Кога бев малечка бабами се играше со мене.. еднаш ми рече бремена сум за да види како ке реагирам и јас и викам ами како бремена дедоми умре и сите зјапаа во мене а јас кутричка целата поцрвенев
Брат ми кога бил мал. Наместо да рече: „Татко ти бил ли си панкер кога си бил млад?“, тој:„Тато ти бил ли си педер кога си бил мал?“
Вака. Минатата година отидовме имаше нешто со војниците како прослава некоја на АРМ и одиме со братучед ми кој имаше 2 години. Гледаме таму и тој генералот им вика “Здраво’’ и овие викаат - “Здраво!’’ (онака со викање) И братучед ми и вика на мајка му - “Мамо цо се делат овие?’’ (Мамо што се дерат овие?)
Пази дечија логика... Се лажеме по дома дека ако се јаде и спие ќе наполни мускули како Попај и ќе порасне и тој така си запаметил. И оној ден мм нешто низ нервоза треска муабет ,,ех што не сум на негови години,, (мисли на години на детето) и малиот остава играчки и доаѓа кај него и му вели ,,тато бе, па веќе не јади не спиј и ќе се смалиш,,
На три години внука ми се научи да го вклучува ју туб,да напише само две-три букви и да и се појават цртаните кои нон стоп си ги гледа.А бидејќи цело време ги слуша возрасните како зборат за фејсбук,еднаш кога бев кај нив требаше нешто да видам на ју туб,па го вклучив и таа ми вели-Тето зошто сега го отвараш мојот фејсбук Една вечер не сакаше да заспие,па земав една сликовница и и реков дека ќе и читам за да спие.Си легна на перницата и ме слушаше како и читам една приказна,а кога завршив ми рече-Ај сега ти легни си а јас ќе ти читам
Едно девојченце, не може да рече Елена, па ме вика Јунка Пунка. Јас почнав да се смеам гласно, и ми вика: Дото пачеш? Прееска ми ги истури сите боички, и ги стави на еден лист, и ги свитка во фишек. Ја прашуваат: Тоа сончоглед ти е? Да, да. Соноефњхи е. После некое време и се истурија, и почна да вика: Се стопи сончоопггјгпхеј, се стопи.
Ова не знам дали е на внука ми или мој, битно е бисер Еден краток период летово ни се расипа машината за перење. Се расипала додека бев на работа, кога се вратив појма немав што се случило. Си седам истиот ден попладнето со внука ми и ми вика „Тета, кога ќе дојде мацорот за мацината?“ Ме зачуди, не знаев што да и' кажам, мислев некои мачиња гледале надвор со мајка ми, малава сакала да ги земе, па мајка ми ја лажела дека мачорот ќе дојде да си ги земе. И и' реков само „не знам душичке, ќе видиме кога ќе дојде“. Арно ама, внука ми е од оние деца кои поставуваат едно исто прашање се' додека не го чујат баш оној одговор кој го сакаат, не се задоволува внука ми со половичен одговор како мојот И ме праша уште едно 68 пати. Си дојде и татко ми од работа нешто покасно, и него почна исто да го прашува, и татко ми исто помисли дека гледала некои мачиња надвор. И го прашуваше исто многу пати за мацорот и мацината. Седнавме пиевме кафе, и сега внука ми сестра ми ја прашува за мацорот и мацината И сестра ми исто ко падната од Марс, се чуди што прашува малово. И веќе не можеше да издржи малово, застана со став „о Боже колку сте глупи“ и со кренато прсте како да не' кара вика: „Се расипа мацината за перење. Треба да дојде мацорот. Кога ќе дојде мацорот да ја поправи мацината? Па засо не ми кажувате од прееска?“
пред некој ден бевме поканети на роденден кај детеце од градинка,и нормално јас се шминкав и ќерка ми одма и она бара да ја нашминкам,и ајде и ставив малце сјај на муцето.и сега одиме на гости,на масата имаше слатки,и мајката од детево и вика на ќерка ми,ајде срце земи си и ти од слатките,и таа а не не можам да јадам слатки имам кармин на муцето,ха,ха,ха...сите се отепавме од смеење,многу беше слатка (можи дека си е моја)
