Пишува големата ќерка домашно. Прашањето гласи : зошто прозорите се изработени од стакло? Малата ќерка помага со свое размислување : за да ги ѕиркаме комшиите! Ја погледнувам сериозно и ја прашувам : од кај ти е ова, кога и кого сме ѕиркале низ прозор!? Ми возвраќа : Ти не, ама баба штом забрмчи кола одма го трга пердето! Од бабите многу се учи!
Внесен во некој муабет раскажува. Мамо има една огромна желка која може да испие цело езеро. И јас махинално во знак дека го слушам му одговарам потврдно. Продилжува понатаму и вика, ама таа е толку голема може да голтне и кит , а јас тука се свестувам и почнувам да се објаснувам дека тоа е невозможно зошто китот е огромен. И тука добивам лекција. Како не може, ако желката може да го испие езерото, а китот живее во езерото тоа значи дека може да го голтне и китот. И како да не ми го прифатам овој аргумент. Понекогаш ме изненадува како му фаќа тоа главчето. Кај и да е ќе не продаде
Се спремаме со маж да искочиме и ме прашува. Каде ќе одите? Викам во диско. И јас ќе дојдам , сега ќе се спремам. Викам не може. Зошто? Па не пуштаат деца, немаш 18 години. Па ни ти немаш 18, 34 имаш!!!
Во зоолошка градина малата ги кажува животните: ова е мечка,ова е волк, ова е бизон... Стигнуваме до зебрата : ова е пешачки премин! Како бе мама пешачки премин? Како се вика ова шаренко животно! Малата : Ами не ми текнува на другото име, мамо... Сестра и и објаснувала дека улица се минува на пешачки премин или зебра, пааа малата овде ја збрка работата.
И го правам пред 2 дена ова напред за да дојде како венче, па си ја носеше косата пуштена. И ја зима маж ми вчера на раб и и врзал плус репче едно како на сликава и колеги на маж ми ја виделе и и рекле, аууууу каква убава фризура имаш, кој ти ја правеше? ТАТО Колегиве запрепастени каква фризура и направил тато и од кај знае да прави вакви фризури
Вчера имавме гостинка, а него почна веќе да му се спие зашо не беше наспан. Мафташе со раче цела вечер, праќаше пољупче, ама виде дека не функционира тоа за да ја испрати гостинката, па презема друг чекор. Ја зема за рака, ја стана од стол и ја води кон вратата. Оваа го прашува: каде ќе ме водиш Х? Одговара: ДОМА. Стана, си отиде девојчето.
Дома кога менувам пелена на бебе или кога ќе прднат одма се луфтира после тоа. Ќерка ми вчера си игра пикната под ќебе цела и во еден момент прднува. Отвара ќебето и почнува да вика по мене: мамииииии отвори прозооооор!
Ќерка ми прваче ги учеле буквите Ѕ и Џ и ми се фали: - Мамо, сакаш да ти кажам имиња што почнуваат на буквата Ѕ и Џ? - Ајде кажи - викам јас. - Ѕвонко и Џемаил. Па ја прашувам дали знае на Ц некое име можеби и нормално, вика да - Цаци! - А дали знаеш од кое име доаѓа Цаци? - ја препрашувам. - Секако, од Цациела!
Го носам сабајле во градинка, тука се погодивме три мајки со децата и една си тргнува да си оди вика чао сите ние чао и синко: чао бела
Спие сеа, и нешто во сон увцето ја заболе. Кога што да видам, минѓушките гвинтот скроз во мевце скоро. И и викам извини мама, ама мора да ги извадиме. С: мхм, и другата Јас: сакаш и другата добро. С: а други да ставиме? Јас: Сабајле ќе ставиме нанај сега. С: ама ќе ми зараснат дупките... Значи ова мое дете... И у сред сон толку да е свесно, тоа чудо едно. И знам дека сум нај немајка што ја мачам у сон, знам. Ама мене не ме фаќа сон ако знам дека има некој проблем.
Се враќаме со малава од парк и зад нас жена со штикли, лупа цела мала се слушаше. Малава се сврти и изненадена и рече: Аааа ти сиии, јас мислев коњ останав подзината хаха
Која и да прдне од двете вика тато прдна и отвараат врата да се луфтира И му кажуваат следен пат да излези надвор