Еве уште нешто од мојата помала братучедка Бевме излезени јас и таа на прошетка,и шетавме што шетавме и и велам - Сега ќе те водам на гости кај Маца ( другарка ми Марија ), ќе видиш ќе ти се допадне.. И сега очекувам да каже дааааа,супер,ајдееее .Но ништо од тоа. Кога почна да плаче на сред улица не можам да ја смирам не ни знаев зошто всушност плаче..А потоа ми ја кажа маката Не сакала кај Маца, мачките многу гребеле !
Оваа е од мојата баба седиме сега и татко ми викаа леле поќна да ме боли забот и баба ми вика ами оди не го наполни хахаха..јас и се пулам и и се смеам од та ми викаа е шо е сега смеа не можев да и кажам шо е раб
И правев сутлијаш на малата од братучеда ми дури си играше со гумените играчки во кадата.. И ја викнав да и кажам дека е готов а таа ми рече : Почекај да ја искапам жирафава,па ќе те бакнам 1000 пати. Да си го платам сутлијашот. После дури го јадеше рече : Јас и мама немаме брада, затоа повеќе си личиме
Денеска пиев кафе со другарка ми, нејзиното второ бебуле е на пат . Во меѓувреме таа има една тригодишна плавокоса цурица, која што изобилува со секакви досетки и бисери,ви ги претставувам денешните: -Седиме и разговараме со другарка ми и во тој момент и се јави една колешка, ќе дошла и таа. И палавката како што беше засилена да излегува низ врата да ги шета бебињата нејзини, кога слушна дека и друг ќе доаѓа, застана, арогантно се сврте накај мајка и и испука: Еее мамо, што сите ли( по нејзино ЈИ) ќе дојдат кај нас пааа . Во стилот аман више од гости . -Мајка и и вика кажи и на Тена кога ќе си ги облечеш кусите панталони, а таа одговара: Кога ќе ни се роди бебето . (Ова е епилог на тоа што таа ја прашала мајка и кога ќе го види бебето, а таа и одговорила кога ќе дојде лето. И девојчето ептен се израдувало дека баш ќе е тогаш,затоа што ќе може да биде дада во нејзините омилени куси панталони, кои оваа лето и беа хит, дури и навечер врз пижамите и ги облекуваше другарка ми за да може да заспие. Без нив немаше никаде одење,па дури ни во кревет ).
Хахах срциња се маливе а? Да кажам нешто што премногу ме насмеало со братучед ми... Значи, бевме собрани повеќе души, се славеше за новороденчето од мој прв братучед или мекици како што обично ги викаме... И сега, неговото прво синче( 3-4 годинки) се глупираше нешто и братучед ми му вика: -Aј сега, седи мирен и тебе ќе те жениме, има време.. Ова нервозно му враќа: -Нејќам жена јас... И братучед ми вели: - Еее добро нема сега да те жениме, кога ќе пораснеш тогаш... И уште поизнервирано малово возвраќа: -Нејќам жена, јас сакам маж!! Братучед ми ваков Хахах и сега кога пишувам се смеам, може не звучи смешно но мене ми е премногу јако...
Не знам дали е баш бисерче, ама се изнасмеав. Минатиот викенд и` беше роденден на ќерка ми, поточно и` го славевме во неделата. Понеделник утрото ја будам за во градинка и ми вика-не сакам да одам, аман мамо, не ме буди, не ми се оди во градинка, зошто ме терате да одам....готова во секој момент да се расплаче. И јас ја убедувам дека убаво ќе си помине, додека да трепне ќе дојдам да ја земам, ќе им раскаже на другарчињата како си поминала за роденден, поклони што добила итн.итн.....ама дете пак кенка, не сака и не сака. И` ја соблекувам пижамата и маичката да и облечам друга маичка и приметив дека е исфрлана по грпчето (со оглед на тоа дека во градинка им се појавија сипаници, претпоставив дека фатила и таа) и и` викам-ништо мама, изгледа имаш сипаници, нема да одиш во градинка, ќе те носам на лекар и сигурно 2-3 недели ќе седиш дома. И тука прснува да плаче и вика- е сега нема да си ги видам другарчињата во градинка, аман мамо, аман и сега нема да можам да одам во градинка И јас ваква
Големата (8 годинки) на наши пријатели е заљубена во Џастин Бибер и сакала да и' биде дечко. И цело време пуштале песни од него, крекале додека мајка ми ги чуваше пред некоја недела, веќе на женава и пукнал филмот, и им рекла: Дечиња, па сменете го малку Џ.Б., слушајте македонски песни. И кого, кого... Ајде Влатко Лозановски им го пуштила. И малечкото (4 години) и се свртело и и' рекло - А тебе Влатко Лозановски ти е дечко?
