Со мм кога зборуваме пред него за него, за нешто шо не треба да слушни, го именуваме како Ј (џеј), а брат му Л (ел). Пиеме кафе со мм, тој си играше и иди со трчање: стана Ел, стана Ел. Јас: кој е Ел? Ј: па Лазар е Ел бе мама. Јас сум Џеј, а Лазар е Ел, ти па ништо не знајш. Океј
Синко 2 год и 4 месеци, се буди сабајле и го ставам до мене на спална. Му викам добро утро среќичка на мама а тој се врти накај мене и вика ти си мама среќичка, си преплакав од радост скоро цел ден. И те сакам секоја вечер пред спиење ми кажува
Слушаме песничка од распеанo симитче и иде стих: Кралица на трон. После некое време го слушам пее дел од песничката и вика: Кралица на кров
Срце, и моето така. Но, мислам дека треба да сме горди бидејќи учат од нас. Ние им покажуваме многу љубов . Моето синче ме гушка и ми вели мама ние многу се сакаме .
Мајка ми го прашува син ми, што прави дедо ти (во другата соба), и син ми и вели: Дедо гледа голи чичковци, а татко ми гледа Survivor
Бевме на гости кај една пријателка и отидовме во ВЦ. И гледа во бањата полно шминки наредени, ама нема што нема од шминки и слични тракатанци пријателкава, а за малата тоа е сон, едноставно обожува шминки. Гледа таква воодушевена и ми вели: Мама јас сакам и ти да имаш толку многу шминки (а мама и шминкањето скарани ... ). Јас и велам: Важи мама, ајде сега кога ќе отидеме за Македонија ќе изнакупуваме една купа шминки заедно. А таа на тоа: Ама мама има и тука, јас видов во Кауфланд . Исто цело време ми сугерира дека сум требала да носам фустани како другите мајки . Нема уште четири години иначе .
Бевме излезени и се враќавме по друг пат од тој шо вообичаено си одиме. М: сега мама си одиме по друг пат за дома. Ќе чекам да ми кажиш дали гледаш нешто познато, накај треба да свртиме. Ј: добро мама. Приближуваме до место шо му е познато и му викам: мама знаеш кај живееме? Ј: да мама, во Битола.
Ова ме потсети на ќерка ми на таа возраст пред да наполни 4, бевме на гости и до вц ја носам, мало вц само со вц школка и мијалник, ок заврши раб, се враќаме вдневна, ги праша кај се капеле хахаххахахах Значи не мене да ме праша, си ги праша директ домаќините. Ај па после сакаше пак да мочка, па бевме и до другото вц.
Си купив нов градник, го исправ и го закачив на сушарата. Поминува после некое време, и извика: "Еееј мама, види мокро цице". Се згазив.
На иста возраст внука ми мене ми го постави ова прашање кога дојде кај мене и отиде во гостинското ВЦ зашто и беше побилску и ми вика: А вие кај се капите? А бе душички се. Искрени.
Утрински мудрости од ќерка ми во 7 и 30ч. Се спремам за работа јас, таа се буди и ми вика:. "Мамо да му кажиш на татко ти да и купе кремче за раци за Јована, зошто јас сум веќе стара и имам линии на рацете"... Ова е зошто ме гледа дека јас ставам крем на лице и таа сака, па и кажувам дека децата немаат линии-брчки и затоа, сега таа имала линии на внатрешниот дел од дланките (кои сите ги имаме) и требало и таа да се мачка
( мм е водоводџија и некогаш се пика по шахти и слушала муабети ваљда) Гледа шахта надвор - Мама отвори (шахтата), тато излезе Купивме ново ѕвонче за мачката и и објаснувам дека ќе си ѕвони ко ќе се шета мачката, го става ѕвончето на уше и вика "Ало маче, шета?" Се заљуби во на @IRBBB бебето и си дојдовме дома: "Ај земи бебе, јас гушнам, вака нанаме" и ѝ викам како бе Софи да го земеме бебето, па во Битола е. "Земе кола, оде Титола, земе бебе, јас гушнам" Шо не ми кажавте дека солзи ќе ми течат бе другарки
Му вика на татко му:кога јас ќе се шминкам како мама? Татко му: ај доста вакви муабети од сабајле,мрак ми е. Максим: каков мрак бе,види сонце надвор има
Бевме на одмор за Македонија. Овојпат најтешко и падна разделбата со бабите и дедовците. Додека се враќавме назад цело време велеше не сакам во нашата дома сакам кај баба и деде. Првото утро дома, после предолго и претешко патување, станува и прво нешто што прашува: Мама денес ќе одиме пак на гости кај баба и деде? Јас и велам: Не можеме да одиме пак, зарем не виде колку е далеку и колку време патувавме до дома. А таа на тоа: Ама мама, овојпат побрзо ќе возиме ..
Искачаме и му викам "мама ај викни го лифтот додека заклучам" (со цел да стисне на копчето, ама не он почна да вика по лифтот) и вика детето "лииифффтттт, кадеее сииии, ајде дојдиииии"