Хахахах ги прочитав сите и се изнасмеав Еве еден од братучеда ми Гледале дома Љубов и Казна и малава почнала да прашува Мамооо Мамооо кога одат Саваш и Јасмин во ВЦ? И таа и рекла ее не знам ај да му се јавиме на тетин ти (татко ми, ептен братучеда ми го сака) да го прашаме И таман го зела телефонот таа и рекла : Ееее не ѕвони ми текна бе мамо, па кога се рекламите одат Еве и од мене Кога сум била мала нон-стоп сум спиела со хулахопки И мајка ми ми велела абе не ти е жешкооо, како спиеш така и јас со плачлив глас, абе жешко ми е ама на сабајле баба не ми го мести убаво работ кај прстите сум гледала слика како мала кај што сум и сум и плачела на мајка ми да ми ја истрижи косата до уши и мајка ми е зошто така сакаш...за пак да ми биди жолтаааа Мамо како му ги даваат имињата на децата, од каде знаат дали се машки или женски кога ќе се родат? Ова малце морбидно е...Кога бев мала нон-стоп ја пуштаа од Калиопи песната Дали ме сакаш или ме посакуваш, абе цело време... И јас на мајка ми така и реков И таа: уште еднаш така да не те слушнам
Ме изнасмеа темата Јас кога сум била мала, кога ќе ни дојделе гости и кога некој ќе посегнал да си земе нешто од маса сум го плескала по рака и сум велела „Не кради“. Многу луѓе сум испозасрамила така додека ме одвикнат
Внука ми ја гледа фотката од свадбата на која што бев, онаа класичната од приемот што се прави и коментира нешто: - Леле како сте се наредиле машко, женско, машко, женско, зошто така? - Па така треба. - А овој у средина кој е? - Тој е младоженецот. - А женката е таа до него? - Која женка?! - Па младоженец - младоженка. Само не изгледа баш младо. Значи останува само женка! - Невеста е тоа бе мило!!! - Невестаааа?! (со најголемо чудење у свет) ќе ме умре детскава искреност
Внука ми пред некој ден беше кај мене и главме некој цртан и прикажаа педобран.И дека она не може да изговори педобран ми вика: -Ќе летаме ние со педеробран!?!??! Кога почнав да се смеам И викам после да,да ќе летаме
Читав све ама ко ова што го слушнав пред некој ден...незнам брат ми како мал имал едно мече ѓаволче и дошла некоја гостинка кај баба ми и овој по некое време земал да ја тепа со ѓаволот по глава да ја мава па ја мава гостинкава. Баба ми му рекла прекини бе зошто правиш така и овој...ама ајде треба да си оди доста седеше досадна ми е еее што убаво така деца...кажи си и гајле ти е
Сум имала 2-3 годинки, и со мајка ми за рака по улица, а пред нас одела некоја така ниска и дебелка жена. И јас целата изненадена и на цел глас : - Леле мамоооооо, колкави газови има оваа И можете да замислите, цела улица зјапа во мајка ми.
Пред некој ден играме нешто као на тема овошје/зеленчук. Одиме прва тема овошје и му велам на малиот ајде кажи ги сите овошја кои ги знеш, и тој почнува да реди....јаболко, круша, јагода.....диња и сега очекувам да каже лубеница а тој молчи и јас велам ,,лубеница,, и тој мртов ладен ,,НЕЕЕЕ, тоа е зеленчук,, и јас целата ,,не бре дете овошје е,,, и така препирајќи се заврши тој со заклучок ,,ти мамо ништо не знаеш,,. И си викам, ајде дете е, ке свати има само 5год. Утредента го земам од градинка и тој пред учителката вели ,, мајка ми, ништо не знае, нели лубеница е зеленчук,, и јас ,, ајде мали ќе си играме пак,, , вртам тема да не ја замараме учителката и таа на мене ,, ама да Цаци, зеленчук е,, и јас целата ???? каков бре зеленчук, што лажете деца и оваа на мене ,,да бе Министерството ни така наложи да предаваме и ја смести во група на тикви лубеницата,,... и почна да ми објаснува и малиот слушаше, слушаше и на крај негов заклучок ,,ееее мамо мамо човекот учи додека е жив,,. Не знаев дали да се смеам и ли да пропадам во земја