Внука ми уште не збори, ама многу ми е смешна кога ја "терам" да ме рани. Ќе и дадам прво една соленка на неа и уште неколку во рака ќе и ставам, ќе отворам уста и ми става соленки во уста, и после приметува дека нема више, се врти лево-десно околу неа да види кај се, и кога ќе види дека нема, леле луѓе една лута фаца кога ќе направи и ќе викне, крива сум јас што сум и ги изела. А еднаш, слично направив и со смоки, и она си бутна прво кај неа во уста и после ме гледа итро мене, врти со очињата лево десно, ја скрши смоката на пола луѓе и ми ја стави во уста. Другата половина за неа си ја зема хахаха. Исто ми е смешна кога ја замарам и и дувам од далеку во уво кога прави нешто, и прв пат ќе се поттргне или ќе ја стави раката на уво, и после ќе ми се сврти и ми упатува изнервиран, убиствен поглед, у стилу сериозна си што праиш, ај остај ме на раат. И си продолжува да си прави тоа што правела.
Станува сабајле и ми вeли.. Ех, мамо, мамо, од кога ја немам видено другарками Матеа, а шубо милјарда години си се дружиме.
Правев пудинг, ама 3 тањирчиња само излегоа. Му дадов да јаде и дедо му си зема едно. И му вели: Дедоо, не јади ти, мајка ти е гладна, нема да има за неа. Ме научи и детево дека сум вечно гладна
Маж ми се избања и седеше во бањарка, доаѓа малата и случајно го допира меѓу нозе и му вели Тато и ти ли се испокака?
Бојат двајцата во боенка и малата му вика на брат ѝ: - Јас подобро обоив од тебе. Овој се налути и ѝ вика: - Е сега многу ме навреди! И малата на тоа вика: И мене секогаш кога ми кажуваат вредни работи се навредувам.
Денес после подолго време сум дома а не на работа, и дете пресреќно и насмеано ми вика: “Ииии мамо,абе шо вака миљиса?” -на шо бе мама ти мириса?нема ништо. “На мамичкаааа миљиса”
Мм кажува што ќе ме части за нова година и се обраќа накај Нада и и кажува а на тебе тати ќе те частам мнооогу играчки и мноогу нови алишта и Нада му вика аа кака Демек не и се допаѓа Јас и кажувам дојди мама со мене во вц и она трче по мене и ми вика мамаа какааа Некни кај баба и била немирна, и баба и и кажала, чиче спие ако го разбудиш и Нада рекла шшшшшшт, демек потишина
Ми текна на една случка пред околу 2 години. Големиот имаше околу 5. Идеме на бензинска јас маж ми синко и еден пријател од маж ми. Оди пријателот до маркетот и му вика на син ми ајде и тебе ќе те земам ќе ти купам што сакаш. Влагаат внатре и малиот мој ко што си дрндаше све и свашта без размислување зема сакам ова ај и ова ај и она... И овај на каса го прашува ти бе дете се тоа ќе го изедеш вика да инаку нема да го купувам. После го прашува а чиј си ти и мојов од мајка ти и од татко ти. (Место од мајка ми и од татко ми)
Се посега по пердето во кујна да го фати, и ми вика: “Мамооо де подај ми го педељ(р)от” се засркнав на сред јадење
Малиот денес: - Мамо, ај дај ми сува грозница да јадам. Што е тоа бе пиле? - Сега ќе ти покажам. Иде у кујна и ја зема ќесичката со сува брусница
Додека сум во wc, мора да ми е отворена вратата, едно што постојано доаѓа, друго што морам да го погледнувам што праве. Денес "разговара" божем на телефон (на даљинското), и како јас одам накај вецето така и тој по мене, нормално. Сеуште разговарајќи на телефон Влегува-излегува, му викам а бе мама оди во дневната таму разговарај зошто сега влегуваш тука. Застанува и ми вика, а како ти стоеш до мене кога мочкам и какам јас Ме насмеа ептен, му викам оти ти си мало дете, затоа. Поминаа 3-4 секунди, ми вика добро ај ко ќе бидеш готова викни ме
Си легнавме пред некоја вечер да спиеме ,ме гушка и ми вика мама јас не сакам да одиме во Струга на одмор(летоска бевме на викенд таму ) многу е ладна водата ,викам па кај сакаш да одиме ,он ми одговара кај топлата вода ,викам е каде е таа топла вода ....ќути се мисли и ми вика незнајам каде живее топлата вода
Јас : Матеј легнувај вештерот иди. Тој:Мамо па ти не знаеш дека такви работи не постојат. Јас: слушај кучињата лаат, полиција иди и ги земаа немирни деца. Тој: Не, полицијата ги зема само криминалците кој имаат многу пари. Ние сега имаме пари ама не сме криминалци. Маже парите ги оставил на кревет (30 000 денари) Тој.:Вау мама колку многу пари имаме. Јас:Да мама, тие се за клима. Тој:Нејтам клима, овде има доволно за играчки и за бебе.
Шмукам бомбон од мандарина и кисело беше, и и зборам во фаца. Ми се врти нервозно: “мамоооо бегиии, киселиииииш”
Дал е бисер нз Татко ми има неколку заби во уста и зина да му ги покажи на синко. Сам му велеше дедо зини. И ко виде Гого вели: иии дедо пуканки Се пресмеавме сите