕверки деца имате, срциња. Мм ја научи мојава да одговара на прашање Што си му ти на тато? - Маче, мало маче И секој ден и она си кажува - *** на тато маче, мало маче. И вчера викам ај ќе ја прашам да ја збунам Што си и ти на мама? Се збуни ме загледа 2 секунди и викна: КУЧЕЕ
Надја: Мама, земи прсни се со то средството ( средтство за дезинфекција) оти ќе ти дојди короната. Надја: Мама кај живеј тетка Ххх? Јас: Не знам ко ќе ја видиме ќе ја прашаме Надја: Ама јас знам кај живеј Јас: Е каде кажи ми. Надја: Дома си живеј уште се смееме со мм за ова
Нз дали се смета за бисер, ќе пишам, мене ми беше смешно, мали е 19 и пол месеци. Седеше во базен во вода и му велам: Леле какви ти се нозете, стари (дека набрчкани од водата) И си ги гледа и вели Таи. Другиот ден беше валкан одеше бос надвор и свекрва ми му вели: Леле бабе какви ти нозете. Синко и вели: -Таи Таа вели Какви, тој пак Таи И кажав што е работата се изнасмеавме, секој ден го прашува
Песната умирам без тебе од каролина што ја пејат на дајте музика место " цело небо свети ѕвезди и комети" си ја пее " цело небо свети ѕвезди и КОМПЛЕТИ"
* Легнавме да спиеме и ми побара песна да и пеам. Ја прашувам која песна сакаш мама? - Ти ти ти само ти. * Пред некој ден лута беше дека не ја пуштав надвор во најжешкото и се правеше дека плаче покриена со перници и ми вели : ајде кажи ми нешто! Ја прашувам : што да ти кажам? Вика кажи ми : немој да плачиш мамичка ке ти дадам чоколадо. * Имавме купено крофни и нејќеше да си легне да спие дека крофните ке биле од вчера, немало да и дадам да ги јаде. * Го викаше мм да оди со неа во детската да играат и му вели : ајде тато дојди да си играме дека многу сум ти черка. * Еден дедо стално кога ке ја види и вели дека многу убави очи имала и она се крие. И дома ја прашувам зошто се криеше од дедото, вели : дека секој ден ми вика дека многу убаво дремам со очите.
Заспана она кај татко и на гради, јас и топлам млеко во шише. Му го давам на мм, он да и го даде да пие цела ја потури по лицето. Станува она нервозна и му се врти на мм: Де бе тато едно дете не знаеш да чуваш Ги прашувам насабајле што сакате за појадок, малава одговара "бљаки" ( во превод какана пелена) и се клештат двете. Аа викам, седни на нокшир направи бљаки и ќе ви го поделам со даде по пола. Ама јас мртва озбилна. Ме гледа големава и ми вика, ама мамо не сакам јас бљаки, мене тост направи ми Им давам млеко кравјо од село што ми го носат. И го пијат без проблем. Ама чула големата дека купуваме домашно млеко и вечерта ми вика: сакам млеко, ама не од вистинска крава. Епа од каква крава тогаш? Па од таа што дава млеко во тетрапак
Ова од сабајле. Се гушкавме и и велам оти си мама ти толку слатка? Вика : оти многу те сакам. И после се подзамисли и вика : а затоа мама ме јадат мене комарците дека сум многу слатка?
Сабајле неќеше да јаде(ништо ново). Па и реков дека нема да добие ништо друго цел ден. Па побара сладолед и и реков не може. Доаѓа и ми вика: мама јави му се на тато. Зошто викам? Да ми каже можам да јадам сладолед.