Слушнала ќерка ми нешто ама не до слушала...Онаа досаднана песна на Мишел Тело (ако го згрешив името слободно смејте ми се) прееска вака ја пее... -носам, носам а Симо седи до Марта...ај сечи Перо, сечи Перо, сечи -Се пресмеавме со мм и тој и` вика-а татичко?.. Перо што им сече, торта ли Оваа година нема да одиме на одмор, пошто нели чекаме бебе, и пред некој ден ќерка ми ми вика -мамо ова лето нема да одиме на одмор и да ти кажам баш убаво, зашто јас многу се плашам од винтоли кога се бањам во длабокото И јас ваква што се тоа винтоли Превод-ДЕЛФИНИ ...Не знам од кај го слушнала зборчево, ама додека се разбравме, се стемни
Братучетка ми има синче со кое се во фаза на учење дека е доста од пелени и треба да кажува кога му се оди во ВЦ зашто нели веќе бил голем дечко, арно ама, додека бев на гости големиов дечко си се помочал и тука братучетка ми почнува да го кара и со повишен тон му вика демек лута: Кога ќе престанам да те перам? и малечково такво искарано со папи ајс и одговара: Кога ќе се оженам Се згазивме двете од смеење, оди па лути му се после
Леле уште едно ми текна, бевме минатиот викенд кај моите на Југ, и внука ми му чачка на едно другарче од комшии по точачето, а и детево скопјанче родено мајка му ни е комшика, нејсе внука ми се запнала да му го земе точачето а детево не го дава. Виде не виде малиов и се сврте ја бутна и и вика Мала иди у пи*ку материну! Абе не се пукнавме од смеа, три месеци се разлика али малиов поштено ја отера, што е најбитно тука и мајка му и сестра му, коа го прашавме кој го научил, вика дедо ми, а дедо му цвета од радостии. После сите не стаи на туле и на сите ни дае по некој сочен муабет за по дома да си го носиме и да се смееме до сабајле. Децава се страшни!
Ах тоа молчењето тивко беше само на збор, мирен беше 10тина мин. потоа саакл да дојди до мене не го пуштиле, па не знаел како да привлече внимание и кога случајно се свртив гледам ја соблекол патиката ја кренал високо колку може и мафта ли мафта доволно беше само да го погледнам и не можев да се соземам од смеа.
Внукичката (4 години), вратена од одмор. Ја распрашувам како си поминала, а меѓудругото -И што ви даваа во хотелот да јадете? -Абе не ни даваа, сами си зимавме! (абе шведска маса, стринооо )
Хахааха најинтересно бисерче од брат ми Кога беше помал во фаза на учење на зборовите,таванот наместо таван тој го викаше ЧУКАНИЦА. А пак едно мало детенце една годинка мислам имаше,е пееше песната на Тоше-Македонија навива за вас.. И пее само детенцево оооо ооооо ооооуууу ооооууу....ооооо ооо ПАПООО! Хаха смешки многу ми се интересни малите дечиња
Вчера го земав девојчето од една братучедка да го прошетам. Поминуваме покрај игротеката и баш пред влезот сретнав јас една познаничка и додека да се поздравиме малата госпоѓица влегла во игротеката. Таму роденден имало, и се искуклила на едно столче си седе. Капа и ставиле ја исшарале. Јас моли ја да излеземе таа НЕ и НЕ. Мајката на девојката што прави роденден ми вика да одам да се прошетам и да се вратам да ја земам Јас влечи ја да си дојде, ветувај и разни глупости таа нејке. На крај срам ми падна, отидов до продавница купив поклон за девојчето што слави роденден и излегов. По некое време се вратив и ја земав... Ни јас не знам како собрав храброст да и кажам на братучедка ми
доаѓаат братучедите од струмица на гости и седат 4-5 дена не е битно,смеи шали маабети вака онака и 4тиот ден братучед ми на мајка ми и вика:ЖЕНО ТИ КАК СЕ ВИКАШЕ и мајка ми зачудено го гледа хахахахаххаха вика извини вака ама ти го забораих иметоо ахахахахаха се испосмеавме
го прашувам братучед ми пред некој ден -Каде работи тета ? -во Алк'лид Односно Алкалоид Важно се умревме од смеење
Пред некој ден бев кај брачед ми на гости.. И внука ми беше толку разборана шо уста не заатвори цел ден.. Ми вели: Тета да ти кажам ние имаме клима, и јас му велам каде бе тета? и вели на горниот спрат, ама тета ние имаме две клими, и ние сега сите вакви ,И Јас како бе Тета две клими? па така ми вели една внатре една надвор(знаете онај делот надвор шо се става од климата) Се умревме од смеа
Мојот помал брат.. сега е 9години тогаш имаше 5-6..и седиме јас баба и тој..и играме на буквата буквата и тој на нас вика на буквата на букватаaa О.. и ние погаѓаме овде некои зборови и на крај тој вика: е не погодивте, точниот одговор ееee.. на буквата на буквата O - ЌЕБАП.. абе до ден ден го зезаме за ова и се смеам секогаш кога ми текне Oд кај ЌЕБАП СО О..
