"Мама јас не сакам да остареш, сакам да си ваква секогаш, ти си наша најубава мајка, и кога ќе бидам голем ќе ти купам перница, за да можеш повеќе да одмараш и да спиеш!"
Си брбори нешто низ дома и сам си вика, ај да си земам едно пиво од фрижидер. Отвара фрижидерот и пак сам си вика, може и Нана (сестра му) ќе сака, да земам две. Се појавува во дневна со две лименки пиво. Од социјално ќе ги земат двајцата
Седиме во дневна нешто ја прашувам за во градинка и од нигде никаде му се врти на татко и и му вика: Ќере: Тато види мама какви нозе има. Тато: е какви нозе има? Ќере: убави како на прасица.
Дур памтам да пишам, сега беше Седиме на кревет и седат со брат му, ми се врти и ми вели: Шо пајш сиско (цицко) леле зајдов кај му истекна нз, а мн сака да ме фаќа меѓу гради, тоа му остана од ко го одбив ко утеха и многу пати Сакам сиска ќе речи и се смирува така
Кога гледа тв му викам уште 15 мин и го гасиш тв и одиме да спиеме. Само што стана од дремка, седи на стол ручаме и вика: - “мама сакаш ји гедаме мако визојо цетан, само пајсе минути и посе спиеме” ама со фаци убедливи со се.
Мама ке одам да се купам - не сакам купам неее нее Мама јас не ти - не мама купа, никакоо ( и таков став зазема си прстето исправено како јас кога го карам за нешто и му викам никако ) Морам косава ми е засмрдена веќе - не мрдена ти, убава си Оди не го изеди цел
-Maрио спиеше ли денес во градинка? -Не, Адам ме вејвјаше? -Што? -Ме вејвијаше... -Те нервираше? -Да! Големиот му вика на малиот Бате, Адам ако те нервира пак да ми кажеш да идам да го исплескам! Малиов, душата најдушлеста, Неее, Адам е дугајче, не го испескај...
-Тато сакас зивотинско? -Не, сине не сакам. -Ама тато многу е скусно, побај го. -Фала сине ама не сакам, навистина не сакам. И малиот му вика: Тате ај пашај ме сега ти дали јас сакам зивотинско..се згазивме од смеење со сопругот
Пред некоја вечер 2 саата не маткаше во 3 сабајле дека сакал во спална, па во детска, па во дневна, па вода па млеко па срање… откако доби се што побара со рикање на цел глас вика “сакаааам правам нештооооо”, и плачеше пола саат зашто не знаеше што е тоа нешто
Се спремаме за во градинка, седиме двете на шоља и ми вика лелее ти си како татко, хихи! И покажува накај стапалата - носев црни чорапи! Значи децата све приметуваат.
Вчера сабајле: - Ајде спремај се, одиме надвор. - Каде ќе одиме? - Во шума, да се шетаме. - Не сакам да идам во шумата. - Зошто не сакаш да одиш во шума? - Има волци и мечки и бубачки и боцка. - Добро тогаш, каде сакаш да одиме? - Во хотел!
X:Мама што те боли? Јас:Забот, не забот(не знаев како да и кажам за непцето) месото ме боли. Х:Може видам. Јас и покажувам и таа ми вика Мене не ме боли месото, јас не јадам месо
Викендов работев по дома и многу внимание не му обрнав па зема да црта со фломастери. И си збори он како си црта, се вртам и што да го видам. Нацртал цела маса со точки сини. -Што е ова Марио? Зошто ја нацрта масата? -Нацтав дожд, а таму нацтав ветен (стварно нацртал една спирала, претходно гледавме за торнада) и да не напави јом, нацтав дожд на масата. Прејако!
Доаѓа залетан од детска, легнува и крева нозе: Мама собечи ме, какан сум, ми попуштиуа пеената, уом сум! Аман бе мајка, затоа дојде? Браво! Не, бате ме избка дека смдам, да дојдам да ме песобечеш Е нели е подобро да кажуваш да какаме на шоља, да се бришеме и да не носиш пелени веќе? Ама не ми кажувај сега, песобечи ме, уом сум!
Хахаххахаххахахахаххаххахаххајахајахаххахахахахјахахахахахахххахахахахахахаххаххахахаххахахахаххахахахахх
Имаме синтетичка играчка мачка и цело попладне ја пееме "Моето маче" од Дарко Биберко. Нели очи, уши, мустаќи... Вечерва бањам дете, сушам коса со фен и во еден момент само развикува: - Мустаќи имам во устата... И фаци на гадење ... Јас: Што имаш? - Мустаќи... Косата ја изеде
Вчера си имаше тантрум додека баба и беше на гости. И рече женава, ти си имаш мака. Сабајлево станува дете и ми вика, мама јас имам мака. Каква мака, што е маката? - ми подава мрсул свежо ископан од нос После се присети баба и дека ќере си чепкала во носот дури збореле за "маката". Бтв. Како да ја искорениме навиката. Веќе неколку дена се "мачи"