Бистра вода - македонска серија [Алфа]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Misskirova, 5 март 2023.

  1. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    14.853
    Пол:
    Женски
    Така де, па и ја па што сум(facepalm)

    Ама и старите автобуси од дедо Ное (ги имаше во Пред дождот) да ги извадат што незнам дали се тркалале воопшто тука за да биде ефектот појак
     
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    43.263
    Пол:
    Женски
    За поздрав и поддршка е секој што се труди и создава нешто кај нас.
    Првата епизода малку монотона и нединамична. Не сфатив многу која е поентата, но сепак е вовед.
    Не ми се допаѓаат сцени со ќутење, непотребни се. Пак ќе речам недостига нешто да те размрда и да те натера да гледаш. Не можам да се поврзам со ликовите и да се соживеам со улогите.
    На позитивна страна ми е тоа што е модерна, исто така и музиката.
    Очекувам дека ќе се подобри наредните епизоди.
     
    На christinnn, Victorian, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека треба да сме многу строги. Македонскиве актери не се до толку смотани да не знаат да глумат ама тоа е, толку се парите, сега реално не може наша серија да е на ниво на нешто што е број еден на нетфликс или не знам, hbo... Немаме ние толкави буџети, можности и најсовремени студија.
    Глумата ми беше океј, освен некои два - три лика.
    Мене па ми се допадна тоа што е малку нединамична, бидејќи денес сѐ што излегува е некако пребрзо, ова е како контраст.
    Ќе видиме понатаму, сакам да верувам дека ќе има добра приказна и ќе се развие интересен заплет.
     
    На Glowy и doll.a им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.966
    Допаѓања:
    187.474
    Проблемот наречен театарски глумци не се за на филм. Или како Павароти кога би пеел штознам, рок.
     
    На zuto и V.N. им се допаѓа ова.
  5. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки
    Нема проблем во театарската глума ми се здосади од глумци и глумици кои личат на здрвени Марии без никакви чувства и реакција како да ги полазило некоја мува и како ништо да не е.

    И кога ќе ги видам како глумат на исечоци од зад сцената при грешки, повторуваат три збора 50 пати додека ја погодат 50 пати додека ја одглумат барем доволно добро да помине на филмот.

    А театарските од три четири пати 4 страни одглумуваат полни со реченици.
     
  6. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Каде може да се погледне првата епизода?
     
  7. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки
    Во сабота на Алфа реприза ќе ја давале.
     
    На macunka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Гледам дека ќе има и можност да го гледаме тие што сме во странство со плаќање. Тоа е добро.

    Тоа е. Мала држава, мал народ, мал пазар. Филмот мора да биде и финансиски рентабилен. Да се плати опрема, глумци, пат и така натаму. Чини пари а каде ќе го пласираш? Колку има Македонија жители? 1 милион така. Освен Скопје и Свети Николе на друго место нема никаде кино за да може да се продадат карти и креаторите на филмот да заработат некој денар. Се е сведено на тешко преживување.

    Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска имаат ист јазик. Си го имаат нати го дај ми го. Функционираат како еден пазар. Плус имаат лојални дијаспори. Овде во странство концерт на српски ѕвезди се собираат ко од шала 5 илјади публика. Слушаат нивна музика,гледаат нивни филмови,бодрат нивни клубови.Сите појаки српски или хрватски фирми што ги има им работат домашни. Наши за за Божиќ се испотепаа во кафана затоа што хармоникашот свирел на друга маса а не кај нив. Ова е вистина. Го кажувам од проста причина што Македонци не даваат шанси на наши филмови,глумци,спортисти,музичари а кога не даваш шанса зашо некој би се мачел и би снимал нешто? Кога нема заработувачка на крајот од денот.

