Битола ми буди многу убави спомени,затоа што секогаш сум си поминувала убаво,без промашај.Го немам прошетано убаво цел град,ама она што го имам видено ми се свиѓа.Град со широка историја и многу културно наследство.Само единствено што ми пречи дека во зима е проклето ладно...ќе речете секаде е ладно,ама не се споредува со ова.Јас барем избегнувам да одам во зима Она пиење кафиња на широк сокак и оговарање ама ич не ми пречи и ич не ми чуе...знам дека самите битолчани ги нервира тоа,ама јас ваљда пошто не сум таму секој ден,не ги ни забележувам.Си седнувам си пијам кафе,нормално облечена...и не се замарам дали некој гледал или зборел да сум таму подолго време може и ќе наоѓам замерки. Има и таму повеќе убави места за јадење (аман веќе со јадењава во сите теми ги спомнав ) Најсмешно ми беше тоа трката со штикли по широк сокак Што бидна со тоа,се одржува ли уште традиционално?
ја би се тркала на штикли .. и веројатно би ме барале доле под плочките на широк сокак .. алал нека им е на девојките кои учествуваат
Битола е една и единствена. Zlatusko навистина си се потрудила да ја опишеш Битола во нејзиното вистинско светло (мислам 2 страни претходно) Битола прекрасна си, те обожавам!
Ахх да, и јас си ја сакам Битола, си го сакам чистиот воздух, пивката вода, убавиот Широк Сокак, Пелистер ..Убавата зимска идила.. Абе свеее си сакам, само ладниот развлечен битолско кабадајски дијалект не ми фали дури кога ке го слушнам ужасно ме нервира.
Напротив не мислам дека ги развлекуваме зборовите ама можи и да е до мене, сепак мислам дека повеќе кратиме од зборовите додека зборуваме најпрост пример "шо прајш" Во ред си е во Битола ама многу е ладно сега па и како се лизга пред некој ден пред да влезам во такси прерадосна што не сум паднала пред таксистот, си се спружив целата пред врата и си станав и цела црвена во образите си влегвам како ништо да не било А за тоа оговарање кога поминуваш низ Широк Сокак неможе а да не го има ама јас веќе си се навикнав, не сум од оние што седат на кафе и зборуваат за секој што врви, немаат попаметна работа па си ги лечат комплексите со други луѓе. Тоа само не ме бендисува за Битола a се друго ми е супер
Дефинитивно рушиме рекорди со студеното време,а само ние битолчани си знајме како е да се функционира на -26 Пред малку бев до маркет и ужасно е ладно,можам само да замислам како ќе биде вечерва. Ваквиот јак студ во зима е нешто што навистина најмногу не "тепа" . За зборувањето и јас мислам дека неможе генерално за сите да се каже дека развлекуваме зборови,јас барем имам таков впечаток од луѓето со кои комуницирам,не се сите со исто однесување,како што е впрочем и во секој друг град.
За мене Битола има посебно значење... Добро се осеќам таму... Од одењето во театар, до јадењето пица во Буре... Се тоа има некое значење, некоја приказна... Но дечково добро опишал еден дел од населението таму...Чест на исклучоци, кои ги има и на форумов и кои лично ги познавам http://www.youtube.com/watch?v=dFAL1WtPyR8
Битолчанки , во план ми е да ви дојдам на гости ден-два . Онака за шопинг .Кажете ми каде да видам некое фустанче до 1000 максимум. Онака за излегување, не свечено. А балетанки каде ? Со два збора каде и дали има попусти во Битола да не идам џабе...
Во Битола имам идено како мала на ескурзија. Еднаш преклани на аеромитинг ама не шетавме. И еднаш сега летово до касарната на стрелиште, ама и тогаш не шетав. ...така да неможам да кажам ништо конкретно.
http://www.youtube.com/watch?v=Ne1kiCNVysc Битола е еден од моите омилени градови во нашава земја,а и слободно можам да кажам дека ми е омилен. Многу ми е убав градот,си има своја приказна.Стварно немам зборови. Шеткањето по Широк Сокак,многу многу убав град ми е!
Битола мој роден крај Таму сум родена,ама не живеам таму.Иако од мала одам таму на поседок кај фамилија.Многу ја сакам Битола,ја чуствувам како мој град како да живеам таму