“Чита“ тодлеров енциклопедија за океани, листа листа и иде на еден кит со отворена уста и вика: Јеје кокава ибааааа, коку гоема уста имаааа..., го прашувам А што прави рибата со устата?, мртов ладен ми одговара Го амне бате!
Играат еден куп деца надвор, седнати си копаат во песок, и мали и зема лопатка на другарка на сестра му и девојчево му ја тегне. И ја имаш ќерка ми "Не го закачај мојот брат. Он ми е брат, никој не смее да го закача, само јас смеам".
Jas: Зошто толку ме нервирате, не сте мирни, сакате ли да умрам ? која ќе ви биде мајка после? Ќерка ми мртва сериозна, па што знам еве може тетка Еми ( другарка ми )
Доаѓа ќере и ми вика мама може да ти шепнам нешто, викам може.. и ми вика јас те сакам тебе повеќе од тато ама немој да му кажуваш да не се растажи и да не се налути па да плаче. После пола саат иде кај татко и и му го кажува истот дека го сакала повеќе од мене ама да не ми кажувал
- Зашо не ми родиш една Маша? "Зашо ти си Маша ама не си свесна" - Не, ја бев Маша ко бев мала, сега сум голема и треба бебе Маша Му се јави на комшијата да си порача работи од продавница - Ако ми купиш сокче , ќе те сакам повеќе од Х " А ако не ти купам? " - Аааа тогаш Х ќе ми биде омилен, извини - Х Ми вика дека сум бебееее " Зашо те вика бебе? " - Па зашо плачаааам.. како бебе. " Ќе одиме на село, базенот ќе го полни чичко Х " - Ти не слушна дека таму има мечки во планината? Сакаш да ме изеде некоја и после да нема Софи? " Мами, мечките може да се исплашат од тебе ко ќе вриснеш, не се секирај " - Аааа ајде да одиме да јадеме мечкииии - Фала шо ме роди. " Немаш гајле мами, и ја сакав да те родам " - Зашо веќе не сакаше да ти бидам во мешето? " Зашо ти беше време да се родиш " - Пааааа па па па требаше да ме оставиш да пораснам вака голема па после да ме родиш. " Ај нареден пат " - Ко ќе бидам пак бебе? " Аха " - И да ми купиш лего коцки за ко ќе се родам!!! - Ми падна пластелинот " Земи го ако ти паднал " - Ми падна во на мачето устата " КАЈ ПАДНА??? " - Па ја се шетав и мачето мјаукаше и немав шо да му дадам и му дадов пластелин " Живо е мачето уште? " - Да, многу сака пластелин да јаде.... - Многу се нервирам значи " Зашо бе мама па сеа? " - Оти тато не си ги стави патиките во шкаф, а мене ми викаш цело време " Ама тато пак ќе излезе затоа " - ТОА НЕ Е БИТНОООО, Јас се нервирам
Одиме как докторката.. Докт: Теа за што дојде ? Теа : Јас кашлам како мотор Докт : како така Теа како мотор ? Теа: мама пушти му на докторката како брчи мотор
Вчера ми става топка под маица и вика ајде мама плачи и јас се преправам дека плачам и она ја вади топката и вика ете ја сестратаа излезе. 2 год и 9 м опседната е со трудни жени од на пепа пиг мајка и
Завчера пред спиење: Дете: мама, вечерва не сакам ништо да сонувам. Јас: добро мило, зошто? Дете: епа вчера сонував неубав сон, сонував дека сум сложувалка. Јас: каква сложувалка? Дете: голема и не ми фалеше ниту едно делче
Паѓа во трчање, станува и вика - Нема гајле, не боли Ние често и го викавме тоа за да не го сфаќа страшно паѓањето.
Ќерка прднува и вика: Ууу тоа од бобот е мама( така го викаме кај нас). Ај види на Тему дали има нешто да ми порачаш за затнување на газето да не прдам?!
Чичко на маж ми многу ги закача децава, дај ова, дај она, дојди да те земам, дојди да играме и стварно е додаден. Боге се вика. Искачаме со точаци и му вика на малово: Дедо Боге: Марио дај точакот малку да го возам! Марио: Дедо Боде, така го вика, петани више бајаш точакот, дотаден си, ти си тај дедо, не теба така. Жото бајаш, жото си дотаден? Се сликаме за да пратиме на татко му слика и се качува врз мене и ми вика : Мама джи ме убаво, да не падам се упепам, ќе пачам ногу
Големата кога се кара со мене ми вика: "мамооо не ми се прави многу упорна" незнае како да ме навреди и мисли дека овој збор е лош Големата многу го сака дедо Боже, и на тераса секој ден го моли за некоја желба, денес ја слушам, желбата и беше да се смири софи оти глава ја болело кога викала малата: Соси/сосија- софи/софија мљеко- млеко ка си ти- кај си ти сака пие- сака да пие јонана- јована гушам- гушкам вова- вода скитка- бисквитка маџа- манџа тета каја соси- тетката ја кара софи кокам- скокам толку ми текнаа сега за сега
Јас: мама те молам смири се, не знам кај ми е главата. Син: како не знаеш, еве ти ја (и ми покажува на мојата глава). Јас: те сакам до месечината, ти мене колку ме сакаш мама? Син: 2 месеци