Сите така викаат, бидејќи не имитираат нас, кога им се обраќаме, а кажуваме пример: Мајка ти те сака, итн...
Малово вчера луто, после некое недоразбирање со маж ми, ми вика - мама, тато ми вика дека утре ќе морам да одам сам во градинка, ама јас не можам да одам сам и плус немам кола Утрово одиме во градинка и му викам - дали сакаш да одиме после тоа некаде? Ми вика - да мама, во пештера Се враќаме и се паркирам пред зграда и ми вика - мама, нели ти реков дека сакам во пештера да одиме, зошто сме дома? Му викам - во каква пештера сонце? Ми вика - па во пештера на доручек мама Он на пекара мислел
Мал е сеуште, има само 20м, али веќе почнува да формира говор. Имаше мака со окцето у сега ставаме капки за очи и еве го 2 дена ме убедува да не ставиме. Муабетот иде вака: Мама капе капе оче не, оче ауч! Демек не ми ставај капки во очите, ме болат. Душа моја мила. Исто пред некој ден, ни се расипа тв и еден ден бевме без тв, големо чудо, ама чоекот сфатил. Станавме сабајлето, мм пут под ноге отиде по нов тв и ајде да го намести, он возбуден и вика: Мама дајш ти Да(р)о и Зази, сега боте (покажува со рачето на тв). Да сум пуштела Биби и Боби сега работел тв.
Реди играчки во соба додека правам ручек,и ми вика: "ајде бре мама што направи,да си поиграме малце како маж и жена,до кога ќе те чекам?!"
Мама сакам пез бомбони. Има 6. Сакаш 3 денес и 3 ќе ти останат за утре. Ама ги сакам сите шест. Е како сите, ќе немаш за утре. Што ќе јадеш утре? Утре ќе јадам чоколадо
"У пижами ли ќе седиш цел ден?" Софи: Да "Зашо?" Софи: Па не си кажала дека ќе одиме некаде, ако одиме ќе се пресоблечам.
Хаха мојов па обратно не сака пижами и само шо ќе се разбуди бара да му ставам блузе, а шо треба јас , сега треба по пижами цел ден да седам, абе седи кога сме дома ќе ти биди покомотно, ама како по пижами цел ден и кога ме гледа мене ми вели оти носиш пижами ами треба блузе да си ставиш види јас како имам блузе
Мама:Марио остави го спрејот на тетката е, тебе не ти треба тоа, на тетката утре треба да и го носам!(Спреј Ревлон 10во1) Марио:Ми теба, ми теба, моје е!
Ручаме тројцата на маса и викам на ќерка ми: "Мама, сакаш да одиме во Атина?" Ми кима со главата. Го прашувам маж ми: "Тато, сакаш да одиме во Атина?" он вика "Не знам" нерасположено. Ми се врти ќерка ми мене: "Добро, ние ќе одиме мамо, со тебе".
Седат играат батко и дада во соба и батко вика: Мамоооооо Сара ми рече дека сум ДЕБЕЛ! И јас Сараааааа.... Сара од таму: Не реков дека е дебел, реков дека многу јаде и е тежок
"Софија кога ќе одиш да спиеш?" Софи: Ќе одаааааам... Утре. "Спиеше ли во градинка?" Софи: Не "Па шо праеше?" Софи: Па кафе пиеше. *Се караат нешто со мм" Софи: Аман веќе па ништо ти не даваш "Па не може да правиш глупости" Софи: Па шо да правам ако не правам глупостиииии Софи: Мама земи меееее "Не можам, зафатени ми се рацете, не сум октопод" Софи: А зошто не си октопод?????
Софи: Нони "Пан та ло ни" Софи: Панталони "Па зашо викаш нони?" Софи: Па пантолони е големо. Нони Ќе ме пукне детево
Сите не знае и кажува по име... ама бабите ги вика баба ав, ав, ав и баба аууу.. му кажуваме упорно како се викаат и тој не..тоа е баба ав, ав и баба аууу...
Како да дешифрирам штом у значи на детето Какапоче, Кокотапче и Капоте?! Имате идеа? Капоте мислам дека е работи, оти го кажува во контекст телевизорот дека какапоте, какапоче мислам дека му е од IDJ Децо почињеее, ама кокотапче...
Првото бисерче на син ми нека остане напишано тука за да не го заборавам Вчера сабајле будни веќе си лежиме на спална и си игравме со гумени животни. “Јатооо аде тани ам ам и пакооо (Жирафо ајде стани да јадеме и во парк). Како да и црка со прстот правеше, пресмешен беше
Доаѓаме вчера дома и баба му во двор му вели "Димитар кај шеташе?" Димитар: "тат" (Во град бил) Тат е град, чип е чипс (читај конфлекс). Каи е камион, зизи е жирафа, Тото е мачорот Тошо (и го слушаш низ двор Тотоооо ам ам ам адее и го бара да јаде) , Нана е Мара мачката, ваф е лав, кок за сок, кај за чај. Има бисери ама сега почнува