Мојава запната е машко да биде Ај фустани што не сака од бебе, ама имаме неколку случки интересни Се туширам и дека сами бевме, а морав да се туширам и ја земав со мене во вц. И ме гледа и се смее и вика: Имаш цициња Па викам и ти ќе имаш кога ќе пораснеш... ААААА НЕ јас сакам како тато цициња И сакала како брат и да се ишиша
Има шлајм од мрсулите и кашла, дека му велам имаш шлајм зато кашлаш, пред некој ден кашлаше пред градинка ими вели: -Имам шлајна Што имаш? -Шлајна се пресмеав.
Гледаат цртан филм и големиот кажува дека епизодата се вика Еволуцијата на Гамбол. И малата вика: Ние во градинка имаме едно девојче што се вика Луција, а оваа е во Луцијата на Гамбол.
Мојата е полна вакви бисери, секој ден кажува по некоја глупост, па и оти уште не зборува баш чисто е многу смешна. Вчера и викам на кого му се ближи роденден (2 години ќе полни овој месец) и ми вика на мама, викам не на тебе ти е и како пушка право ми вика: АЈДЕ БЕ МАМО ПРАВИ МИ ТОРТА. А пред некој ден не сакаше да спие кога си легнавме и ми ја раскажуваше Црвенкапа (инаку ја вика Црвенката) и секој ден различна верзија измислува. Стана касно и си викам ај ќе се преправам дека спијам може ќе заспие и таа и и викам мама ќе спие ајде спиј и ти и божем хрчам се преправам. И ја нема една минута, ќути, и само слушам: Мамо не спиј како мечка!
Еве ја и сега додека пишувам јас занесена и она ми вика мамо прави ми БУ и и викам чекај малку МАМА, и ми вика: МАМО ЈА НЕ СУМ МАЈКА. А ми текна и еден од пред месец дена кога многу ме насмеа. Се гушка со дедо и и он ја гњави, ја бацува и му вика: Дедо ти имаш брада. И тој и вика: Имам бе деде па што. И таква сериозна: Па не ме бацувај.
Го припремам за братче или сестричка, често му спомнувам, за да не му биде наеднаш. Сега некако се е во центар, и загрижен е дека играчките ќе му ги кршат, инаку многу е педантен. Скоро му купивме зајче за дома, и не му ни спомнав за братче, сестричка тој ден., и ми вика - па сега мама имаме си зајче, доволно ни е, не мора да ми родуваш братче
Надја и српскиот јазик Н: Мама, јас едина сум? Јас: Како??? Н: Па така, немам брача или сестре значи едина сум
Умрев На мојава бебето и’ се вика Лола Инаку, од вечерва. Ја чешлав пред спиење, секоја вечер обавезно, зошто има навика да ја врти косата со прсти и чворови прави. Ми вика, мамо зошто ме чешлаш, остави ме, гледаш немам чворИ Си прави многу смешни множини, чвори, алишти...
С: јас денес и кажав на А.(учителката) дека имам бебе. Јас: какво бебе бе мама? С: па тука кај тебе во меше. Јас: е од кај знаеш бе дали има бебе бе мама? С: па спиев цело време во креветче сама. Викам кога ќе има бебе ќе ти кажам и ќе можеш на сите да им кажеш. С: не, само на А сакам. Јас: добро на кој сакаш ќе кажеш. Прееска у ваикики: мамо а може нешто и за бебето да купиме И ова се е дека збориме дека за да имаме бебе треба да спие во нејзиниот кревет а не со нас. Па дете си поврзало.
Тетка ѝ ѝ купила некои гаќички, ама малку поголеми и со повисок струк. Ги облекува и гледа ѝ виснале малку меѓу нозете, па вика: Мамо, овие гаќи се за со ку*е. Викам: Ами не гледаш дека се женски, со маче се? Вика: Па за женски со ку*е се.
Бараше да и пуштам некоја песна што ја слушале во училиште се викала Banana, banana, nipples . Инаку песната се вика Banana, banana, meatballs.
Се пресмеав Нас во Мат стар не пресмеа пред 2 дена, го прашаа продавачките како се вика, му вели: -Се викам Андреј (не се вика така) се скинавме од смеа со мм
Синчето (3,5 години) гледа дамнешна слика од мене и мм, без него. Синче: мамо, јас не сум на сликата. Јас: Не мамино. С: А каде бев? Бев сам дома? Ј: Не мамино, уште не беше роден. С: Кај тебе во стомак бев. Ј: Па не, одамна беше тоа, тебе уште те немавме направено со тато. С: Расипан бев???
На заболекар зборуваше со докторот. Д: М.... што пиеш за запчињата да бидат здрави. М:јас пијам кока кола, знајш таа е газирана. Д:Е убаво ама не треба да пијаш сокови туку млеко, јогурт кисело млеко. М: пијам само јогурт, од млекото ме боли мешето, а киселото млеко го нејќам оти е многу кисело.
Вовед: Ја одбив малата од цицање пред 2 недели и муабетот низ дома беше тој дека докторот ги залепил цицките и кажал нема веќе цицање бидејќи малата многу ги гризала. Е сега, пред некој ден одам со малите на бензинска да ставам гориво. Како застанавме, станаа многу немирни, почнаа да се закачаат па дечкото (непознат) што ставаше гориво се обиде да ги размуабети за да се смират: Ја прашува малата како се вика, но таа не му одговара, па го прашува Никола: Дечкото: Како се викаш? Никола: Никола! Дечкото: А сестричката како се вика? Никола: Антонија. Дечкото: А кажи ми Антонија умна ли е? Никола: Неее ич не е умна, да видиш само како ги е изгризала на мама цицките! Во земја пропаднав, не знаев каде да погледнам, не ми преостануваше друго па се изнасмеавме со дечкото.
Хахахаха. Дете ако не те засраме, нема кој. Кога ја крстевме малата, многу плачеше, големата се изнервира и го газеше попот на кондурата и му ги влечеше копчињата од мантијата а на мене ми вика Ти кажав да не ја крстеме