"Даде,цицај оти ќе ти го земи даде од мама цицето" Чека да ја одбијам беба од цицање па да продолжела таа Бисер од беба Ми вика "цице"и викам не е твое од мама е.А таа насмеана страмежливо"мое"мн беше слатка
Се чешлав со нејзиниот чешел, и две три влакна останале откако го исчистив. Иде и вика, “иииии мамо ма, шо си напавила? цел чешел со КУБА си го напавила, лелеее!” Куба=искубани влакна ваљда лелееее=замислете дека Фатиме Фетаи го изговара
Ја коси мм тревата,ние седиме на тераса,го гледам и малава ми вика"мама што го гледаш така тато? И викам убаво му стои сино,многу е убав. А таа вика"Убав е мама,убав како љубов
Син ми кога цицаше....мамо сакам цицамм...му викам мами голем си ти.....а тој ама морам само малку.. керка ми кога ја карам..мамо ти си лоша и не ме сакаш ама ако ја не сакам друга мајка освен тебе..исто керка ми...мамо ова во дудето како мало ку*е..детево сепак погодило од медицинска гледна точка
Големиот ме прашува: мамо може да играм игри? - не може Добро,јас кога ќе бидам голем батко нема да ти купувам лебче од продавница хаххахха
Минатата сабота бевме на спортскиот аеродром стенковец, она убедена дека ќе лета... И викам мама тоа чини многу пари, за тие пари ќе одиме на одмор. Прашувам таму, ми кажува цена и ок си отидовме. На враќање у кола. Мамо јас утре ќе одам во градинка? Не, недела е. Ама тато да оди на работа. Да оди или да не оди? Да оди сакам, да имаме повеќе пари да се возиме со авиончето. Иначе она сака никој да не оди на работа,дома да сме седеле а она во градинка.
Пред некое време бевме во викендица кај една комшивка, и таму јас миев чинии местев маса и сл. Денес ми вика малата : Мама, јас ја нејќам појке ххх Е Зошто ја нејкиш? Па таа те тера да му си слугинка, се сеќаваш тогаш ко му слугуваше, се те тераше ти да прајш, а та дремеше на кревет
Правев ручек во летното кујниче и синко иди М:Мамо дедо ми купи сладолед Ј:добро мама, остави го за после ручек. Заминува и се враќа по една минута М:Го оставив во мојот шкаф, да се стопли малку. Во шкафот ги оставаме лименките со кока кола да се стоплат, па дете помисли и сладоледот малку да се стопли.
Пред некое време дебатираме нешто со мм и му викам абе ај бегај значи господе боже си.. и дора доаѓа и ми вика, - абе мамо,тато господ е ?
Лежеме со големата и ми вика: Мамо ај да си играме. Јас ќе бидам мајка, а ти бебе. Јас ќе играм на телефоно, а ти ќе ме гледаш Уште што нема да измисле за да ѝ го дадам телефонот
Мали: мама те сакам на многу свет ( на целиот свет ) Мали му вика на големи - ти си страшило А он се врти и му вика : не јас сум човек Многу ми се смешни кога се сами и си разговараат нешто.