ова од керќичката на другарками . и вика девојчето мамо може да одам до продавница. и другарками вика не Н. не може и она вика ее добро мамо ке одам чао. инаку детево често прави некои испади така да се згазиш од смеење еднаш одиме на гости и сестра и на другарками беше таму и и вика детето: де мори па ти тето види колку си дебела идеш по гости и само јадеш аман аман од тебе више. ту! и си искочи најтрагично беше што жената е многу слаба хахах !
Koмшивче го чував дома. И дадов колачи со прехрамбени светки и ми вели : А, овие светките ги триете од светкавите блузи и ги ставате на колачите?
Едно мендо на пријателите што го чувам некогаш... беше неподносливо бесна и и' викам - колку години имаш? - 6. - Јас на 6 години седев сама дома и самата си варев какао. А не како тебе, да урлам и беснам (ама онака, строго и' се обратив). После 25 минути, веќе 100 муабети други свртевме и од нигде никаде ми се загледа во фаца со очиштата големи и се издра - ПА И ЈАС ПОНЕКОГАШ СИ ПРАВАМ ТОПЛО ЧОКОЛАДО!!! - А дали знаеш дека Хурем и Махидевран се другарки на живо? (не знаев ова, дефинитивно). И шлаг на тортата, 10 пати ме потсети дека од 12 до 14 часот требало да спие, оти така правеле во градинката. И ја навиткав косичката со витлери, како на Хурем и се гледаше задоволна во огледало. - А ќе ми се расипе ако спијам? - Па малку, можеби. - Ама види, ние не спиеме баш секој ден во градинката...
Внук ми од братучед е од Австралија и дојдоа овде, и си игра нели детто во двор и вика, мамо, мамо гледај butterfly, и мајка му вика ама кажи на македоснки како се вика и он ни 2 ни 3 вика мамо, мамо гледај една путка лета. А ова друго. Братучед ми го остави фејзбукт вклучен, и овој барател нешто по лап-топот и нели некој објавил нешто и овој го вклучи, и вика тато, тато дој да видеш шо гледам ја. И братучед ми вика шо гледаш , и малив две тетки се бацуват за цицињата. А сестра му ама е улава. Имаат една слика машко и женско како се бакнуваат, од младоста на братучед ми И ова ја докачила и ленала врз веа и ја бацува. Вика овоа мојот boyfriend.
Најново од син ми . Ме прашува :Мамо имаш ти ку*е ? Му објаснувам дека девојчињата немаат ку*е . А тој пак запнал како бе мамо немаш ,а кој ти го изеде ?
Последно на кое што се смеевме сите, со внука ми. На свадба кај сестра ми, додека стоевме сите пред црква, внука ми( 3 години ), си трчкаше внатре-надвор, и едно излегување од црква, застанува на скалите ко на бина и почнува да се дере по мајка и. -Мамоооо, дојдииииииии. И мајка и нешто беше зафатена и и рече да почека малце. И малово и се врти и и вика: Ама мамооооооо дојди брзо, ТЕ ВИКА ГОСПОД!!
внука ми ја прашувам што сакаш братче или сестриче? а таа мртва ладна НИШТО внука ми исто малку е дебелка и имав купено ишлери многу сака и сега јаде јаде упорно, а после нема да касне леб и и викам ај овие ќе ги оставиме за тета и ми вика ајде. и ја гледам по 5 минути јаде ли јаде и вика АБЕ АЈ ДА ГИ ИЗЕДИМЕ ЌЕ И КУПИМЕ ДРУГИ НЕЗЕ + ваква фацичка едни пријатели дојдени на гости имаат мало 2 години и таа пак е трудна. седи жената се мрда налево надесно никаде на ја собира и малата: мамо дај да ти го натепам бебето не е мирно
- Мами не пачи, Нене не иде Стралија, Нене стане у Донијата и идемо у пако. (Пами не плачи, Нене нема да иде у Австралија, Нене ќе остане у Македонија и ќе идемо у парко.)
Овој е од мене како мала: -Сме се шетале јас, мама, тато и сме виделе едно магаре. Јас како из пушке: Mамо, тато видете слон!!!
Едно детенце. Збори со мајка ми. - Каде е ... ? - Она е на факултет. - А кога ќе дојде? - Не може да дојде, учи. - Те и ф(Р)лам тоа фатутетот, те и тупам нов. Моите биле у село. Виделе свиња. И сестра ми: - Лелеее, колкаво магарее.
