Ќерка ми со морбидните муабети - Мене ако ме нема, вие купите ново дете? "Не, ние тебе те сакаме" - Ама тебе ако те нема, јас купам нова мама "Де бе мама, па кај се купуваат нови мајки?" - У болницата, кај шо се раѓаат бебиња, таму има и мајки за да купам. "Софи, мама ај те молам не треси глупости" - Не тресаааам, стварно е така Оккккк..... Ко ќе ја заплескааааам
Марио: Мама пути панетите на тевизој! Мама: Која планета? Марио: Мас и јупитет Мама: Марио дојди да јадеш рипче! Марио: Не сакам јадам јас јипче, вати таму кај водата да пива, ома! Мајо јаде јаготки! Марио: Мама каја Мајо! Мама: Зошто кара мама Марио? Не бил умен? Марио: Паи гупости, Мајо будаа Ама Мајо само сака качи таму гоје, како мамунче
Јас: Ајде да си одиме мама, види никој нема, живо пиле нема! Во тој момент здогледува пиле, и ми вика: Еве има живо пиле, како нема! Погалив едно девојче на лулашки, мн беше мило, и ми вика: Не ја гали, таа не е твоја, гали не нас само, ние сме твои! Јас: Мама што сакаш да вечераме денес? Тој: шапагети.
Ја носам малата сабајле во градинka,големата е дома оти кашла ,ама и викам Теа мама ке те однеси тебе вградинка ,а дада не оти кашла кај докторката ке ја носам да и стави инекција.. И одиме за вградинка ,а таа потскокнува, радосна ,си пеј песничка .. Јас : Теа зошто си мама толку среќна ? Теа : Оти дада ќе плачи Јас: Нема да плачи,голема е дада Теа: Ќе плачи,ќе плачи знам јас И продолжва со нејзината песна ајдееее теа фоцааа бебо бебоо
Оговарав нешо со маж ми пред некое време и викам Не треба само да сакаш, треба и да почитуваш. И после 10тина минути и викам на Софи Ај кажи ми колку ме сакаш. НЕ ТЕ САКАМ, ТЕ ПОЧИТУВАМ
Принц пиле мамино, прва рожба, во саботата имаше генијална констатација. Јас се потам, се тегнам, скокам (вежбам) и мртов ладен пишувајќи домашно ме погледнува на косо и вика, цитирам: Мама едвај чекам да ослабеш и да престанеш да се мачиш вака
Во парк, седи една баба и со раката си држи сенка над очи. Трча мојава до неа и вика - Бабата игЛала кЛиенка. Ајде балаааај.
Вчера големата керка имаше приредба .. Идиме дома и малата Оди и ја куби за коса ама онака со цела сила,големата ја удрила на раче и доага Теа со плачење и вика :мамаа карај ја дада ме удри по рака,прва почна да ме мава јас само ја кубев силно Јас :Зошто Теа ја кубеше дада? Теа: Зошто таа ќе оди на училиште,а јас не Денес стануваат за во градинка Теа : Дада ти ќе одиш на училиште оти мама те нејки повеќе ! Андреа : ме сака на училиште ке одам оти сум голема ! Теа : Не си голема плачиш ( ја чапа за коса и ја куби пак,намерно да плачи дада и, оти и викам не плачи не си мала )
Гледа предизборни плакати, и на еден дури тројца наредени, и вика: Мама види, тие луѓе се изгубиле, затоа ги ставиле на слики насекаде, за да ги најдат.
Д: Иде дие нана, аде даде нанај мал кевет, дие нана гоем кевет. ( идел диме да спие ајде даде нанај ти мал кревет диме ке нана на голем кревет) Јас: Какво даде мама, немаш даде. Д: Купи тата дие дада гат. ( ке му купел татко му дада во град) Јас: Е кај се купуваат дади бе сине Д: Гат мамо, панана има дада ( во град, во Палма имало дада ) Јас: Добро мама ајде спиј дадата мала е сега треба да порасне па да се роди Д: Да, дадо папај копиче, гоема бидеш ( да јадела компирче дадата ) ке ме умре детево пред спиење
Ги учиме боите и за виолетова му кажувам лила, и му викам ете како твојата баба лила, исто. Доаѓа на ред розевата и тој вели “еве ја баба пинк”
Мама: Марио сакаш да ти купам количка? Марио: Не сакам! Мама: А сакаш да ти купам авионче? Марио: (се помисли малце) Не сакам? Еков не сакам! Мама: А што сакаш? Марио: Садоед?
Ми вика малово сабајлево - мама, вчера децата од група 1 ми кажаа дека јас сум еден крадец. Јас - зошто, зарем им зема нешто? Дете: не, мама, јас носев маичка со црно бели риги и тие рекоа дека штом носам таква маичка, сигурно сум крадец Како им текнуваат вакви работи, не знам, ама многу ми е смешно. А маичката е со дебели риги, нема врска со затвореничка облека, ама ќе се подразмислам два пати дали пак да му ја облечам
Се мачкам маст на коленото пошто го повредив на вежбање и ме гледа и ме прашува: Мама што мачкаш? Мачкам кремче мама ме боли коленото. Може мене мачкаш увце, тука мене бои (покажува комарец кај што го каснал) Скроз е мој, иста сум била и јас, за мачканици, за фластери, за завои, пукната.