Седи кај мене во скут гледа тв... И веќе мижи спие.. Отвара затвара очи и почнува да плаче. Зошто плачеш? Не можам да гледааааам ааааа... Зошто мама не можеш да гледаш? Ми се затвараат очите ааааааааа... И така, спиење... Не ни е потребно нас...
Многу е смешен ко ќе има мрсули. Плачи на пр. и одма мрсули, му велам, дека/оти плачиш, затоа имаш мрсули, си го ставил во "крпче" тоа и сега сам си вели, јас в кујна и го слушам: -Мамоо мусуи мусуи, после потивко сам си вели: -Оти пwачиш
Сечеше портокал и се драсна на прстето. Застана и вика "храбра сум, не плачам, една и единствена сум" Пред некое време гледа на тараса кај комшивката пиперки нанижани кај што се сушат и вели" шо се овие пиперките истушени"
Вчера ми беше роденден и ми вели “Мама после ние со тато ке одиме да ти купиме поклонче за роденден”. Велам “ што ќе ми купите мама?” - ТЕНЏЕРЕ за да ми вариш макарони .
Си легнавме да спиеме и Никола си брка во гаќичките да се почеша. Му велам, - Ајде сега оди да си ги измиеш рацете! Негодуваше малку, но ме послуша и отиде да си ги измие рацете. Кога се врати му велам - Браво сине, така треба, газето и курето имаат бактерии затоа после секое фаќање таму, треба да си ги миеш рацете. Никола, ко навреден, ми се врти дрско - Па и путката има бактерии!
Го земам бебето за да цица, а големата си го држи носот затнат и разлутено вика: Аууу покриј се со маицата, миЉиса на цицкаааа
Патувавме со возило низ села и од страните имаше ниви што ги палат. И големиот прашува оти имало пожар секаде, а малата побрза да му одговори: - За да се топлела ладната природа!
Надја: Мама ај да играме една игра, Јас: Ајде која игра Надја: е вака јас ќе пеам ти треба да одбериш едно ( ми објаснуваше играта лист, камен, ножичка) Почнуваме. Мафта со рацете и пеј "Папир, каман, маказе" (и српски почна од Арија што ја гледа)
Учеле денес во школо за употребата на фразата "те молам" . Им кажувала наставничката примери и после се обратила кај мојава: ти Е..... како прашуваш кога треба мајка ти да ти купи нешто? А мојава како од пушка: мамо зема плата? Нормално си знае детето, ако нема плата, џабе ќе вика те молам
Пред некое време играа со балон со татко му и омилена игра му е да турка предмети со балонот. Мм го кара не во телевизорот, не во џижето, не во сликата, не во тиктакот. И застана Г и вели: -Не џижето, не тиктакот, не тевизорот, не сиката Не сите онака со објаснување со рака. Пресмешен беше А вечерва ја кажував јас Врни врни дожд (песничка од моето детство) и на крајот ми вели Браво мамо
Кажуваме песнички по ред јас, па ќерка ми и кога завршувам ми вика: Браво мамо, ти си најпаметната мајка на целиот свет. Душа ми е
Уште меша поими, вчера денес, утре итн... Јаде нешто или пие сок, и зимам јас малце и ми вика, ама не ми го јади, јас вечеј ќе ви бајам.... Демек ќе ни барала и ќе немало зошто јас сум го изела.
Сабајле и’ викам на големата: ајде доаѓај да облакаш чизми, треба во градинка да одиш. Ме изигнорира, и повторив уште неколку пати. На крај ете ја од дневна изнервирана иде и ми вика: абе аман мамо, па не можам цело време да дојдувам, доста ме викаш
Сабајле се гушкам со малава и и викам: абе ќе те јадам колку те сакам, ќе те јадам. А Неда: ааа не мозе Неда јаде, Неда не манџа, Неда дете.
Синоќа заспиваме. Ми вика : мамо не мижи, чувај ме прв да заспијам. Епа ајде мижи му викам. Ама не сакам да мижам вика, сакам да гледам со отворени очиња и да си мислам дека шетам во шума Сака да фантазира де
Преѓе јадеше во хранилка и се маваше назад и му велам: Немој така ќе ја скршиш хранилката, после кај ќе јадиш? Наземи ---одговор
Легнати да спиеме и ме прашува синчето зашто одам на работа... и му викам дека мора да работам, за да имам пари и да купувам работи за дома и за нив. Он: А кој ти ги дава парите? Па викам таму каде што работам,јас работам и зимам пари секој месец Он: Па ние во градинка колку многу работиме, пари не ни даваат (многу озбилен и лут беше)