Апјац Така правела Настија. Коа ја пее песната од неа, ми иде да ја треснам. -Настија настија тебја поздравја Настија
Доаѓам вчера од работа и ми ја зема чантата бараше нешто, отвара гледа 1 денар и до тажрн глас " Мама само ова го спечали денес??"
Поткашлува сабајлево и и викам Ох ох,од каде ти е оваа кашлица? -Од стал(р)о железо купив ! Нешто као се зеза со мене детево
Внук ми (4г.) си измислува сценарија. Денешното сценарио: Наставничката:колку се 1+1? Внук ми:2 Наставничката:Браво бе дечко Следна случка: Наставничката:Колку се 2+2? Внук ми:5 Наставничката:Како бе 5 и му залепила шамар Кога го кажуваше ова дури нервозен беше
Најново заразена е со видеата со "5 minute crafts" и денес ми вика "Мама ај пуштими од тие поучните видеа, да научам нешто, не само цртани да ми пушташ"
Малава го прашува брат ѝ: -Имате ли вие парно во училиште? Тој ѝ одговара: -Не, немаме. -Епа како се греете? - им се приклучувам јас во муабетот. -Па со затворени прозори.
Мм ѝ вели: собери ги коцките во кесата. Ќерче: аман ме пукна со тие коцките, полојната ќе ме боли од коцки берење
Седнавме со мм салата да јадиме а она беше во нејзината соба, и иде налутена и вика полека малце како машини јадите!
-Мамо дај ми игри да играм на телефон. - Не може игри на телефон. -Добро јас веќе несакам да живеам со тебе и тато,ќе си одам да живеам со баба и дедо
Јас: Г, што сакаш Дедо Мраз да ти донесе? Г:...(набројува) Јас: А за бато што да му побараме? Г: Па не мора за бато, ќе му дадам јас од старите мои нешто да си игра. (Ова дека му кажуваме дека ко ќе му омалат алиштата, брат му ќе носи)
Ја гледа рекламата на пикабу со бурито играчките и вика : -сакам вакви да ми купиш И викам нема тука такви само во Србија се продаваат. Тоа е друга држава. Она : аможе да одиме во Србијата да ги купиме?
Првово не е бисерче, ама ме изнасмеа и укопа истовремено Јадеме пржени компирчиња, и ми падна едно и јас од земја си го зимам и во уста и тој Ииииии мамиии, ах мами мами, така не, тоа каканооо,тоа во канта. и зима компирче го фрла на земја и го зима и го фрла во канта. Ете вака мами Канта И ако ме види да ставам прсти во уста (оти грицкам нокти,) одма ме "кара" Мами пстето какано, има кона виус не во уста Одма миеш сапуце Да ги миеме, имало корона
Ова учителката од градинка ми го кажува. Си правеле муабет и учителката му рекла дека биле иста генерација со баба му Дафе. И Никола и рекол - Е нема шо, баба Дафе е млада, а ти си стара! Учителката: - Е како бе стара Никола, исто години имаме со баба ти. Никола: - А ти возиш ли кола? Учителката: - Не. Никола: - Е па баба вози кола, она е млада, а ти си стара.
Јаде јаболче и ми вика: мамо ти само јаболчиња и други овошја да ми купуваш. И му текнува нешто и ми вика. Мамо ти немој да мрдаш! Ти не смееш да одиш во продавница, зошто немаш маска. Еве јас имам маска и ќе одам во продавница да купам овошје И детево ќе ми има таруми од маски, вируси....
Денес бев на фризер, си направив шишки и ја прашувам дали сум и убава. Вели убава си ама нејќам и мене така да ме истрижи тетка фризерка. Цел ден ме гледа сега, ме чепка по коса и со рацете ми ги крева шишките и вика вака си како мама, вака не си како мама.
Сега за Thanksgiving учителката ги прашуваше "what are you thankful for?", и ќерка ми кога дојде на ред вели: my family, toys and GUYS. Мислеше на другарчињата од училиште, дека учителката понекогаш им вика good job guys, well done guys и така запамтила.
На татко и вчера му вели тато ај да личиме, тој ја прашува како да личиме тато? Така како елката шо личи вика . Седевме дома и се запна ај да одиме Applebee's. Велам што ке правиш таму? Ке си порачам оривче кај тетката и ке си мезиме.