Внук ми од кога се родија брат му и сестра му (близначиња) ниту еднаш не ги нарекол по име, постојано им измислува надимаци а бидејќи малиов е ептен културен пред надимакот секогаш им стои госпоѓица и господин Така едно време ги нарекуваше госпоѓица и господин лигуши (кога почнаа да се лигаваат), па имаше mr & miss poopy pants, mr & miss cry babies , кога им никнаа запчиња ги нарекуваше госпоѓица дабарица и господин дабар Последниве надимаци ми се најсмешни, пред некој ден бев кај нив и внук ми отвара врата, излегува внука ми која само што почна да оди и ја најавува како госпоѓица брзата птица итрица, а внук ми помалиот лази позади неа и овој поголемиот го најавува како господинот којот. Го прашувам што ти текна така да ги викаш, ми вика: Па госпоѓицата брзата птица итрица оди а на господинот којот кој не оди му е криво и сака да ја стигне ама не може па и прави сопки постојано, фали уште од acme bomb да и постави по пат за да биде исто како на цртаните филмови
Ова е бисер од мене... Когфа сум било мало , мајка ми ме носела низ сите соби за да не направам нешто сама. И женава решила да се одмие доле , ама немала време да влегува во када па сеа да се бања, и земала топла вода седнала на шоља и почнала. А врата ја оставила отворена за да ме гледа , а ја па мало нишо да не се знаело сум ѕиркала И она не ме приметила ја кај глеам, и после некое време сум и рекла Мамо што правиш? Се мијам Леле мамо, ти го бањкаш, оно ти се криви За срамови . И до ден денес домашна шала ни е со мајка ми
Сестра ми мрази да се чешла, а мајка ми е фанатик по чешлање. Се караат сабајле, не знам требаше негде да одат и мајка ми и вика... -Види се, на ништо не личиш во главата, како циганчињата си. И сестра ми онака жално и враќа... -Е добро де, и они се деца, и они се луѓе.
Внука ми е цела прав бисер Има 2 години и 7 месеци. На месец дена пред да наполни 2 години за првпат во животот кажа Р и си го употребува. Арно ама, обично го греши каде треба а каде не треба да го употреби Па така, место лак за нокти вика рак (односно, ракче). Доаѓа накај мене со ужалена шмизловска фацичка и ми вели: „тета види, немам ракче, теба да ме наракираш!“ Го менува редоследот на буквите во зборовите, па така место „книга“ вели „кинга Никако не можеме да се убедиме за зборчево. Обожава киндер јајца, нормално заради играчките, и многу е нестрплива додека се отвара јајцето. И таква е целата „тета, дај да видам кака играчка ми се допадна!“ Сака да каже, каква играчка и се паднала Прееска ги суредувавме сликовниците и вели „Тета, цекај да ги набројам кингите“ Ги пребројуваше де И најјако од се' ми е кога сака да пее и бара микрофон, па вели „дајте ми михохон!“ Ќе ја биде, обожава да игра и пее, ужива во музика. Има уште милион бисерчиња, веќе не ги ни памтам, морам да си ги запишувам некаде.
Кога беше мал братучед ми се спремаа едно лето за на одмор и му вика тетка ми, земи издиши ги топката, мускулите и гумата да ги стаиме во куфер и тој и вика, а мамо да го издишам и телевизоров и него да го пикнеме во куфер?