Го чувавме внук ми, но малку е поназад со развојот. Сеуште не зборува, но знае некогаш да откачи некое зборче кое ќе не насмее и израдува. И така дома нешто со сестра ми се скаравме и јас зборам, зборам, а тој цело време правел де, де,де... Почнаа моиве да се смејат, јас не сфаќам, не го слушнав. Одам седнувам до него, овие зајдуваат од смеење и почнувам јас пак уште толку и пак почна де, де, де... и мафта со рачето. Срце мало.
На гости ми беше братучетката - има 2 ипол годинки, ама меле ко мелница. Не сакаше да седи мирна и ја занимававме, и' пуштавме видеа од јутјуб за да седи мирна, инаку главата ни ја запали, живо детенце. И кога дојде тетка ми да си ја земе, ја прашува - Што правеше таму со дада ти Мишела? И оваа - свушавме и пеевме песната на ЦВЕП. Инаку, и' го пуштив клипот на Рејдиохед - Крип, и малово не може да каже Р, инаку очигледно мислела на цреп.
Вчера излегував со синчето ,и му викам оди викни го лифтот да ја заклучам вратата , и малиов со трчање отиде до лифтот и место да стисне на копчето да го викне се развика на цел глас лифтуу дојди И ми вика мамо го викнав лифтот
Спојлер Пишувавме писмо до Дедо Мраз нели пред извесно време, напишавме адреса и то испративме по пошта Детето дури се распрашуваше дали имаме оџак итн. Дедо Мраз дојде кај татко и на работа вчера и отидовме да го видиме. Зедовме пакетчиња, се сликавме, дојдовме дома и дедето со нетрпение го отвара пакетчето ама наместо да се израдува за чоколадите, таа се намурти и ни вели: И што е сега ова? Каде е куклата? Реакцијата и беше прајслес. Моравме да и објасниме дека писмото е пратено од домашна адреса и дека Дедо Мраз тука ке ја донесе куклата
Сестра ми е многу по денсањето, па дури си го жртвува и саботното спиење за да оди на некое такво чудо, играат, рипаат, што ти знам таму што прават. Иде вчера, ама блеска цела од среќа, и доделиле водечка улога во некоја божиќна претстава. Ние дома сите погодуваме што ќе биде, Зимата, Снежната кралица, Баба Мразица, Снегулка.... А она ни ја прави - Вие ништо не знаете, јас ќе бидам главниот ирвас. Се отепавме од смеење. Не сте свесни колку гордо си го кажа сето тоа, главен ирвас ќе била бе, убава она на дада.
Ја истуширав керкичката и дури да ја земам крпата од закачалка, таа го зела сапунот. - Трубо една, сега рацете ти се со сапун повторно! - Мамо, јас не сум инструмент
Најтазе од сабајле Несака да оди во градинка и му велам -Денес ќе дојде Дедо Мраз во градинка и на сите добри деца ќе им даде пакетче -А тој каде спие, во облаци ли - вели тој -На Северен пол му е куќата а сега носи подароци на сите деца - велам јас -А каде е Северен Пол ? и после некоја секунда... Па нели само на добри деца не на сите? Значи да пазиш што ќе кажеш од збор до збор впиваат како сунѓер. Излегуваме надвор и вика ,, па нема снег како ќе дојде, тој има санка нема кола а со санка се лизга на снег,,
Најтазе...новата стихотворба на ќерка ми...колку и да е трагично, смешно е, свекор ми ја научил Кој прди -не смрди кој пува-Бог да чува
Двојчето мое само за море си сонува Надвор -6 а таа море си црта Еве го цртежот од вчера.Мало појаснување, од лево на десно: првите две розови флеки сме јас и таа како лежиме на песокот и се сончаме, а следните две се татко и’ и братчето како скокаат во вода.
после 22 дена распуст, во 22 часот од последниот ден: : Мамо нели ти ми викаш дека треба се да ти кажувам ... и дека ти никогаш нема да ми се лутиш? јас: Да, сине мамо знаееееш, абе имам домашна математика...и знаеш штоооо??? знам што имаме за домашна!!! (гордо како Нобелова награда да добила) јас: ..... 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10... зимај тетратките.
А внук ми денес ми вика - тето абе ова фудбалов најубав спорт од сите, има фаули има све (тоа му текна уз муабет за спортови, карате, теквондо, сумо го зезав да биде боксерска вреќа)