Реди дете коцки на едниот крај од собата, јас пред Тв барам што има. И некој филм со сцена на раѓање на бебе, при што нели почнува да плаче бебето. Ќерка од другиот крај се јавува: Ајде мама гали, гали, бебе не плаче
Ја зафркавам малата да ми донесе вода, а она ми вика: јас да не сум ти помошничка на тебе? Прво гив ми мани
Бебе 12м.. Станува сабајле отвара очи ме гледа и демек плаче гласно - глуми плачење (а спиевме на кревет јас, она и сестра и). И и шепкам тивко: шшшшшш спие даде, не плачи... и ме гледа и она ми шепка тивко: Цицеее?? Ах викам дете бре, ќе те ручкам какво си слатко и става рака во уста: Папо папо папо
Станува бебе како ретко кога расположен и ми кажува дека е гладен, му викам Ајде мама сега ќе јадеш гравче, на тоа одговара Не пак гавче, не сакам пак да јадам гравче (ко божем секој ден грав да јаде), сакам ова да јадам (и покажува на крофните). Мислам дека така слатко одамна се немам насмеано.
Заспива, а претходно имаше дискусија за цуцлата и му зборев дека он е голем и дека не му треба, дека бебињата мали цуцаат само и ми вика: “мама ти менко дете, јас бем батко, ти немИш цуцу.” Ова немиш, имиш на гевгелиски не ни е јасно од кај го вади, немаме корени од таму.
Жива музика во блискиот кафич синоќа, повеќе 'држење и урлање на микрофон отколку музика и малата вика - Мамо зошто лудуваат луѓето во кафичот
Пружам алишта на тераса и иде инспекторот мој да провери што правам. Марио: Мама чо павиш? Пужаш ајишта? Мама: Да мама, пружам алишта, да бидат чисти зошто ти многу ги прљаш. Марио: И Медо пужа ајишта, Маша многу пја
Славиме трети роденден и другарка доаѓа со бебето 8месеци кое јас го зимам (воедно трудна и цело време се збори дека ќе дојде ново бебе итн) Како што си игра син ми јас одам накај сите деца и он застанува цел видно шокиран и ми вика - МАМО излезе бебето
Вчера сум се смеела со малото, мислам дека душа снемав. Марио ќе се бањаме? Да, ќе се тушиаме во туч кабина. Ќе миеме ноџиња и рачиња? Да! Ќе миеме газе? Да! А главата? Нема потеба. А ку*ето? Да! А ќе го отвориме? Куето нема вата да го отоиме
Земав синоќа јога да вежбам, а имам уште недела дена до термин за пораѓај и како мало слонче сум. Ме прашува малово дали може да вежба со мене и ајде заедно се тегнеме/вежбаме. И јас таква се тегнам на подлога, изгледа сум залегнала малку повеќе, дека едвај се вратам веќе и он вежба до мене и наеднаш се пика под мене и ми вика - мама, дали си ти уште жива? Пресмешно ми падна, кој знае како изгледам од страна
Јас: мацо кацо дека беше Ј: у попо Јас: шо ти даде Ј: лекичка Јас: шо ти постела Ј: заборави и става прст на чело и демек му текнува и вика “кпааа” Крпа место врекичка, се снајде
- Да знаеш дека ќе сонувам колачиња зашо ми даде да изедам само две. - Сакам на ѕидот магаре големо. "Зошто магаре жити мене?" - У зоолошката не го видов, па да си го гледам секој ден.
Измислувам приказна спрема слики во една книга. Јас: и сега овде мечињата седеле и пиеле чајче После неколку дена истата книга Јас: и сега мечињата седеле овде и си пиеле водичка Х: не мама, чајче пиеле... Не водичка Side note: кога ќе смислувам приказни и лаги, да си паметам што сум кажала оти дете повеќе од мене памти.
Легнуваме да спиеме - Михаил 3г Добра ноќ мамо … После една минута мижи и го тегне ќебето се мести и јас да му помогнам потегнувам и отвора очи и лут ми вика: - Ајде бе мижи, што чекаш
Пржиме лепчиња со јајца и повеќепати ја опоменувам да ја затвори вратата од кујна за да не се шири мирисот низ цел стан. Јас: Затвори ја веќе еднаш вратата, сакаш ли во сите соби да мириса! Таа: Добро ќе ја затворам. А ти зошто си го отворила прозорот од кујната широко, за да им мириса ли и на сите други надвор?
Купуваме пуканки и малава (4 години) ја учиме кога некое мало дете ќе и побара пуканки да ги праша прво родителите дали да му даде. Обично прашува, "Може да му дадам?", и дава без проблем. Така и овој пат купивме пуканки седнавме во парк и мераклиски почна да ги јаде. Доаѓа мало дете и и бара, она ме прашува мене, "Мора да му дадам?", и велам не треба да прашаш дали мора туку дали може и тоа да ги прашаш неговите родители, она пак мене "Не, не , дали мора?". Велам, па не дека мора , ако не сакаш немора, ама би било убаво да му дадеш. Со дозвола од татково на детево, му дава, ама неволно, али ајде даде. Доаѓа пак детево пак и бара, она пак му даде и пак неволно. И сега бисерот,( мораше интро да има) Мојава му вели на таткото од детево: О: Знаеш кај ги купив пуканките? Т: Каде? О: Онде кај чичкото. Т: Аааа знам, тој чичко најубави пуканки прави. О: Па ако знаеш што не одиш да му купиш?! Првите 5 секунди, останав без зборови, после неможев да престанам од смеење.