После лажгата дека Дедо мраз и донесол кукла и и ја оставил под елка и си отишол бидејки мора да оди кај другите деца да им однесе подароци прашање Мамо како отошол Дедо Мраз во Џамбо да ја купи куклава
Mалава наша сега се учи на нови зборови и се повторува,има еден цртан филм Dora the Explorer можеби и вашите деца го гледаат,и таа Dora зборува англиско-шпански,и нашава кога ке дојде некој дома му вика Ola чичо,Oља мама,и вика грасиаз,фала,ние си пукнавме од смеење A пред некој ден ја гледавме нејзината крштевка и стигнавме до делот в црква нели кога ја мијат со вода,и кога го виде попот и почнат да трчат и вика O ноу мама,лук,о ноу A и секогаш кога е мочана вика O ноу моче,џоа моче-мочана
Имам едно палаво внуче 3 год...и еден ден седевме на сонцето со него и како низ пушка ми вика - Ти Ивана имаш дечко? - Не! - викам јас. - Па не се секирај бе и мама нема! Незнаев дал да се смеам за мајкаму, или да плачам за мене што ме зеза едно 3 годишно бубаче дека немам дечко.
Ова е бисерче од синчето на другарка ми. Малечкиот гледал цртан филм со Пинк Пантер и и викал на мајка му: -Гедај мамо, Пинк Пантел има опашка отпозади, а јас од наплед! ************************************************************ Мојата ќеркичка е шоу програм и се живо впива како сунѓер.Бидејќи золвата е во блажена состојба, постојано зборуваат како ќе роди бебе. А пак мене ме слушнала како викам дека нема да раѓам второ додека не земам решење на работното место. И минатиот пат ја земале свекорот и свекрвата од градинка и свекрва ми и викала: -Знаеш ли дека тета уште малку ќе му роди братче на П....? -Знам. И мене мама ќе ми роди.-мојата малечка. -Па и треба да ти роди, јас не знам што више чека.-свекрвата -Па решење чека бе бабо. ***************************************************************** Минатиот пат ќерка ми гледа цртан филм на Кидс Ко со Соник и Маник (цртаниот е нешто од типот SF) и го прашува татко и: -Тато, знаеш ли ти кој ги родил Соник и Маник? - Не бе сине, кој? -Па мајка им бе тато -направи ваква фацичка, демек колку си прост.А мене ептен смешно ми падна, ми текна на сцената од К15: http://www.youtube.com/watch?v=usqcTAFOFOc Мајсторе, абе јас знам шо му е на автобусот - расипан е!
Вчера бев да го земам внук ми од училиште и како што си е редот го прашувам како го поминал денот и што научил тој ден. Одговорот негов со една ваква фацичка Леле тете па и ти, што ќе научам на наставничката можам професија да и бидам Внук ми сезнајкото си мисли ако знае да чита и пишува може професија да биде :geek:
Дојдоа кај нас едни пријатели со малото кое само што тргнало во школо и се погоди дома да е и чичко ми. Го пашуваше чичко ми, малиов како му се вика наставничката и испадна да е школски со неа и му вика на шала ако не ти пише 5ка да ја поздравиш и да и кажеш дека ќе и ги скршам забите. Отишла нареден ден мајка му да го земе од школо и ја пречекала наставничката. Малиов, ни две ни три и рекол на наставничката, ве поздрави еден ваш пријател и рече ако не ми пишете 5ка ќе ви ги скрши забите.
Мојата керкичка има 1 год.и 4месеци...и како и сите деца обожава животинско царство,вчера го отвара чоколатцето и се падна сликичка со пингвин и јас и кажувам дека тоа е Пингвинче.... После ја прашувам да ми повтори што е тоа,и ми вика пиче,пиче
Деновиве учениците од второ одделение учеле за одговорност со примери од екологијата. Учителката: Деца кој е одговорен ако не е чист градот? Сите се мислат не знаат да одговорат и една попаметна река: Груевски е крив учителке. И сите почнале да викаат Груевски е крив. Учителката им рекла дека не може ако не е чиста училницата Груевски да биде одговорен ама деца како деца , цел час за секоја работа викале Груевски е крив. Спојлер Прво ми падна смешно ама после си мислам, зар на ова дереџе дојдовме и децата да се замараат со политика
Леле ова е свежо..... Внук ми кој за 10 дена ќе пуни 4 играле фудбал со татко му пред зграда ,а иначе татко му игра спортска ..Кога завршиле со играта малиов му се врти на татко му и му вика -"Тато ај јави и се на мама и прашај ја да види на телетекст колку е нашиот резултат.. Спојлер Срце мало бе..Слушнал види на телетекст колку е резултат и тој си помислил дека и нивниот резултат ќе го има на телетекс..
Хахах се изнасмеав на бисерчињава. Имам и јас многу за кажување, ама ќе заглавам ептен овде, ќе напишам неколку само. Братичед ми што има 3-4 пред некое време коа бев кај него на гости ме изнасмеа. Он цело време се закачка со баба ми и само почнаа демек да се тепаат онака на шала, арно ама кај него нема заебавање, мава без осет.И баба ми знае дека нема играчка го фати и не го пушта, овој коа се наљути, избега и вика - Туууу овоа не е жена, овоа крава е! хахахаххахах се изнасмеавме Истиот ден ми вика да сум му го донела моето куче, ќе го земел за жена.
Kој го гледа цртанот Dora the Explorer,сигурно го знае крадачот Swiper И на малава моја и се изгубило ташничето,внатре си чуваше железни парички,чешли и глупости,и го бараме го бараме и јас и велам H кај ти е ташнето?Kај е? И таа прави ваква фаца џоа пробува да се сети и ми вика O мама,Swiper swipe,џоа крадачот го украде(тој од цртанот)ние пукнавме од смеење,како ми е мака што не ја снимав,ке ја ставев на нет
Cе извинувам што пишувам пост врз пост Mорав да го споделам ова,ме расположи денес Cмешно е,затоа го ставив во бисерчиња
Синот пишува во градинка во „третратка“, и пред некој ден игравме „на буквата“ и ми вели ај погоди збор што почнува буквата тре!
Во кујната имаме еден посебен дел каде што чуваме грицки и чоколади .Еден ден син ми застанал таму и ми вика Леле мамо колку сме сиромашни!!! Јас го погледнав и му викам Зошто? А тој Па види ништо немаме за грицкање!!! И се разбира веднаш отидовме во Тинекс за да се збогатиме