Ние му велиме мора да одиме на работа за да земиме пари и да ти купиме кола И си кажува ако го прашаш
Седеме кај свекрвата, а малата црташе. Ја прашувам:Маме што е ова, кокошка ли? (стварно на кокошка ми заличе). А малата вика: Не бе мамо, тоа е баба (свекрвата). Едвај се воздржав да не прснам од смеење
Ми прави фризура и притоа ме корни и јас офкам и ми вели "мама затвориги очите дур ти прам фризура за да не осеќаш болест"
Јаде на 30мин и тоа само глупости и без леб.Ги слушам со татко и зборуваат што ќе вечера.Нормално да ме праша мене и доаѓа и вика : -Јас ќе јадам морковче. -Добро душо ама мораш и нешто со леб. -Добро . Оди кај татко и и му вели:-Тате јас ќе јадам морковче со лебче.
Читам приказна за снежана "и така радоста во палатата беше кратка затоа што кралицата умре од некоја чудна болест" Надја: од корона умре,???
Малиот јаде крембананче и една коцка чоколадо па оди кај сестра му и се жали како не јадел ич чоколадо. Големата- Е како не јадеше кога мама ти даде една коцка, а јас само крембанана јадев. Малиот- Ај подобро да го заборавиме ова
Хаха кај му текнува бе Од прееска"ајде мама дотераја даде да биде педантна како мене Ги има бисери,ама ги заборавам.
И објаснувам на ќере дека мора да си одиме дома од надвор зошто има полициски час. После некое време дома: ама мамо како ќе излеземе ние ако не заклучат?
Ми легнала на стомак и ми вика Јас вака ќе легнам и ќе го слушам бебето кога ќе ти биде во мешето. Јас: а ќе му збориш? Да.. Па мама кажи му и сега да дојде побрзо во мешето на мама. Не... Ти кажи му.. Е не можам јас да му кажа викам. Јас ќе си легнам во мојот кревет, тоа нека дојде кај тебе во меше додека спијам. Смешно ми падна зошто секогаш кога бара бебе и викам дека за тоа треба да спие во нејзин кревет, па сега се поклопи приказнава
Син ми научил да го вози и големиот точак и решиле со татко му да се почастат нешто за успехот. Биле во продавница и си купиле сок. Јас се враќам од работа и се чудам од каде сок, кога ние никогаш не купуваме сок. И син ми вика: Па мамо, тоа е за честитата, што почнав да го возам и големиот точак сам.
Гледа слики од свадбата и прашува налутено " кај сум јас?" И велам дека е во стомакот. Налутена ми вели : "е не можи во стомакот ме лажиш ти мене, види слаба колку си, кај ме бери мене во стомакот"
Беше настината и затната пред една недела, и ми вика: мамо, ај прсни ми спрејче, не ми диши носот Седнати со сестра и’ на под, си играат, и големава и’ збори: дада, ти си мала и треба мене да ме слушаш. Јас со која играчка ќе ти дадам да играш, со таа ќе играш. Ќе ти давам јас да си играш со сите играчки, ама имам и само мои, со тие ти не може да си играш. И од моето јадење не смееш да ми јадеш Ако си умна и ме слушаш, јас ќе те гушкам и галам. Многу ќе те сакам. Ај сега баци ме и’ вика Малава па подзинала и како теле ја слуша, па на крај тргна и ја баци