    Има разлика од театарска и филмска глума.Во филмската глума нема театралност туку реализам.Театарски глумци ретко се покажуваат добри во филмови. Друг е пристапот.Ете и Преспав повеќе личи ко театарска претстава отколку како филмска серија.Има една наша многу многу позната глумица во странство.Родена е во Мк но кога била само неколку месеци се преселиле сите во странство. Доаѓала неколку пати во Мкд на кастинзи но ја шутнале, пошто сите глумци во Мк се поврзани како црева и глумат те едни исти во сите серии. Девојчето виде не виде крена раце и тоа е. Не стапна во Мкд веќе никогаш.Гледав нејзино интервју за странска телевизија и ова го кажа баш.

    Тука секако е и комерцијалноста и вкусот на публиката.Турските серии се тежок крш и кич но проаѓаат затоа што народот тука го живее тоа секојдневие и наоаѓа конекција со истите ликови преку својот живот.Се вон таа тематика е осудено на негледаност.
     
    На Victorian, eliesaab и V.N. им се допаѓа ова.
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    8.106
    Серијава е крш.

    Во Скопје само Дебар маало постои очигледно, сите скопјани таму се.

    Жугиќ каде со глумава? Кој збори така во реален живот?
    Прелоши детали, и глумциве воопшто не се соживеани со ликовите што ги глумат.
    Музикава исто типична како и за се што промовираме, мора ли секој пат да е модерен фолк со етно примеси, предосадно и веќе видено.|(

    Вторава епизода никакво дејствие немаше, нешто ситно барем да те заинтересира да ја гледаш наредната.
    (n)
     
  10. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки

    Немам примедби кон музиката сега за сега, но глумата, дијалозите, прегласната музика во однос на говорењето, еден дел од епизодата (втората) тивка некаде на средината одеднаш се зголеми и ми ги пукна ушите, дури почна и звучниците да шуштат.

    Освен главните улоги кои се демек од угледно богато семејство сите други Македонци и мажи и жени се претставени како прости, мутави и неписмени, и ред други работи.

    За глумата на Жуѓиќ може и таа не е крива може дијалогот е таков неприроден, како на пример кога се среќава со братот се очекува само да меле и а од него нема никаква реакција само гледање во сестрата насмевка и климање со глава, многу непријатна ситуација и лошо напишано.
     
  11. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    1.215
    Пол:
    Женски
    Конечно некоја наша серија, мене ми е ок.
    Подобро ова да го гледам отколку турски, шпански серии што од утро до вечер се вртат по нашиве телевизии.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Слабо коментари за серијата. Изгубивте интерес?

    Мене не ми се допаѓа работа на камерите. Некако многу аматерски. Знам дека опрема чини многу пари и целата пост продукција ама веќе кога целиот етер е преплавен со серии мора да одиш со квалитет за да се пробиеш.
     
  13. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки

    Не е се во опремата, има сто пати подобро снимени филмови со полоша опрема, работата е до окото на режисерот, кои кадеи ги одбира, и исто така главниот на камера (и тој режисер се викаше).
     
  14. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки
    Трета епизода многу работи се случија но всушност ништо не се случи работите тапкаат во место ништо не тргна напред.

    Одлична идеја и костур на приказна, реализација нула, не под нулата.
     
  15. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Ми се допаѓа серијава, Јани е врв навистина. Засега е добро, иако се појавуваат премногу нови ликови цело време. Ме интересира симболиката со коловратот, дали и Александар го има на телото? Изгледа дека и Тодор и син му ќе бидат со ќерката на Ника.
     
  16. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки

    Замислата е добра но како е направено, баш и не е добро.
     
  17. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Скапата опрема значи многу но и знаењето да работиш со неа. Многу фактори се во игра тука. Немаме ние многу места каде би снимале. Можеби Охрид и уште 2-3 места и тоа е се. Тешка паланка сме. Со мал пазар,мали финансии и мала заработувачка ова е максиумот. За нешто поголемо треба многу пари и поголем пазар.
     
  18. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Мајката на Дамјан - царица :D Ама и таа со трауми и мрачни тајни. Цело време нови заплети. Мене ми изгледа како Арсен да го има убиено Димитар
     
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    4.325
    Пол:
    Женски
    Може ли негде онлајн да се гледа серијава?
     
  20. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Машки

    https://kinemoe.mk/
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.