Мие раце и му е ладна водата. Врти на лево, топла Ми вика: Мамо , не сакам ни ладна ни топла вода, сакам само ДОБРА вода Ко реклама за добра вода звучеше
Им честитам на пријатели католици велигден пред некој ден,синко ги гледа сликите од јајца фарбани,украси и се со ред и почнува да плаче,лут леле мајко. Го прашувам што ти е? Ми вика сакам да одам кај нив не сакам во Македонија. Зошто му викам? Ми одговара налутен види таму стигнал велиген а овде кај нас уште не е стигнат.
С: јас сум маче мјау мјау.. Ама ми требаат уши. Јас: е немаме бе мама С: да направиме Јас: е како ќе направиме бе С: па ќе исечеме од картон, ке дупнеме дупчиња и ќе протнеме конец и ќе ги ставам. Уште не ми се верува како и текна па и целиот процес за да ги направиме.
Hahha srcka. Nie sme vo film Sega, tančerka e. Po cel den igra, sto bi rekla taa (CEN DEL) haha. Samo se krsi, samo bara orientalna muzika, pa se zali ja boli slabinata
Ние сме по мостови, стој на раце, ѕвезда, вежбање. Од 4 примаат на гимнастика и се мислам дал да ја пишам. Цели се филмови да се здрави и живи...
Мами, сакам да летам високо горе, како авионите Седиме и ми вика Мами чорапчињата ти смрдат, бљаккк И вадам,мирисам и врска нема се смеее вика Те зезам Бееееее Кај му текна
Му викам на син ми ,кој иначе има 21месец :имаш ли газ да седнеш? Он: немам Јас: па на што седиш? Он : толте (столче)
Си играме игра со зборови:јас ќе се облечам во маче,јас во куче итн итн.. И ќере мења тема: јас ќе бидам мама ти дете. Ајде важи викам. Јас: мама, мама, мама ,мама, мама, мама......(ја имитирам) Сара: Кажи? Јас: ми текна нешто да ти шепнам и и прам увце ко божем шепкам. Сара: не може Јас: ама сакаааам, вааа(пак ја имитирам) Сара: добро ќе ти купам Приказната е дека неколку дена бара играчка и ние не и купуваме и сега веќе нема начин како да бара па да си ја проба среќата вака
Денес во веро Надја: Мама, ќе ми купиш нешто? Јас : Ајде кажи шо сакаш Надја: Па да видам на умот шо ќе ми дојди дека сакам Одбра чоколадо и чекаме ред на каса и бара и друго, и велам неможи двете одбери една работа. Надја: Е да знајш многу сум разочарана од тебе дека нејќиш две работи да ми купиш.
Си играл во двор пред зграда, дошло некое детенце. Имало дупка на тренерките и само си рекло:Види имам дупче, стари ми се тренерките. А синко да го утеши: Не се секирај и мене адидасот ми се стари , му рекол.
Хаха се изнасмеав, има повеќе од синко ама не ги памтам. Слегуваме по скали дома и вели: -Мамо тежат скаливе (му било тешко да слегува) Научил да шепоти, ме фаќа и на уво нешто шепоти, после нешто пак сакаше да ми шепни и ко ми викна на уво Некни не спиел во градинка го прашувам што правел -Се тепавме ми вели (2 пати не спие и прашав што прави, ми велат лежи, се врти, зборува...)
Надја : Мама какво е телото на пепа праса? Јас : розево ( мислејки ме прашува за боја) Надја : Ааа, не не грешка си. Телото му е прасечко месо