Ајде додека се сеќавам на слулкава да ја раскажам, jа слушнав песната па се потсетив Беше пред 4-5 години, внук ми имаше 3 или 4 години (сега има осум години). Тогаш излезе Candyman од Кристина Агилера. Јас и сестра ми скоро секогаш пуштаме VH1, а знаеме сите колку можат да ги отрујат моменталните хитови. И така беше и со оваа. И внук ми, од за сите нас до ден денес неразјаснети причини, многу беше фасциниран од спотот, а богами и од Кристина (ок, јасно е зашто бил од неа). (инаку е дете кое поставува по милион прашања за една работа) И секогаш кога ќе го пуштеа спотот беше како хипнотизиран буквално Постојано прашуваше едно исто „а кои це овие сто ја втат? А сто и пават сега овие?„ (мислеше на војниците што ја креваат во спотот), „па засо ја дигаат, е засо овој ја вти вака, а од кај дојдоа цицковците, а кај си отидоа, а овој засо така игра, а тетката кога ќе дојде кај мене....“ И еднаш ми дојде буквално преку глава од прашањата за тоа кога ќе дојде тетката поставени по зилионити пат. Секогаш му одговарав дека е она многу далеку и дека чичкото ја земал дома. И кога праша кога ќе дојде тетката, му реков „па ѕирни доле пред зграда, можда е таму“. Леле кога срипа дете.... „Тета, она дојде....ке идам до доле со Пунтото ке ја цекам!“ (а никој во фамилија нема Пунто, од кај ли му текна ...) И излета од соба и го слушам трчка. Мислев оди во дневна или на тераса. За 2 секунди слушнав како се отвара влезната врата, тоа он да излегол да ја чека тетката доле Го стигнав некако, ме бркаше да си одам дома пошто ја чекал тетката да дојде, не сум требала јас да дојдам . Ко за беља, се погоди време кога сестра ми требаше да се врати од работа, да го земе и да си одат дома. За цело време детево чека и не се качува дома за жива глава Ја гледам сестра ми доаѓа и си мислам, леле добро е, сега ќе заборави и ќе се смири...Прво му се причини дека доаѓа тетката, зашто сестра ми е таква во косата и се израдува, ама после кога виде дека е мајка му, а не тетката, ептен се разочара Ма јок бре, кога ја виде „Нееее, мамо, не ти, ја цекам тетката да дојде, не тебе!“ Оф леле мајко, додека му објаснивме што е и како е, дека тетката не може одма да дојде до кај него, дека еден од чичковците ја земал кај него дома и дека не знаеме кога ќе ја пушти да дојде кај нас.......Го држеше состојбата со Кристина Агилера некој месец. Пред некое време му кажував за случката, мислеше дека го лажам и не ми веруваше. До ден денес се осеќам многу крива за ова
Нели ви иам кажувано за внучињата. Кога тргнале од тука за Австралија, помалата плачела во авионот и нејзинотот братче (година дена постар од неа), и рекол: Стефи не плачи, и мене ми се плаче ама баба рече да не плачемо да не га нервирамо татко ти. (не вика тато, туку татко ти, пошо се му викат ајде иди кај татко ти). Како некој стар човек, и мене ми се плаче.
ПРво бисер од мене Кога сум била мала не сум можела да велам К,Г и Р и демек сум ги научила,па со трчање сум ошла кај макја ми и сум и рекла Мамо,мамо јас сум сега долема и мозам да лецам тлотодил -сум мислела на крокодил. Од комшивчето мое кое што порасна буквално кај нас. Чичко ми дур беше помал секогаш му велеше дека кога ќе почни да оди на училиште.ќе одат заедно и ќе седат во прва клупа заедно.Сега наесен почнува да оди на училиште и му вели на чичко ми Боо-така го вика спремај се од наесен почнуваме заедно на училиште да одиме-запамтил сонцето убо Исто од него го шеткав и не го пуштав од рака.Кога стигнавме блиску до дома му велам ајде сега шибај право,а пред нас имаше кола и ме испули вака и ми вели Илиииии ами ако одам право ќе се акнам во колата и ќе ми порасни џумка,после ти ќе треба да ми купиш чоколадо за да ми помини Ама го кажа то така слатко и наивно шо ме стопе.Абе срцка мала Има уште од внук ми и внука ми ама тие друг пат,да не давам сега