Реков аматерско. Што ќе ми е риг кога преминав на ант минер с9 тоест на ''полупрофесионално'' ниво. Парите што ги заработував месечно со ригот, со минерот ги заработубам за една недела и помалку..
Продавам Биткоин и Етер како и ригови, графички карти за рударење. Доколку е некој заинтерсиран нека ме контактира во пп. Доколку админот смета дека е не соодветен постот нека ме упати каде можам да постирам вакво нешто.
И што треба ова да значи? Да не се вложува повќе во биткоин бидејќи некој рандом батка си ги изгубил парите. Па тоа е берза, истото може да ти се случи доколку вложиш и во нафта и во злато и во долар или што и да е. Тој што не вложил во 2012 во биткоин касно му е сега. 2029 ќе биде добра година за биткоин.
Така е Витали, јас сум дури пооптимистична од тебе. Кој ќе чека до 2029, кога чуда може да се случат и догодина:
2012 беше препорачана од доверливо лоби недостапно за секој на интернетов. Следна е 2029, тоест после 17 години. Инаку за поединци може ќе опали и веднаш ако инвестираат, не се знае.
Дали некој може да одвои од своето време и да ми објасни како да се повлече пари од Биткоин? Во порака или пак тука, фала
Неможе во Македонија. Во Хрватска знам од сигурни извори дека може од биткоин да префрлиш на дебитна картичка.
Што мислите добро ли е време да се вложи во етериум? Некако прогнозите беа добри за оваа година, а она излезе катастрофална за криптовалутите. Читав доста имаат као добри прогнози за 2019, ама некако не ми верно.
https://region.mk/илон-маск-го-вивн...xPc1r6S6sfFDVgwNjcRWOJdpl0wkv098nNFbSraB7Few4 Го зачешало некое ребро бате Ило, па му тури краста на цел свет! Купил биткоини во вредност од милијарда ипол долари, и најавил дека производите на „Тесла“ ќе може да се пазарат и со нив?! Биткоинов, (ама и други крипто валути) повторно доживува „феникс“ феномен, сите се турени на мисла - ќе бидне нешто од ова или сепак не? @Vitaly беше мошне оптимистичен за овие нови предизвици, може бил многу подалекувиден од мнозинството крипто - скептични „реалисти“, ама знам дека нема да може ништо да каже, бидејќи го банираа трајно, нели? Од друга страна, на прашањето дали инвестирањето во крипто е паметна инвестиција, сите различно размислуваат, а размислил и одговорил и Иван: Па сега што знам што да се каже, збунка сум. Кој гледа подалеку?
Здраво доколку не е за тука избришете. Би сакала да започнам со биткоинт може на најпрост начин некој да објасни како стартно да започнам или линк за почетници ?
Биткоин не е работа па да почнеш да работиш од дома, ниту е лекција за да некој може да ти раскаже во кратки црти. Посебно сега, кога вредноста е толку голема, што не можеш ни да купиш еден, камоли да тргуваш со нив. Вака лаички, треба да имаш многу јаки графички картици на повеќе копмјутери (еден не врши работа) кои ќе “ти копаат“ фрагменти од биткоин. За ова се троши многу електрична енергија, треба време и трпение. За да тргуваш со биткоин, треба да купиш, а како што спомнав сега цената е рекордно висока, или веќе да имаш купено, за да тргуваш со нив. Оние што уште пред 10тина години купија по ниски цени, сега тријат раце. Сега е попаметно да се купуваат други криптовалути, кои можеби (под знак прашалник) ќе добијат на вредност во иднина. Ама сепак, за ова треба доста читање и информирање.
Jas zapocnuvam so PI ponova brzorastecka koj saka neka me kontaktira za podetalni informacii ? Srekno