*Мамо пушти љу туб! -Мама почекај малку, не можам, рацеве ми се цели со зејтин. *Епа шо се шапаш со зетин? ^Аууууф, си ја удрив ногата од маса! *Абе мамо,пополека оди! Сака да седи на маса, и и кажувам дека на маса се јаде а на столче се седи. -А на ПАЈАК може седам?
Од милос во афект му кажав абе ти сам си одбра цртан. Мали: мамо ти кажа абе пропратено со лута фаца.(ова зошто му кажувам дека, абе, бе ... не се убави зборови) И нормално мама мора да се извини зошто згрешила А кај мешањето јазици Јас: каква боја е жабат Тој: гринко
Не го знаеме полот на бебето, ама ќерче сака упорно сестра.Исто и јас накај женско влечам Па ми текна и ја прашувам: - Пиле , што ќе правиме ако бебето е машко? -Ќе му дадеме на тате да си го чува Се знае кој збркал работата желбата цело време и е сетра
Мама ај купи ми марожна. Јас цела прашалници Надја шо е то? Надја: Аман бе мама не знајш руски, марожна е ајскрим. И руски од Настија научи
Кога ќе ми го земе мобилниот и ако има известување дека батеријата е празна, вика мамиии батеријата ти пишалааа Исто и кога ќе си го земе таблетот, ако има некое известување на екранот од Јутуб пред да го вклучи вика лелее Мистер Џо ми пишал ( еден што го гледа на Јутуб) Од рубриката плачки за глупости кога му се спие, вчера мајка ми и татко ми беа кај нас. Откако си отидоа почна да плаче зошто дедо му не си ја испил водата.
Бегаме накај дома во кола таа готова да заспие замижува очи, јас да ја задржам да не заспие за да си легни дома и велаѓ. Види Надја пилињата шо летат горе? Таа мртва ладна: какви пилиња, темница е, не летат пилиња по темница навечер.
Синко има 15месеци ,сабајле мм го прашува: Давид,како вика мама ? Давид: Муууу (демек како кравата) Доаѓам јас и го прашувам : А тато како прави? Давид: гг гг гг (тоа му значи дг дг правел коњот) Се изнасмеавме,кај му текнаа
Правевме муабет дали сака бебе,братче или сестриче.. Да сакам, како ќе се вика Алекс ако е машко и Габи ако е женско( од ју туб нормално). И сеа тука измеѓу има приказни како треба во нејзин кревет да спие и да не плаче ноќе, да не ме секира, да не бара во раце, да не ме клоца(не дека послуша нешто ама ај). Утре дента ми вика: мамооо,ајде да одиме да купиме залепен кревет! Каков бе залепен(ств не укапирав) Како на пепа, јас ќе се качам горе.. А добро за кого е тој кревет(на спрат) Па за мене и бебето. Кое бебе бе мама? Па тоа, што ќе се роди, Алек или Габи... Јас ќе спијам горе,а ти и бебето доле. Мама јас влегов кај тебе во мешето од пупето и после пораснав и те исекоа и ме извадија.... Зошто и рековме дека и се доста играчки,не вика купете ми туку: мамо ај да одиме во во подавница(со 2× во, не знам ,зошто така ја вика) да си купам тоа и тоа... Едит: Сакам да одиме некаде со К. Не може мама да одиме. Ама ќе ставиме маскии!! Значи не може, ладно е. Па ќе облечеме јакни... И јас уште си мислам дека ќе се разберам со ова мое дете.
Леле и мојата е во филм бебе. Само нашето елзa ќе се викa безразлика на полот и пораснато да се родело да не сме трошеле пари за пелени и млеко :fail:
Е мојава под дифолт мисли дека со бебе ќе игра и скока уште ос прв ден. Кога и кажав дека ќе е мало една тажна фаца кога напраи..се разочара хахах
Антонија цица, а Никола се мота околу нас. - Кажи мамо тие цицки беа мои кога бев мал. - Да бе сине. - А сега ми се смалиле и затоа се на Антонија, како и алиштата и кондурите...
Додека бев бремена со второто несмеев да јадам пред ќерка ми Стално ми викаше ќе го испрљаш братми напи се вода одма, сакаш прљаво бебе да родиш. И викам пред некој ден што сакаш да бидеш ми вика нинџа, и викам тоа е за машки ти треба да бидеш принцеза Ми вика неќам Ја прашувам зошто ми вика принцезите се претвараат во мајки а мајките прават се. А јас тоа не сакам!
Раскажувам приказна како на некое детенце му било роденден и кажувам " И мајката спремила салатат, пица..." Ме прекинва и вика : "Салата??? Не бе каква салата, шо ќе му е салата да се мачи, пица доста е за гостите"
-Тато знаиш колку не те сакам? мм:колку бе тато? -Нооооогу не те сакам! мм:зошто така? ... ќути ќути и коа размисли: -Оти немИш коса!
Мамо ај да и се јавам на мајката на Л да и кажам дека не ми давате да јадам сладолед... Ова сеа е сакам сладолед ама како да ти кажам одоколу оти знам дека нема да ми дадеш...