"Мама каква боја е небото?" - Сина "Ееее, не. Облачна е боја, види" "Добро утрооо" - Софи темно е надвор, не е утро "Добро темнооо" ^ Како да збуниш дете несакајќи
Ова ко на син ми другарка една, полна е вакви бисери. Да не биде без ич. Вчера маж ми упорен да го однесе во спална да спие а он сака со брат му да спие и го носи по стоти пат и љут се симнува од кревет и му вика на мм Мш таму! Со покрети на раце со се!
И мене еднаш ми се налути и ми вика Иди у ќоше да си седеш, јас зачудена цела ја прашувам Од кај го научи ова? И ми вика Мачето седи така.. Јас кога ја бркам мачката низ соба ѝ викам Оди си у ќоше у куќичката...
Мм праи палачинки во вид на срце - Оти мене праиш срце? "Оти те сакам" - Аааа мама не ја сакаш, неа круг праиш Се бања, и ѝ се примочува - Јас тука пуштам вода "Како тоа мислиш ќе пуштиш вода во кадата?" - Малку моч, и наполнам кадата многу - Оооо мајче, колку убаво ме бањаш
Тешко издишува и прашува: А ние кога ќе имаме едно бебе? Јас: од каде ти текна сега тоа. Таа: Па ти знаеш дека јас сакам да имаме две бебинци, едно машко и едно женско. Јас видов во аптеката кога бевме дека има едни апчиња кои треба да се испијат за да се има бебе во мешето...
"Јас не сакам јадам, не сакам бидам дебела и волкот изеде" - Шо? "Црвенкапа изеде волкот оти била дебела и вкусна, да дааа" - Ок... Не е така приказната. "Јас така сакам биде" - Шо праевте на балет денес? "Вежбаше и учеше и гледаше балерината " "Јас тато многу сакам" - И татко ти те сака, до тебе е кажи му "Не кажам, лута сум" ^ Типична жена - Зашо му се налути на татко ти? "Јас сакаше правам друштво веце, а он рече не. Јас сакаше кажам нешто" - Шо сакаше да му кажеш? "Не знам, заборавив"
Ме прашува синко: Мамо татковците раѓаат ли деца? Му велам: Не бе сине, само мајките раѓаат. Па ми вели: А на тато зошто му е голем стомакот Му реков па од пиво бе мама, нема он бебе у стомакот
Еј балерината им била многу добра ми кажаа, бабава наша не може да ја изнафали. Мала дигресија, сега идам со некој бисер од малиша. Мама:Марио кај ти се чорапите? (иде тато тука у соба) Тато:Марио стварно зошто немаш чорапи, кај ти се? Марио:Нема чоапи, на тато пати (подава демек со раката пари) купи чоапи! Тато почна со работа од канцеларија и не е веќе дома кога сме нели ние дома болни и денес станува сабајле и оди тропа во канцеларијата негова и констатира: Нема тато, нема дома тато (збори и иде накај прозор), ете нема ни коата да нана надол, тато оде абота. Старо мало едно
Леле да! Цела градинка ја имаат испофалено, многу јаки работи праела за дечињата. И не знам кој ми кажуваше дека имале приредби кај Жена парк секоја година, од најмали до најголеми значи едвај чекам Да не бидам офф, денес: - Не се качувај така на лизгалката, ќе се искршиш "Искршам, помине" "Чекај сеа да ти кажам значи, дождот паѓа од небото" - Од облаците "Па облаците се на небото мама" - Мртва озбилна! ОК ЌЕРКО, НЕ ЗНАЕВ
Секоја вечер ме тера да ја раскажувам Трите мали прасиња пред спиење и јас раскажувај пола саат, дувај, објаснувај…Денес му викам - ајде ти сега да ми ја раскажеш. Ми вика - ок, мама, прво ти, па јас. Ок! Ајде јас завршив со раскажување и му викам - ајде сега ти. Он: Епа мама, дошол волкот, ги изел трите прасиња и Енде! Во градинка исто ми кажуваат воспитувачките, ги пукнал со тоа да му читаат некоја иста книга секој ден и веќе им дошло преку глава и му рекле дека не можат веќе и земал некоја диносаурус играчка, им отишол и им рекол - јас не сакам да ми ја читате книгата, ама еве, диносаурусот сега ми кажа дека сака да му ја прочитате него
Мамо што јадеш? Рукола салата... Рукола???? Тоа не е рукола тоа е трева. Зошто јадеш трева мама? Крави јадат трева.... Следниот ден.... Мамо што јадеш? Тортиља.... Што има внатре? Кашкавал, маслинки, песто... А од тоа зелената трева има? Не... Епа дај гриз
Вчера сабајле го спремам за градинка и тој ми вика: - Не тис гинка, мама тати гинка ован бота моа паи земе. Ок
Јас пред некој ден косата пуштена пеглана.(долга коса имам и откако се породив се врзана ја носам почесто). И ќерка ми: мамо купи нова коса?
Исто јадеме спанаќ, јас во филм ајде јади спанаќ, да бидеш силна како Попај морнарот. Ќерка, ни го видела, ни слушнала Попај ама јас така навлезена во цртаниот викам ајде после ќе го пуштиме да го видиш кој е. И поминува време, додека средив низ кујна, па играње и по некое време, ќерка како од пушка. - Мама, пусти Попај медузата