Малата(година и пол е) преска влезе во коритото и ми вели: мамо седи. Викам: не можам,не ме собира. Она:плииис (и рацете ги стави како да се моле) Абе се утепав од смеење. Копира ја дада ѝ Неќни на татко ѝ му рекла м'ш (мрш) којзнае од кај го чула
Денеска сакаше татко и да ја носи на градинка. И му влева во спална и вика: ајде татииии стании петнајс до пет е
И се карам на ќерка ми малата - Денес нешто забушаваш, не ме слушаш баш ! ( дека непослушна ) - Па не слушам мамо, тато не ми ги исчисти ушите после бањање, затоа јас не те слушам! И скроз озбилна , демек оправдена сум што сум непослушна. Кога прави некој проблем и откако ќе се смири ситуацијата пробувам да поразговараме. И одма оправдување со најозбилната фаца што може да ја направи - Мамо, ти не знаеш... јас рано станав и затоааа... не бев наспиена, затоа мамо! И за крај - Звини! ( значи Извини и точка на муабетот) И такачка, паметницата моја четиригодишна.
На балкон имам 2 корпи за ѓубре, едната за пелени, другата за сѐ друго. Ја отвара таа за сѐ (која беше скоро полна) и вика: ‘Аууу бљак’ Ја отвара таа за пелени и ја гледа празна и вика: ‘Кај е бљак?’ Се изненади дека не најде ништо хахах. Црвка моја 21 месец.
Двете си играа и нешто големата се налути и ѝ вели на малата: Ајде бегај од тука, еее па она на мене стресови ќе ми праве.
Одиме по улица и покрај нас поминува човек по шорцеви само на велосипед и малово се вртење накај мене и ни едно ни две ми вика: Дадо дадо, дедово вози точак гол..
Разговараме дома со ќерките што е највредно во животот. Не се парите, не е богатсвото, туку здравјето и семејството. Големата ќерка надополнува - љубовта е важна и највредна во животот. Малата ќерка се вклучува со нејзино мислење - Не љубовта дадооо, зејтинот е најбитен! Кога нема зејтин мама не може да зготви ручек, па гладни ќе сме. А и скап бил, вели баба! И така, не подучи малото дека џабе љубов ако зејтин за ручек немаме.
Ја прашува мм големата -Тато ќе го бањаш ли бебето кога ќе се роди? Она отсечно -Не,она нека си го бања (покажувајќи на мене) -Зошто не? -Па она сака да си го родЕ,она нека си го бања,шо јас
Му објаснувам на син ми како тигарот јади луѓе, ради што е запнат дома да сме земале тигар да го гушкал И му викам мама ние јас ти и тато сме луѓе ќе не изеди Малиот не не луѓе, буци сме сите Многу често ако не го викнам на име му викам буци мој и така све си поврзува.
Н: Мајка многу те сакам, најмногу на целиот свет Н: Мајка ти си најубава на целиот свет Инаку ретко ме вика мама/мамо, речиси цело време мајка, а кога ми се лути нешто по име и строго о на крајот Недоооооооооо
Ќерка ми поголемата во 22 часот : Мамо,тато... ај да играме Не лути се човече! Ќерка ми малата и возвраќа : Ќе играме спавачи човече Дадоо! ( гледа цртан на српски, паа го намести муабетот ) Ни доаѓа мајстор Петре , и малата си го завика Чичко ПетЛе ( петел ) Иначе скоро 5 год. има ама Р не знае да каже. И затоа чичко Петле! Малата ми седи во скут, ме гушка и милува и дели комплименти : таа убава косичка, тие очи зелени, тоа мазно лиценце со најубави брунчиња , мили украси на мамино лицеее Боже Господе , пред циклус знам да бидам Гроги , ама на детето мое му тргна со комплименти.
1год 2м М:Сине, утре кој ќе те носи во градинка? С: ДеДеее Е: С, какано ли е газето? С: климнува со главата Е:Тете, ме лажеш ли? С:Да. (стварно не беше какан. А нема врска, чисто сумљам дека знае што го прашаа ама ете се погоди уз муабет).
Шетаме и поминуваме покрај споменик од Питу Гули. Син ми го препозна и почнува да раскажува за него нешто и кажува: ...гробот му бил прво во една БуЛгарија, а после го преместиле кај некој Светски Наум.
Се гледа во огледалото Ја: Убав ли си? (постојано го прашувам за да извадам реакција, оти ако кажам потврдна реченица скоро па и да ме игнорира) С (1 год 2м): убАв. (со акцент на а).