Одам по улица, а пред мене одат мајка со својот син, кој имаше околу 4-5 год. И детево цело време и бара на мајката да му купи чоколадо, а таа наоѓа секакви изговори да не му купи. И по едно 3-4 мин. молење детево вика: „Ама ако не ми купиш чоколадо како што вети, кога ќе си појдеме дома ќе излезам на балкон и на цел глас ќе викам дека ве видов со татко ми голи! Сите да знаат!“ Мајката ваква , и тогаш стасавме на раскрсница на семафор и ни се разделија патиштата, па не знам што бидна понатаму, дали детето јадеше чоколадо или ќотек!
Внука ми воопшто несака да се бања и кога и да прашаш - Се бањаше? ги ококорува очите ( секогаш кога лаже ) и вика АС СУМ ЧИСТА, СЕ МИЕВ СО САПУН, МИШИ МЕ! Истотака многу е љубоморна кога ќе збори мајка и со друг некој а неа не ја рецка. Се кара со сите - ЗАКУТИИ!!! НЕ АДИ ВИШЕ ГОМНИЈА! Брат и кога беше помал не знаеше да каже МАРГАРИН. Доаѓа кај нас и вика ќе јадам МАДАРИН намачкан на лепче. Како како? ( за уште еднаш да каже ) - Ќе јадам бурек
Ги чував јас помалите братучеди,и сеа седевме во соба и зборевме кога ќе пораснат што сакаат да бидат,колку деца сакаат да имаат.Иначе имаат по 5 години,машко и женско. И сега најдов јас една розева бебешка блуза и братучедка ми вика:Дај ми ја блузата ќе си ја чувам,јас кога ќе пораснам сакам да родам женско бебе,зошто машките се немирни.И братучед ми од таму се избацува:А неможе мене ќе ми ја дадеш блузата,јас ќе родам женско бебе.После пола саат му објаснував како машките неможат да раѓаат бебиња.Битно се згазив од смеење.
Викендов што помина, братчедите ни беа на гости и ова малово има 3 годинки и тета му вика ајде запеј ни некоја, оти обожава да пее. И оваа кога се задра : Мииилкеее дууусооо, цицетооо ме бооолиии!!! А оно да ти било милке душо срцето ме боли. Абе се згазивме од смеење. И многу други глупости тропна, ама оваа врв ми беше, мрсле убаво на дада
кога беше Баскерфест фествалот, една вечек некои црнци имаа некоја изведба, играа (или сл) на кеј и имаше до мене еден татко со ќерката кои гледаа. Ќерката имаше околу 3-4 години и како што гледаше наеднаш праша - Тато ова во живо е?
Ги слушам децава надвор си прават муабет. И едно мало, дебелко, ама ептен слатко девојче, чие име завршува на ЧЕ, ајде еве да речеме Мариче, кажува... ,, Е, па си го земав тоа мачето, ама многу беше нечисто, и го исправ, па го ставив да се суши,, Не можев да одолеам, им викнав - ,,Мариче, а на жицата да не го закачи, убава она?,, Се усрами, жал ми дојде што ја засрамив, такво е срамежливко, и само промумла... ,,Не, во дворот на сонце е.,, Го средила во секој случај.
И јас исто ги слушам децата како ми џагорат цел ден пред зграда и пред некој ден се собрале така неколку девојчиња мали и се караат со едно друго девојче, не разбрав зошто се расправаат ама врв беше кога едно девојче од групата му се обраќа на скараното девојче: -Шо ма ти не гледаш, наочари носеш ти си слепоочиница. Е готаво се умрев, слепоочница била бе
Внука ми е многу мала и не збори, додуша за нејзина возраст треба да кажува нешто ама ајде, и на денот на зимањето на дипломи ја донесоа и неа, ама пусто дете баш тогаш збесна, а тета и купи бомбончиња мечиња само да биде мирна. И брбља нешто по нејзино, пишти, вика се дере и сестра ми и вика Пст! со прстот на усте и она се врти и на сите на цел амфитеатар им праи Пст! со прсте на уста, абе мрднато детенце е нема што. А дека му дае на деканот мече бомбонче, и дала сестра ми големо чоколадо Најлепше жеље да ми го даде и ја гушкам ја и деканот и вика а мене да ми дадеш и оваа му подаде бомбонче, а тоа бомбончето у рака се спурило се смачкало сирото, она битно го даде. Срцув мој, ја обожавам!