Малава 1 год.8месеци,го држи тел.и вика алоо,ало. И викам кој те бара мами? Таа-од партија Три пати ја препрашавме исто вели. Кај слушнала Бог знае.
Мојава кога беше помала : Ни доаѓаат на гости едни пријатели и мојава : аман вие пак дојдовте ? Колку пати доаѓате , а ние ниту еднаш не сме дошле . Вие се ни јадете и испивате , а вашето си го чувате Еднаш влезе во соба додека се облекував , отвори и затвори врата . Муабет за случката нема. Одиме вечерта со една пријателка на прошетка и малава со мене и пријателката ја задева , не што и збори и мојава се завртува и и вели : Ти дома се шеташ без гаќи ? Пријателката зачудена ?!?! Те прашувам пошто мама нема гаќи Сите ја задеваат ајде мама нека ти роди братче или сестриче. Малата : Ма како да не . Да ми плаче , да ми мрче да ми кака да ми зима се . Јас сакам да сум само јас и никој друг Одам во маркет со нејзе и си купубам влошки. Одам на каса и она се убацува на касиерката : Мама носи памперс
Ова беше скоро.. Ни доаѓа гостин и ете малце му беше искината чорапата напред и моево виде и иде кај татко му и му шепка “Види има компири на чорапите” Мм не реагира првиот пат.. малиот повторно иде сега на турски му се обраќа мм веќе тоне од срам и вели иди земи тел аман гледај цртани Јас го викам да дојде по мене во кујна кога почна “ Ама види компири имааа искинал чорапа и едно смеење кога почна Човекот едно незгодно, па вели сега од пат сум.. Таман работа велиме, извини малиот се мора да запази на сите ни се дешава.. За срамота.Уште ми е незгодно од човеков
Оваа година ја однесовме на поточиња на школка во парк.И на тој што е маскота незнам како се викаше вика види овој нема глава има виолински клуч и како цело време устата му е отворено боже боже,абе се паднав од смеење
Мајка ми го нишка бебето, го успива, а малата беснее, се качува на фотелјата одозгоре. И татко ми почна да ја кара дека ќе падне, малата се врти и му вика -Пссст дедо, бебето спие. Моите имаат маче во двор и кога одиме кај нив го гали и после секое галење си мие раце. И си одиме дома и ме гледа мене како си мијам заби. М: Мамо сакам и јас да си мијам заби. Ј: Ти после ќе си миеш, твоите не се гадни. М: Гадни се. Ј: Е од што се гадни, не јадеше ништо. М: Оти го грицнав мачето. (Лажеше. По нејзина логика штом кога се гали се мијат раце, мора и заби да се мијат ако го грицне.) Гледаме албуми и една слика брат ми гол како бебе, и ми вика мамо ова ти ли си? Викам НЕ, тоа е вујче, гледаш ли дека има куре. И толку беше муабетот. По некој ден одиме кај вујко и и малата како пушка: Вујче ти имаш ли куре? Првите две не се баш бисери, итроштини се повеќе ама интересна ми беше. На 2 години како и текнуваат вакви работи не знам.
Мојов ако начека ножички ги зема и ги сечи чорапите за да имал компири. Се исече низ дома дури и едни долни тренерки.
Го чекаме маж ми со малава да дојде дома и да не земе да одиме на пазарење и пред да излеземе во двор ми вика: Може ли да му кажеш на татко ТИ да и купи нешто на неговата ќерка? Татина маза! Ја носам јас накај градинка сабајле и ја пречекува воспитувачка на врата и и вика: Лелее што си убаваа! На кој си толку убава? Она: На тато Еден ден требаше да ја носам јас и да одам до аптека, па градинката е одма тука на 1мин пешки, а аптеката подалеку и решив со кола да одам и и викам: Ај седи напред, до тука може да седиш... И ми вика: А полиција ако не види?
Телевизорот пуштен и почнуваат досадниве партиски реклами. И малата вика: Крадоначакник, па Крадоначакник. Што е тоа Крадоначакник мамо? Некој многу што краде? Си погоди детето
На тетка и и давав пари па беба почна да плачи" паре мама паре" И.дадов 10 ден.а таа трга 1000 ден.и плачи. Ја седнав на кревет и плачи ја фрла"неќам ова паре,мало паре" Ако од 18 месеци бара 1000 ден.што ме чека понатака
Почнаа смешките. Се враќаме од градинка и пред нас одат баба и внука, бабата ја рани внуката и мали им де убаци бабата му вика бурек јаде дадата сакаш ти баба? Овој и се врти и вика си имам дома Имавме блиски на гости ама овој збесна и го искараа демек аа ти многу разгален, и му оди на татко му и му вика дома да си одат ама тивко демек да не го слушнат
Баш прееска, ми се јавува девер ми ми вика ќе дојдам ако имаш банкноти по 50 центи тргни ги на страна ми требаат. И јас вадам ситните пари и синко : моје паре. Викам: не се твој за чико се. Он ги прибира и вика: јас крадам чико паре. Инаку крш е со граматиката како резултат на тројазичноста. Еднаш нешто ми раскажува и вика : бебиња и мамиња.
Влегува баба му во соба и прашува кај ви е колата не ја гледам. И одговарам и си оди. А дете вика "бабо, бабо еднаш запамти дека таа е само моја кола"
Гледа на тв жена без заби и ми вика види нема заби тетката. Нема викам, и ти ќе немаш ако не ги миеш редовно забите, ќе ти паднат. Абе мамо овие се бебешки заби. Пред некој ден иначе и кажував дека тие заби ќе и паднат и ќе и пораснат нови и посилни заби, тогаш не се согласуваше со тоа и викаше дека не сака да и паднат. Тргаме на забар вчера, заборавив маска и му викам на мм, абе имаш ли маска забораив. И она ми вика, па нели на забар ќе идеш ќе ти поправаат заб? Да викам. Епа шо ќе ти е маска?
Читав еден рецепт на тел и занесена не ја слушнав неколку пати побарала вода "Мама дај вода" Пак " Мама дај вода" После некое време ме тегне за тренерка и нервозно вика" Њазбијаш ти вода сакам ( разбираш ти вода сакам) Брат и 16,5 год средношколец има многу за учење, а таа само му досаѓа. За да ја откачи ја губат за нос и и вели ти го зедов носето. Таа плачи и бега кај мене. Вчера исто и направил и го "ставил" носето во џеп. Таа дојде кај мене, помина време и пак оди кај него со раката во џебот и вика. "Јее зедов носето назад. Кључ закучив на обавчето Бато не земит пак" Најново сега навечер не заспива веднаш додека не се назборува убаво. Најново и е мамо многу љубам, ти си моја најсакана Мама,... Па пауза со бацување и вели ајде Мама кажи ми нешто убаво... Има многу бисери, не ги паметам.
Доручковала јајце, па за ручек побарала пак. Мајками и дала, касна еднаш и рекла. "Мислам дека денес ја претерав со јајцата, поарно да не јадам појке."