Вежбаме математика и нормално за операци плус и мнус фиктивно се користат јаболка.и ова траае некој 20 минути. Јас -имаш 15 јаболка јас ќе ти дадам уште 45 колку ќе имаш? Одговор ќути и почнува да пчаче Што е Јана? Мамо ма што ќе им правиме на толку јаболка кој ќе ги јаде Се пукнавме со мм од смеење
Мм вчера истури цело пакетче skittles на ламинат, буквално сегде беше сo бонбони и иде ќерка ми и почна да собира да јаде и вика ЈЕЕЕ ХЕПИ СКИТЛС ДЕЈ! Пред некој ден вика мама јас знаеш шо сакам да бидам кога ке пораснам? Ајскример ( Icecreamer - чичкото што продавал сладолед).
Мама зашто имаме ушиња Јас: за да слушаме Тој: за да слушаме песнички ❤️ Со другарка ми на кафе, и го частеше вожња на вовче, и бара пак и му викам немам пари И тој покажува накај другарка ми и вика Оваа дадичка има пари да возам таа има има ти немаш Мамо зашто ти се големи цицињата Зашто ми пораснале бе мама Тој: А мене ќе ми пораснат ли
Сабајле јас во другата соба и ја слушам си зборува со татко и каква боја биле работите, и вика: Тато ти каква боја си?, тој и вика: розева -А бебето?, тој и вика: црвена И ја прашува тој неа, а мајка ти каква боја е? И малата: Црна, како black sheep. Маж ми се изнасмеа слатко А ова од синоќа: И вика татко и ти си лоша вештерка. И почнува да плаче и низ солзи вика: нееее јас сум умна вештерка. Ако е вештерка самo да не е лоша
Се изнасмеав, многууу Срциња ви се душичките, пишувајте почесто да ве читам. Едвај чекам да споделам и тука интересни работи Да не сум офтопик, ќе споделам бисерчиња од една умница девојка од ординација Ј: колку години имаш С? С: (малку се подзамисли и почна) пааа, имав две, па имав 3, па имав 4, и сега имам пеетброи со прстињата. Искрена насмевка ми предизвика.
Девојчево збори 100ка на саат без воздух да земе -ти како икаш, мама чичи уше, и ја мрда, и мама геби уше, сега течи нешо, а ти како икаш, како икаш? (Ти како се викаш, мама ми го чистеше увото, и јас мрднав, и мама ми го гребна увото, сега тече нешто од него, а ти како се викаш, како се викаш?)
Лелелеле. Како навиена е. Да се стават со мојата ќе се натпреваруваат која повеќе ќе збори. Некогаш главата ми ја пукне од што само збори
Срценце е, едно пациентче мое, останав ваква дур збореше И обавезно бара, да и кажам како се викамсрценце. Нека си зборат Форумче, златни се
Бевме на роденден во игротека прв пат после нејзиниот 2 роденден... Фати короната и ич не сум на однела. Ми вика: мамо јас сакам да славам роденден таму кај што славеше Ј. Јас: мама бе, па нели има вирус ми е страв мене. С: ако ти е страв ти не доаѓај, седи си дома.
Внук ми, 3 години има. Земал влажна марамица се брише по рачето и вика: Апе куљецот пиљав. Се превртев од смеа и дури тогаш сес и зетко приметија дека мали комарците ги вика куљци.
Мојата мала умница секогаш кога ќе направи глупост прашува ти го направи ова? и ние не, и тогаш вика јас го направив. Арно ама, цело време и викаме леле прдна за срамови и детево мака немаше се додека не бевме во ептен гужва... И она трт ( 3 години има ) си прдна, и вика тато ти прдна и он вика неее, и не вика јас прднав туку му рече е како не, да не прднав јас па мама да ми рече леле срамота ???? Од тогаш имам забрана да и викам ако направи нешто леле срамота
Ја бањав и сакав да и. ставам шампон -Тгни се,тгни се, не ме чепкај! *Само да ти ставам шампон на косата. -Абе мамо тгни се како(кога)ти викам, ти кога се бањаш јас те чепкам ли?? Лелелеле без зборови ме остава
Си лепеа двете тетоважи од мастики па се фалеа и им викам многу се убави,прекрасни. Покасно на беба и ја пуштам косата,долга,густа и многууу ретко ја носи така.Жешко и е и и смета. Леле викам мами како си убава,а поголемава и вика"леле даде колку си прекрасна,како тетоважа
Ѝ лупам јајце и ме прашува Мамо тоа варено ли е? Викам да. Таа:А пржено ли е? Ѝ викам не е пржено, варено е. Таа: Е зашо ќе го јадам живо?
Леле јас слабо памтам во последно време Треба да запишувам одма... Ова ми текна, не е бисер ама интересна беше Мајка ми работи во странство летно време и на малава не сум и објаснила кај е, колку далеку, дека не се враќа да спие дома итн... И одиме на гости кај сестра ми (заедно живеат мајка ми и сестра ми). И ми вика мама мене ми се кака.. и одиме во тоалет и седи на шоља и си разгледува наоколу и едно време ми вика: А зошто има само една четка за заби???? (демек кај е на баба четката)