- Има сонце, ќе се печеме како гуштеи. - Кај е дугал ми? "Дома, носето му течело" - Ееее па теба облече јакна. Болен е? "Не е болен де, малку му течело носето само" - Да, а надво дува ветај може и мене тече носето "Ако почне да ти тече, ќе си одеме дома, немам со шо да те избришам" - Не одиме дома, одиме понавница купиш. Имаш паи или сакаш дадам? - Секој ден исти пиказни читаш, аман веќе. " Добро, ќе ти купам нови" - Овие досадни веќе па аааа па - проследено со шљап на чело буквално - ПАНТЕЕЕЕЕА, дојди дојди. Ми падна јадење, собеи Тука свриштев по двајцата дека мачката не е правосмукалка оти и мм и се придружи и ми вика - Ама мачето сакаше јаде, гладно беше. Викаше мјау мјау Се откажав од биткава, до крај на ручек повеќе јадеше мачката отколку она.
Мама: Марио престани да го копаш ѕидот и да мачкаш на пингвинчето, само што го извадив од сушара, чисто е! Марио: Ама мама, папа пигвинче, гадно е.
Си лежам на кревет во дневна и доаѓа ме бута со цела сила и вика “мамааа оди ботааа Ван леје тука сам. Нејќе мама дома, Ван сам” Ок.
"Леле мама колку убаво ти стои фустанооооов " - Види, не паѓа. Стои, убаво ми е облечен. Немав одговор на ова, шо да кажам. Ми го тресна неочекувано Браво
Мама види, дугајче пива- другарчето пливало, новата риба на децава што не е риба, акселотл, и си го завикаа другарче.
Чекајте другари, не била Маја, она е уствари од друга група па мислев ај дошла на помош, Мајо, за себе зборел, се плашел од пашакот, скроз валиден страв, скроз!
Ама се плаши може од "мали зелени" Ко детенцето од видеото шо беше "Не јадам грашок, бурек сакам" или како и да беше
Сабајле сум се смеела со солзи, стана и одма у дневна да игра со коцките и чучнат ама не скроз седнат туку чучи, па од притисокот си прдна така појакичко, ко тате да прдна, дури отидов до дневна да проверам да не е он. И ми вика Мама Мајо маку пдна, ама јако пдна
Се шета свекор низ куќа, во меѓувреме ќерка го гледа на кај влегува и почнува да си прашува и одговара сама - Каде замина дедо? - дедо замина ка цевлите (во ходник) - дедо замина кујната... И на крај вика дедо замина кај дедо Боже Врска нема, јас стравот в коски што му текнува на детево.
Вчера зборуваме со малото за времето дека залади надвор. И ми вика: мама, јас сакам да биде секогаш ладно, не сакам топло, не ми е убаво кога е многу топло. Јас: епа штом не сакаш многу топло, тогаш добро е што не живееш на место каде што може да биде мноооогу топло. Тој: да мама, ако живеам таму, ќе бидам како пржено јајце.
И давав да руча и татко и во тој момент влегува и и вели наздравје и таа абе не наздравје не кивам. (бидејќи кога кивнува секогаш и велиме на здравје). Хит и е тоа сега абе и бе на секој вели така и на машко и на женско.
Скрос исто. Значи како јас да сум пишала. И за абе, и за наздравје. Х:Каде е татко му на бебето змеј? М: на работа најверојатно. Х: А во Жито ли работи?
Одиме во кафич да пие сокче, и му викам: А: Одбери си мама по едно сокче, кое го сакаш. Поминува време, му носи келнерот сок а мене кафе и сок, и ми вика: Б: Зошто за тебе две пијачки, а за мене една? А: Па не пиеш ти мама кафе. Б: Па ти пиеше прееска кафе, сега ова да си го вратиш.
Дијалог за време на гушкање пред спиење. Таа: Јас тебе многу те сакам. Јас: И јас тебе многу те сакам. Јас без тебе не можам да живеам. Таа: Јас можам без тебе да живеам, во Македонија кај баба.
Ќерка ми: Мама ти зошто сакаше да родиш уште 2 бебиња? Јас: Па да не бидеш сама,да си имаш братче и сестричка. Ќерка ми: Еее ,па јас и без нив ќе си пораснам,не си морала,па дури две...
- Тато, ти однеси ме на работа и врати се легни спиј Мм: "Па кој ќе работи?" - Па мама, во спалната... Иди мама, прај си кафе, јас одам во градинка. - Јаааас земам телефоноооооо, порачаааам фустанче - Значи сеа ќе јадеме сладолед, добро? " Да, добро " - Епа ако е добро, кај е добро? Кај е сладолед? - У продавницата - Татоооооооо, ај одиме купиме сладолед. Мама не напраила
Мама: Марио престани мајка веќе, значи стварно си напорен, дај смири се малку, застани да ти сменам пелена и продолжи... (имаш тука плачење ко да сум го истепала) Марио иде и се жали на татко му: Мама ка(р)а Маио а Маио умен, не теба така Оди кај татко му во канцеларииче: Тато каче го(р)е, земи мене. Јеје татооо пуно копче (на тастатурата), ај сеа каче до(л)е одам мама сега. Иде кај мене со мојот телефон во рака: Мама ѕеми, јави бабата У село сме цел викенд од 4 дена, споивме, и се спремаме да одиме кон дома и малово влагаме у кола и вика Јејеее видам дугајче (другарче, животинката што ја чува брат му, акселотл)
Нешто беше пренемирен, и му викам: Ако ти дојдам, ќе те исплескам по газот И он: Не можеш да ме исплескаш по газот, си седам моментално и не планирам да станам.