Хахаха, најискрени души се. Јас мојот после дома го карам да не збори срамотни работи, а тој ми вели - Е што, цицки не е срамотно!
Мојата неколку пати има кажано путка. Ја прашува од дека тој збор го научи, ми кажа дека некое дете од градинка така зборувало. И јас зборам, ама некогаш ѝ текне и си кажува.. Среќа пред други не е спомнала
Најново од викендов Бевме во ресторан со маж ми и двете ќерки на ручек. По некое време мм стана да оди до тоалет. Како што тргнува од маса, големава го гледа и му вика, тато кај ќе одиш? Мм и одговара: во вц - веќе доста оддалечен од нас. Ќерка ми на цел глас пред полн ресторан: а што ќе правиш тато, ЌЕ КАКАШ? Се изнасмеаа сите гости и келнери слатко, а и ние богами, што да правиме
@Sexybaby86 @Lolipop23 одамна не сум се изнасмеала вака слатко, дај пишувајте почесто Деца бе Не можам нешто потазе од мојава да се сетам, а ги има доста
Ја прашувам од што им даваат чај во градинка дали од нане или овошен. Надја: Ни дават чај од мали пластични чаши
“Мамо иде Господ” ја ваква ???!!? Што збориш мама?! “Абе Господ иде. Ене го на патот” Кој бе мама? “Абе тој шо му пееше на бебетоооо” -попот
Мама може да јадеме сладолед? Не, не може, сега е расипан, уште не е лето. Ок. И муабетот веднаш продолжува, кога ми е роденден, ај да ми дојди роденден! Сега е рано, во зима ти е роденден, чекај да заврши прво летото, не е зима сега. И, како од пушка, аааа лето сме, ајде купи сладолед Се фатив во стапица, дете не се лажи
I malata moja ima slichen gaf. - Antonija so shto kje gi jadesh makaronite, so sirence ili so kashkavalche? - So vilushka.
*: Јас сум принцеза. Баба ѝ: Да, и ти и сестричката сте принцези. *: Не, јас сум принцеза, а она е волк Љубоморна е.
Кај нас во прикаските таа е принцеза,татко и бабата,јас волк а бебево цвеќе што таа треба да го набери во шумата Ја премолив бар бабата да бидам не и не.Татко и и е омилен
Јас на бебето му викам колаче на мама и големата прашува што е она.Викам ти си слаба и си соленка на мама. -Е не може јас сакам да сум колаче,бебето нека е соленка. -Ама мамче бебето е буцко и затоа е колаче, ама ајде биди ти чоколадна соленка, може? -Може. Исто љубоморна.
Ја карам и по некое време доаѓа и ми вика "извини мамо, нема да прам појќе белја " Јас : До кога само да видиме Надја : до утре
Legnuvame da spieme,pie mleko i na kraj si ja bara cuclata i vika: deka si cuciiii, ja najde i kazuva: ja teeee
Дома за религија ретко се зборува. После Велигден ме прашува големава -мамо како се вика Господ Јас: Исус Христос Она: е како не, не знаеш ти, тој Христос Воскресе се вика и му е син на Господ, а Богородица му е мајка и они двајцата го РАСТЕЛЕ на крст Јас: кој ти ги кажуваше овие работи бе мајка? Она: Ми.. (другарка и) Разбрано, недоразбрано ама не и објаснував, искрено не се осеќам подобна да и расправам за религија.
EuHenIa ме потсти на една смеа.Пред некое време големата ме праша кои се на иконата и јас и објаснив Дедо Боже со мајка му Богородица. После некој саат ја зела иконата и си раскажува приказна. Дедо Боже и Бабародица ...
Во преговори сме за новите кукли од биби Надја: Мама сите кукли ќе дојдат кај нас? Јас : Не, немам пари за сите само една одбери да дојди Надја: Епа не ти требат пари за сите да дојдат ете Филимена ќе дојди со летање, Сребра со пливање и роботчето Р1 со одење. Гледаш не идат со пари тие.