Беше излезена со мажот ми на пазар и си иди разочарана ..Викам Деа со ти е бе мама оти си така тажна? Деа: Мама денес татко ти не ме носуваше кај тетките ... Јас: Андреа кој тетки бе мама кај те носи татко ти ? Деа: Па тетките шо продаваат сладолед,татко ти збора со нив и тие сладолед ми даваат Бевме излезени вчера и наоѓам колеги од на раб и се поздравувам. Си идиме дома,а таа уште од порта викаа..Татооо мајка ти збораше со чичкото тој рече пијат кафе
Koga grmeše pred nekoe vreme, nie zateknati nadvor na dožd i grmotevici, a malata mi objasnuva "znaeš, ova udri grom u tebe, bum iiii nema više mama"
Сабајле ја облеков во фустан, и ептен беше среќна и и викам: е мама најубава си и она ми враќа: пупупу да ме какат кокошките. Сега се најаде ептен многу и ми вика мамо испив и млеко, и јадев многу и сега можам да ждригам и прдкам тешко ми е
Сношти во 11ипол почна да вози велосипед низ дома, и јас и викнав не, касно е. И иде кај мене се фаќа за срцето и ми вика аууу мамо, срцето ми го уплаши
Ова беше пред 2 години. Доаѓа на гости еден братучед со девојката. Им дава на децата чоколади. Си ги земаат чоколадите и големиот му вика на братучед ми - Пак ни носиш чоколади? Аман веќе. Следен пат сакам киндер јајце. Одма смеа од сите.
Му викам ајде стани ќе закасниш во градинка ,7 саат е. Успан ,со отворено едно око ми вика: Добро ,ај ќе станам кога ќе биде 82 саат,уште е рано сега. 4 години
Јас: ти си мој сладок син. Јован: ти си моја сладока мајка. Јован: мами Лазав е многу мекан, ама многу. Дека е мал. Ама кога ќе поласни ќе боцка и ние тогаш ќе го однесиме во требата кај ежињата. Јован: мама овај бато е многу мал шо ништо не знај. Нема заби за да јади чоколадо, не знај да оди, дури не знај ни точак со педали да вози, па ни без педали, па ни тротинет, па ни мерцедес, ни шкода, ни опел, ни мазда, ни стари коли, ништо не знај..
Влегуваме в такси, таксистот околу 50-55 години, ќелав. Јован: мама дедото нема коса! Види мама, види, дедото нема коса! Сменив тема додека пропаѓав в земја. Не знам дали човекот повеќе се навреди за 'дедото' или за косата. Ј: мама ај пак нека те боли мешето М: зошто да ме боли бе мама? Ј: па да родиш уште едно бебе, ама сега дадичка сакам. Ама мама, да биди нежна и убава како Емче кремче (девојче од градинка). И да одиме во ваикики да и купиме фармерки со модри патлиџани.
Хаха ме подсети на еден муабет од ќерка . Ми вели мама сега треба да родиш и едно машко ама немој бебе, одма пораснато нека е
Бевме понеделникто на роденден и малово игра и едно време иде се држи за меше. Му викам што ти е одговара мамо едно дете ме удри по меше го прашувам каде ми вика овде кај што ми се мочаше и сега ми се моча уште повеќе
Му објаснувам дека Дедо Мраз доаѓа од далеку,дека му треба многу време да патува со санката, и ќе поминат многу денови додека му донесе подарок. Максим: Па што доаѓа со санка,нека дојде со авион побрзо!
Сум заборавила ова да го пишам. Поголемиот уште од мал е дрдорко. Лани беше случкава. Излезе надвор со брат му и една комшика го прашала - Кај е мајка ти? И он и рекол - Дома е. Прави ручек. А ти наместо да седиш на клупава оди дома и прави јадење. И се извинував на жената. Она се смееше.
"Даде вечер е св.Никола,ќе ни идат гости,ќе ни даваат пакетчиња. Ќе дојде и попот ќе крева лепче,ќе носи и крст па ќе го бациме крстот -и раскажува поголемава на малава. Преспива малава и вика а даде тој Крсто ќе ни даде пакетче? Одкако свативме дека мисли ма попот имаше смеење со солзи
Никој не потенцира дека овој период е толку интересен околу 2 години, само се надевам дека ќе потрае и дека ќе умирам од смеење долго долго. Мајка ми ги запишуваше нашите бисери кога бевме деца, сакам да почнам и јас, ама додека најдам соодветно решение каде и како, нека стојат овде да не ги заборавиме. (На камера ни покажуваат аквариум со риби) - Мамо, рипчиња, летаат. (не дека не знае дека рибите пливаат, ама како и текна, се умрев од смеење) (Едно сабајле, стануваме, ролетната крената, она застанала под прозорот и гледа нагоре во небото и ми покажува со прсте) - Мамо види мамо. - Што мама? - Види мама, јајце. (и ми покажува на полумесечината, од тогаш научивме дека тоа е уствари месечината и сега ја бара секое сабајле) (Повторуваме букви) - (името нејзино), ај кажи ја буквата Њ. - Не сакам да ја кажам буквата Њ.
Леле незнам дали е бисер или за во црн хумор,и ми се смееше и језа ме фати. Дува свеќичка за роденден,по кратко одкако испеавме песничка,дувнавме свеќичка,ми вика:абе се убаво мама ама незнам зошто не ми стави онаква свеќичка како што купуваме кога одиме во црква и палиме дедо Боже да не чува" Ми се снеарни,па подголтнав па објаснував пак која и е неа намената.
Му донесе другарка ми чоколадо најлепше жеље и и вика : аа добро е, јадам вакво! Ја ставив пицата на маса за гостите и му реков да не чепка ништо, оти само загризува и остава,дека после сите заедно ќе јадиме. Насмеан дека гости ќе дојдуваат( ќе дојдуваат гости мама). Седнаа гостиве и малиов вика: еее сега може да јадам - нема да ме караш
Вчера дојде мајка ми и му донесе мартинки да им ги ставам и му објаснува Мајка ми:Деа баба ова ке ти го стави мама на рачето и ке го носиш,ко ке видиш штрк ке му речиш да ти ја извади мама и ке ја фрлиш штркот да ти донеси фустанче ... Деа: Баба ти ништо не знајш, штркот бебе носи не фустанче... Мама рече Теа штркот ја донесе Ние сите се смееме,а таа лута вика шо се смејш ти така рече
Разгледуваат книги со дедо му. Д: шо е ова на сликава? Ј: пиленце. Д: која му е мајка на пиленцето? Ј: еее ја нема овде на слика, сигурно е на работа.
Му покажувам слика од ултразвукот 10та недела втора бременост на првото синче и ја гледа и вели ааа мајмунче . Му кажувам дека е бебенце и потоа на дедо му му покажува и му вели "вака така бебенце дедо" Последните недели на контрола кога одев на секое доаѓање дома ме прашуваше, "мама уште не го извај докторот бебето"