Поголемава,4 год.уште месец,само еднаш сум и дала салама да проба на гости како помала. Некни бевме на гости и јади како да не видела(што е точно) Изеде неколку парчиња и и реков да не јади повеќе зошто ќе ја боли мешето. Од тогаш не престанува да кажува колку е убаво да јаде салама. И викам сега мамичка салама кизнај кога. Ми вели можи на Нова Година И викам можи Прееска и вика на баба и"леле бабо едвај чекам да дојде Нг". Таа"зошто баба,за новогодишни подароци"? Ма какви подароци бабо,за да јадам салама Мама мене тато ми е татко а тебе невест
1. Дома гледаме тв преку интернет и често знае да закочи сликата т.е. да замрзне. И сум го спомнала некогаш зборов пред малата (2год). Пред некој ден и оставив цртани да гледа во дневна, а јас го дојам бебето во спална. Не поминуваат 5 минути ете ти ја трча и ми вика: Мамо дојди на телевизорот му е ладно. Ме збуни и и викам како тоа му е ладно? Вика: Епа ладно му е, ИЗМРЗНА. 2. Пеам низ дома Не си го продавај Кољо чифликот..... По некое ја време ја слушам неа пее: Мама не ме дава КОЊУ за тебе.
Живееме блиску до пожарна,и на секое излегување ги гледаме пожарникарите како си седат на една клупа. Го прашувам синко што сака да биде ко ќе порасне?Ми вика полицаец. Го прашувам а зошто да не бидеш пожарникар? А мамооо како не,да седам цел ден онде на клупа вака ќе апсам крадци
Му викам Што ти е поинтересно? Да играме лава или да редиме букви? Тој: Да гледаме цртани Му знае бојлерот
Уживаме да редиме сложувалки и за секоја буква кажува некој збор. Често си .поврзува и со азбуката од Биби и Боби. Така за Љ кажува Љубов мама и тато бацуваат, Ш Штркот бебе носи летна - оти ја загубивме негде буквата низ дома. Вчера на систематски др. вика ај соблечете се да видам како е доле . Само што му го фана тој вика бргу мене мочаа и ајде со гол газ излеговме низ чекална на мочкање да одиме. Кое бебе како заплаче во чекална така и тој плаче. Го прашувам оти , не е страшно , има играчки кај тетките сега ќе ги видиме и тој ми вика бебето плаче , Даман тажен е.
Ова од скоро со ќерката, не изнасмеа. Бевме да купиме за училиште во Џамбо некои ситници и за слава кај свекорот од Веро да земеме подарок. Во Џамбо потрошивме повеќе од што планиравме, па му вртев на мм и реков дека ќе земам поевтин пијалок и бомбоњера од тоа што сакав, дека толку пари ми останале. Одиме кај свекорот на слава, сакаше она да го даде подарокот и пред сите гости кажува "извини дедо, татко ми малку пари дал на мама, па затоа немавме за поскап поклон да ти купиме". Пропаднавме во земја со мм .
Бидејќи е многу темпераментна и цел ден со мене, често знае да направи некоја беља. Обично навечер му кажувам на мм што направила и еднаш се смеевме ајде да ја мажиме, нека си ја трпи мажот. Пред некој ден ја пушти рерната на 275 степени, а јас само што ја исклучив, печев кифли. Па ги изгори. Нормално викав дека не е убаво тоа и се налутив. По некое време дојде и вели -извини мама не појќе така. Мажи ме бе, мажи ме мама. Се пресмета и лутина ми помина и кифлите ги прежалив.
Требаше да кѕпимр батерии за една ноќна ламба и цело време заборававме. Една вечер седиме и му вика на мм "тато ај утре те молам потсетисе сам дека треба да купиш батерии." Игравме не лути се и ни вика " вие некако оптичка илузија ми прајте многу брзо ги пикнавте чоечињата" Пред некое време имаше страв од чудовишта и денес комшивката тивко ме прашва дали уште се плаши навечер. И викам кути ги заборај. Се врти таа и вика " не ги заборајв уште се под кревет"
Му вика малово на свекор ми: уте енас така не! (Покажувајќи со прстето) Карас децата уте енас така не! тој само се дере по неговите ( има е деца од вториот брак и не се големи, 11-13г се) и малово слуша и овојпат вика ја карав дедо
Играше со пластелин и по некое време го пресоблекувам за спиење и се чепка за курето и ми вика "мама мене курево како пластелин ми се напрај" Пред то пак викаше дека имал дрвце во курето
Не е бисер ама се пресмеавме Со малото бевме на лекар, го прегледа докторот прво со слушалка, па грлото и му вика супер си, повели стапче. Слегува малово од стол и му подава раче му вика "готово, дај сега каче(чоколатче)" И овој вика лелеее сум немал чоколадо Малово му враќа "добо тогаш дај друго стапче"
Влеговме за прв и последен пат во продавница за играчки, јас разгледувам малиот се пентери околу мене, виде една пластична кутија полна со топчиња, со брзина на светлината ја истури на под, тоа летаат на сите страни топки тој фати да трчат да ги шутира, се дерит целиот таков среќен БАУУУ БКААА јас од очај дал да ги собирам дали да го изнесам, од срам купив 5 Ако чита продавачката стварно извини за нередот
Откако фрливме пелени, малава госпоѓица го користи малиот тоалет( да не шетаме адаптер), а ние сироти тројца возрасни го користиме поголемиот. Вчера доаѓа мм, брзаше за негде, а синко се тушираше, па и го искористи престолот на г-цава. Веднаш штом го слушна дека влегува, почна да му чука на врата и вели буквално вака: ЕЈ тато тоа е моје вце. Јас таму одам. Тој не и одговори. Па нервозно пак чукна: "АМА ЉАЗБИЉАШ ТИ ЈАС ТАМУ КАКАМ И МОЧАМ, АЈДЕ ИЗЕЗИ СЕГА МАМА ТЕБИТ ЧИСТИТ" Ја слушав од кујна. Објаснив дека не е нејзино дека само таа го користи, ама не се предава.
Мислам дека сите девојчиња татковците им се идоли, принцови. Мојата сега веќе 7 години до 5 сигурно викаше дека татко и ќе и биде маж. Дури играа валцер свадбата што ја гледа, демек она невеста он младоженец.
Стануваме од спиење, а маж ми купил доручек од пекара и наредил на маса, за децава затворена пица земал и ја поделил на два дела и им ставил во чинија. Затворена пица не јаделе многу одамна, со години. И и викам на малата.. Сара ајде седни да јадеш, има затворена пица. Сара: Ама мама отворена е пицава, не е затворена (дека поделена на два дела, отворена била)
И овие играат валцер. Ми вика тато ќе ми биде маж. И викам е неможе мене ми е. Леле кога почна да плачи,па дури се објаснивме...па ај Зоки Поки ќе и бидел зет