Ќерче се спрема да ја наследи Алачки. Ручаме, месо пржено ние возрасните ( не најздрав избор ама инцидентно) и посебно ручек за неа. Како што јадеме така фаќа во нашите чинии. Почнувам јас, не тоа мевце, не е за тебе. Ќерка - мецееее М М М За витамини исто. Јас: ајде витамини да пиеш Таа: миниии М М М
Јас на ќерка ми: Сите треба да учиме од брат ти. Тој: Дали тоа значи дека јас сум најпаметниот во семејството? Играат фудбал со маж ми, па уз игра му вика: Ајде тато, подај, како маж на маж Докторката му вика: Земи ги рецептиве и однеси ги кај сестрата за печат. Тој: Значи овие на сестра ми да и ги дадам
Ја земав ќерка ми од градинка , и возејќи накај баба ѝ минавме низ ромско маало. Видела еден бел коњ (се свртев и јас да видам) , и ми вика застани јуникорн! Застани јуникорн!
*Пробувам да докачам нешто, неуспешно* Софи: Не можеш фатиш, малечка си, требаш спиеш, пораснеш. Како тато бидеш ГОООООООЛЕМА
Пошто знае дека преку тел и купувам работи и после чичкото ги носи, некни вика, дај тел јас да си купам нешто А викам имаш пари? Не, ми вика, ама тато даде 50 денари
Играме 'на буквата' и ми вика: мама, на буквата, на буквата З! М: зајче Ј: не! М: зебра Ј: не М: зелка Ј: не М: з, з, з... не знам Јован, се предавам Ј: Зивотинскоо
1.Зошто не пиеш од ова сокче мама што ти дава(запнала Липтон леден чај да пие па го кријам)…Затоа што од твојот мн мочам после 2Ме удира по задник Ја прашувам зошто ме удираш по задник?Затоа што ти е мн убав 3.Денеска ја прашувам што сакаш да правиме на дождов? Сакам да одиме на плажа и море
Обично вика и јас кога ќе порасна ќе си најдам принц и ќе имам деца, нели мама? Ама овие два дена ме напна нешо ептен и од нигде никаде седи и вели: јас решив, не сакам да имам деца Оти бе мама ја прашувам Вика: е за шо, само да ме нервираат Ја гледа Ариел и вели за вештерката, лелеее колкав голем газ имаа, мама исто како тебе
Му кажав дека интимните делови ако ги кажеш културно и правилно, се пенис и вагина. За пенис запомнил. За вагина ми вели: мамо како беше она, лаванда? Не ми текна и прашувам на кое мисли. Ми вели: јас и тато имаме пенис а ти лаванда.
Од книгите што ги читаме си поврзал некако дека вода е река и сега секоја вода е река. Пред некој ден ми носи шише со вода и ми вели моја река . Јас упорно му кажувам не е тоа река ми вели не река е. И сега бара река за вода за пиење .
Мојава уште мисли сите дудиња имаат и кога виде прв пат еден батко гол, праша зошто баткото има чудно дуде
Син ми е малку поголем и одамна знае. Прво почна да прашува зошто седам за мочкање, и од тука се разјаснивме.
Добро можеби со синови побргу мора да се учат тие работи, пошо за женскиве мои нормално им е седење на шоља, а па придружба на тато не прават
Чита весник "Софи што пишува таму?" - Пишува време е да ме носиш во игротека - Јас пораснам, тебе купам кола "Ако бе мама, да ми купиш" - Сина ќе биде, и ти нема да ја возиш "Па зашо да ми купиш ако не ја возам?" - За да ја гледаш. *Треп треп* - Може пуштеш ТВ? "Може, шо сакаш да гледаш?" - Некои глупости малку Во "малку многу" фазон е - Мама, малку спијам, малку одам градинка, малку кафе пиете ти и тато, и после јас малку шетам. "Важи мама" - Ама мама, не. Јас многу шетам а ти малку кафе ќе пиеш - Мама ај јади малку, не си дебела. - Дедо Гаааз, Дедо Гааааз, дојди и кај нааааас "Мама, Дедо Мраз е, не Газ" - Газ Мраааааз, Газ Мрааааз
Се приправаше дека нешо ја чеша комарец ја каснало сред зима. Баба и зела шише мало пластично со ракија да ја намачка за да не не отече со драма и не го вратила на место. Оваа начекала шишето на маса и никој на видик, случајно ја фатив кај што му реди во чинијата на кучето кај што му е водата ракија. Јад: Нина мама од кај таа идеа, зш го прајш то? Н: за да не имат по новини па се смее хаххаа Макс пијан хахаха
Му велам на синко(3години) да ми наброи кои се шумски животни, и почнува:волк, мечка, срна, елен.. Потоа го прашувам кои се домашни животни и тој: па ние
Мама те боли нешто? Ме боли мама, гласот. Брат му си ја свитка ногата, и за да му напраам облога, му дадов телефон, поголемиот доаѓа и ми вика: мама дај ми и мене телефон, и јас сега ногата ќе си ја свиткам и ќе ме боли, и оди божемски паѓа.